Како мала никогаш не сум ги сакала мачките до пред три месеца кога син ми си донесе дома едно малечко маченце и го оставивме ради него мало беше ама многу диво само бегаше го пуштав и во двор ептен диво гледаше да избега и секако избега....сега повторно имаме една голема мачка преубава е едно питомо срценце инаку често сум со главоболки искрено да кажам како мачкава да ме смируе само шо ке ми легне у скут ...сакав да прашам како да ја избањам сака да спие на кревет ама некако шубе ми е небањата а голема е само гребе коа ке ја однесам во веце и многу влакна и испагаат
Стави ја прво во када и заиграј ја со нешто или дај и’ храна. Ќе се смири и почни полека со топла вода да ја потураш (од крајот на опашот па натаму). Мојата мачка со оваа процедура почна да ужива во водата, а предходно имаше траума од вода. За митарењето, купи мал фурминатор. Те советувам да нарачаш од али експрес зошто се за 1000 денари поефтини таму. Го отстранува подкрзното и мачката не се митари. Јас не ја чешлам мојата мачка со фурминатор зошто не сака често да влегува дома, а кога ќе влезе си лежи на тепих. Кучето- да зошто сака со нас да биде повеќе. А, дека е хипоалергично и не се митари колку обичните кучиња, со фурминаторот воопшто не се митари.
Успеав да ја избањам мачката фала многу но за жал и си ја пронајдоа сопствениците ја чувавме околу 2 недели и на крај ни ја земаа ... деновиве ке си земеме ново од заштита на животните барем прочистена и вакцинирана ...
Незнам дали прашувам во соодветна тема.. Каде можам да најдам(да купам) египетска мачка(egyptian mau)? Добро ќе ми дојдат и информации окoлу цената
Можеш да набавиш, ама скапо ќе те кошта... не знам дали има во одгледувачниците во државиве во близина... ама во Македонија нема таква мачка колку што знам...
Итно ми е потребна помош околу стекнување на хигиенски навики на мачка! Значи луѓе живеам во стан и чувам маче, но кога ќе му дојде потреба за да оди да врши нужда постојано и ја отвараме надворешната врата да се симне долу да си ги изврши потребите бидејќи не сака во стан. Денес и купив песок и ставив малку во едно тафче, ама само го исфрли надвор не сакаше да моча во него и почна да мјаука гребе беснее за на крај да мора да и ја отворам вратата да си ја изврши потребата надвор. Неколкупати ја вратив кај песокта во тераса, копав со нејзините нозе ама не сака и не сака. Само ја исфрла песокта надвор и не уринува. Значи мачево е старо 5-6 месеци не е веќе толку мала, ама не знам како да ја навикнам а притоа да не збеснува за да мора да ја пуштам надвор. Ве молам помош!
И мене ми е... Кога сакав да нбавам Папилон куче, секаде побарав и не најдов, па на крај емав Ердел териер... а и не се сигурни повеќето одглеуваници во странство, така да размисли што ти е подобро: да вдомош маче или да купиш од одгледувачница каде што не е гарантирано здравје на тоа маче.. твој избор е, не се сите одгледувачници со болни животни.. ти кажувам само колку да си имаш до знаење. П.С. Побарај на купимиленик.мк, таму мислам дека увезуваат миленици, ама кога им побарав Папилон ништо не ми одговорија.
Пробај да и ја пикнеш муцката во песокот за да намириса, јас мојов мачор така го научив. Исто на почетокот си играше во песокот и кога приметив дека има потреба го ставив во кутијата му ја пикнав муцката во песокот и го држев дури не заврши работа. После тоа сам одеше без проблем. Пробај па кажи дали ќе успееш
Мојава мачка во последно време се понаша одвреме навреме ко потресена. Ќе застане со таков испаничен поглед, крцка со забите и со едната шепа се притресува напред назад онака ко робот. Ако ме сфаќате. Незнам шо и е, ваљда ништо сериозно ама јас да си прашам.
