@Captain-Omni @kjukli По се изгледа не бев доволно разбрана... Значи, јас веќе го научив да врши нужда надвор на тераса, а кога сме излезени нормално внатре му го ставаме и таму си врши работа. Често немаме проблем, само одвреме навреме се случува така да направи лом каде не треба. Патем, живеам во стан и немам услови да го пуштам надвор зошто живеам најгоре, а башка до нас е одма огромна улица, и таму сите претходни мачки ни ги изгазија. Внатре пак, не можам да го ставам песокот од причина што е нехигиенски, и тешко се чисти. Инаку, песокот си стои во длабоко четвртасто легенче таман големо колку него. Еве, дури размислувавме да му купиме и поголемо. Мое мислење околу ваквото однесување е поради често преместување на легенчето. Де на една тераса де на друга, па веројатно малку изгуби ориентација каде треба да оди па затоа вакви бељи...За внимание, му е обрнато и повеќе од што треба. Го галиме, играме со него и слично, така да тука нема апсолутно никаков проблем, бидејќи по цел ден сме со него. Патем, не го вакцинираме бидејќи јас сум против вакцините и ве уверувам дека животниот век нема да му се скрати на животното ако не го правите тоа, и нема да фати некоја болештина од која најчесто стравуваат оние кои чуваат милениче. Бидејќи животните имаат тенденција да си градат имунитет по природен пат така да нема потреба од дополнителни интервенции на тој план. Освен кога се болви во прашање, тука мора да се реагира со време. Инаку Омни, песокот редовно го чистиме и секако дека купуваме од pet shop или макркети. Башка, не е дека ми е сега земен мачоров па да сум неискусна, веќе три месеци го чуваме, (а и голем е веќе скоро има година), и онака прашав што би можела да биде причината. Сепак, ви благодарам на одговорите.
@Valerin и јас го имав овој проблем со мојот мачор, ама тоа беше кога имаше 4, 5 месеци. Прилично мал беше. Кога ќе му текне си оди каде што треба, кога ќе му текне било каде. Не сум тешка колку пати имам рибано, перено... Уф. Баш тогаш на сите дома им текнуваше дека мачето е моја сопственост и одма бегаа. Мислев дека се работи и кај тебе за помало маче, ама ме збуни сега зашто велиш дека твојот има скоро една година. Чудно е за мачор од една година да прави вакви работи. Ама мислам дека проблемот е во тоа што пред вие да го чувате, сигурно бил навикнат да си оди надвор, а сега е внатре и е збунет. Јас мислам дека тоа е проблемот. Голем сте го земале. Мачките и онака по природа се диви животни, и од мало да го чуваш дома, пак инстинктот ги тера да излезат надвор, да прошетаат, а не пак веќе голем мачор кој сигурно е навикнат да излегува, да шета. Сигурно ќе се навикне ама сега мора трпение, мора да го пазиш. Период е.
Да не ви е е лут нешто? Јас имав ист таков проблем со една мачка, кога и да се деревме, било меѓусебе или на неа, ќе се скриеше зад печка, зад кревет или под столица и таму правеше беља.
Здраво дечки. Имам маче на кое вчера ветеринарот мораше да му ја ампутира предната нога. Дали сте имале слично искуство? Би била благодарна ако можам да добијам некој совет за како да го негувам и како да му помогнам да се навикне на новнастанатата ситуација.
Ок.. Февруар е на врата, ама мачкава моја почна од сеа да збеснува. Работата е шо нејќам да ја парам сеа, а и нема ни година.. Имам и претходно напоменато, од првиот момент кога ја зимав, со првото покажување на песокот си сфати дека тоа е нејзин тоалет и ниту еднаш.. значи ниту еднаш не ми напраила беља некаде низ дома. Се до денеска кога ми се измочка на ѕид.. дали тоа има некоја врска со потребата за парење што ја има сеа? Зошто само шета навака натака ко шашава и мјаука.. Колку време ова би траело и што да напраам за да го поминеме полесно периодов?
Кастрација Јованти. Единственото најдобро решение е тоа. Башка и моето мачорче нема направено ни годинка, а се ближи Фебруари и само ги боцкам моите да го однесеме да го средат. Ем помирен ќе биде, ем нас мирна глава. Бидејќи кога им е ускратен нагонот се многу по сталожени и мирни. Вака беснеат. Башка мачињата кои ќе ги роди твојата мачка (ако е женка), ги чека лоша судбина ако не бидат дадени. Или ќе ги прегази кола или ќе ги отрујат, трето нема. Ова башка од искуство ти го кажувам како човек кој чувал милион мачки во текот на животот.
Знам Valerin..знам дека тоа е најдобро и тоа е во план. Значи јас се консултирав со ветеринарот и тој ме советуваше пред да ја стерилизираме дека било добро еднаш да роди. Работата е што ја нејкам да ја парам сеа, мала ми се чини. Мислев барем наредната сезона кога ќе ја фати криза ќе биде таман.. а и зедов мачка место мачор затоа шо скоро сите ме советуваа дека полесно се излагало на крај дома со женско отколку машко.. ама оваа мојава као машки хормони да има изглеа.. не можам да и дозволам да ми мочка насекаде низ дома.. и сеа не знам што да праам..
Живееш во стан или куќа? Ако живееш во куќа пуштај ја во двор кога ќе и доаѓа потреба ама ограничи и го излезот ако можеш некако. Занимавај ја со топчиња, ластици и слично. Ако и тоа не помага, најдобра опција е да ја однесеш на стерилизација. Е сега, во случај да живееш во стан, не гледам некоја паметна солуција. Патем, имам и јас мачорче, старо околу 6-7 месеци од прилика и страв ме фаќа да не почне да му се појавува нагонот сега во фебруари зошто не сакам да го кастрирам, рано му е некако, и се плашам да не има некакви последици после при уринирање и сл.
Во куќа живеам, иам голема градина и не можам да и го ограничам движењето таму, ама и не сакам да ја пуштам надвор, додуша ни сама не излага. Од причина што истово ми го рекоа и за претходната мачка, и кога ја пуштив ја немаше 3 дена и кога се врати, беше.. па не знам шо и се дешавало..да речам истрауматизирана, болна, ладна, не реагираше, беше недела не можев да најдам ветеринар и ми умре. Ја занимавам цело време, ја терам да рипа да ја изморам, во нормална ситуација после тоа спие со саати а сеа не, сеа само шета навака-натака и мјаука. Треба да спремам испити и ќе неам толку време да и посветувам. Ако не се смири деновиве, стерилизација не и бега. И ја мислам дека твоето е мало за кастрација ама најубаво консултирај ветеринар. Околу уринирањето не верувам дека би имало проблем зашо имам другари шо чуваат мачори, кастрирани им се и никад не се пожалиле околу уринирањето