Јас чувам со години мачки еве сега моментално чувам 4 мачки поточно 2 мачори 1 мачка и 1 маче едниот мачор татко ми кога оди и се враќа со колата од некаде мачорот одма прв да го дочека хаха рипа по колата и ногу ногу се гали а тоа едното па мило е ама за галење и не е баш недава ногу да го галеш...
јас иам маче од пред еден месец, и сеа проблемот е тоа шо неќе да врши нужда у песокот, нема шанси да се научи, пробав да ја ставам по неколку пати у ден у песокот, џабе, пробав да и го пикнам носето да помириса, пак џабе, значи чист е, го менувам, во голема специјална за песок е, не сфаќам кој е проблемот, само прави бељи насекаде...
Девојки ај хелп Мачор имам персиски стар е 8 месеци. Последниве два дена нешто ми е како збунат, скоро цело време спие, а и слабо јаде. Претходно исто беше ваков ама тогаш имаше течна столица ( сега нема најнормална му е) и исто тогаш можеше да го погалиш сега не остава. пробав да го кренам не се пушта од местото каде спие... Денес као поарен беше сабајлината трчаше низ дворот сега пак е кома На ветеринар секако ќе го носам, ама пак кога и да го носам му мерат температура(знаете како) па имаме после тоа проблем некој совет? А да ќе заборавев вчера поврати желудочна киселина...
Јас мојата ја научив за 3 дена, ама треба упорност дефинитивно. Стави и го песокот онаму каде што најчесто сака да врши нужда, моево маче секогаш се пикаше у ќош и таму и го ставив и песокот. Исто мачките не сакаат кога песокот за нужда им е до блиску до чинивчето со храна, така да ако е и ова случај кај тебе тргни го. Биди упорна, кога тогаш ќе се научи.
епа знам, и тоа и пробав, но таа отиде на друго место да врши нужда, а воопшто не и е блиску до храната.. три дена ајде али оваа веќе месец ипол бе ја учам шо мачка ќе бешеее..
Јас прв пат имам вакво искуство со мачка.Значи моментално чувам три мачки, едната е мајка и две деца, кои се посебни генерации.Е сега мајката и најмалото маче се однесуваат сосема нормално, сакаат да се галат, да си играат, предат, а поголемото маче, кое патем има 9 месеци, почна да ми се однесува чудно.Воопшто не сака да се гали, бега од сите дома, нејќе ниту да го чешкаш, дигаш во раце, не преде, едноставно стана диво, а не беше вакво.Инаку никој го нема тепано или слично за да има вакво однесување, само по себе почна да бега од сите.Не знам како да се однесувам со него навистина, не знам како да го припитомам пак.
Конечно се научи да врши нужда таму каде е потребно. Но, затоа сега имаме нов проблем! Од завчера откако ја прибрав дома и престанав да и ја отварам надворешната врата за да излегува од станот, забележувам дека нон стоп стои до прозорецот на мојата соба и гледа надвор. Затоа прееска ја однесов малку да си поигра да се смири бидејќи очигледно му пречи да биде во затворен простор. Ама проблемот е во тоа што не можам постојано и не знам како да ја навикнам да не станува во 6 часот наутро да мјаука, јаде и гребе!? Пошто напорна е, а мене ми се спие тој период. Башка подоцна легнувам, накај 1 саатот по полноќ... И како да ја научам да спие на друго место во станот а не само во мојот кревет? Навистина мора да признаам дека чувањето мачка е тешка задача со која едвај се справувам. Не знам дали ќе и се променат навиките, затоа ве молам за помош!
Моето мачорче направи беља. Значи си има специјално место за вршење нужда со песок, арно ама истото стои на балкон ради одржување хигиена во домот. Досега секојпат кога му се одеше мјаукаше а ние му ја отваравме вратата за да излезе. Но, овојпат не беше така. Моите беа во дневна, а јас во соба, додека мачорот буквално изврши голема нужда во лабаво! Освен тоа, дури и пред да излезам од кујната некако чудно ме гледаше, имав чувство дека ќе направи глупост, а тоа и се случи. Меѓутоа, она што мене конкретно ме интересира е причината за ваквото негово поведение? Многу пати се случува да изврши голема нужда и на чергичињата во кујната. Дајте ми совет каде да ја ставам кутијата со песок и како да го натерам да не ја расфрла со нозете, бидејќи прави навистина голем неред? Дали е препорачливо да се купи подлабока кутија, легенче?
^ Не мора да значи дека се работи за тоа, но, често пати домашните мачки кога сакаат да покажат дека им фали внимание знаат да направат беља од тој тип. Сега читам и дека местото каде треба да врши нужда, не ми личи на соодветно. Не те советувале ама ич другиве членки, „тафче“ не врши работа, тоа е како ти да треба да го правиш тоа во ѓезве. Океј, ќе заврши работа коа се нема, ама шоља е насушна работа. Мораш да најдеш леген, длабок доволно за да има доволно простор за да ставиш и доволно песок во него. Во продавници за миленичиња се продава песок, па не мора да бараш градилишта низ градот, плус тој песок што се продава е убав, ситен и не се згрутчува толку лесно како обичен градски песок или земја, а тоа е многу важно. Многу важно е и да се чисти редовно, зашто мачките особено не сакаат нехигиенски „тоалет“. Ова може и да е причина зошто повредено оди каде што му е местото, а повремено баш и не му се оди таму. Исто така, мачката има чудесен биоритам и тотално нејасни сфаќања за тоа што ѝ се допаѓа, а што не. Никој, никогаш не издресирал мачка да спие кога дресерот сака. Ако сакаш да спиеш во 6, ќе мора да ја затвориш вратата од својата соба, а мачорчето да биде од надворешната страна. И не се грижи за неговите чувства, зашто ако му дозволиш да те манипулира, збогувај се со своите чувства.
@Valerin како што погоре напишав имав и јас проблем со тоа што каде стигнуваше таму вршеше нужда а во купатило имаше убав леген, специјален, со песок.. јас најпрво се обидов како што и сите, бутни и го носето, да осети да не знам што, значи нема врска не фунцонираше.. и реков ајде ќе го сменам песокот, купив од кам, и таа самата уште дента кога го ставив новиот почна таму да оди.. мора после секоја нужда да се чисти, исто така и барем еднаш месечно цел леген да се чисти и скроз нов песок да се става.. мојов е подлабок али секогаш кога оди по нужда гребе со ноџињата и по малку расфрла, тоа не можеш да го смениш..и треба да биде на некое достапно место цело време, бидејќи кога нема никој дома, таа не може да излезе на балкон по нужда затоа и вака прави, си обележува територија, ти кажува дека и смета тоа.. инаку и мојата спие со мене во кревет и ме буди абе у 6 у 8 у 10 како ќе и дојде.. едноставно ако многу мјаука и отварам врата и си оди.. има куќичка но нејќе ни да чуе да влезе во неа.. првиот месец додека се уште не ми беше вакцинирана, кога ќе се успиеше гледав да ја покријам со ќебенце и да ја изнесам така во ходник кај куќичката и не се бунеше.. сакаат се да знаат, да видат, да помирисаат да пробаат, зависи од тебе колку ќе и дозволиш. мојата јас ја гледам како дел од семејството, нормално знам да ја скарам по малку, но и она си го знае своето место, не се качува ни по маси, ни скока високо низ куќа.. си трчка, си игра, се закача со сите, кој и да дојде го гњави, не гребе нити некогаш гребела, знае да гризне понекогаш, но ако нешто не и е како што сака, или ако ја гњави некој. обиди се да ја научиш, да видиш што сака, што не, да и го знаеш секој потег и така веќе полесно ќе ти биде..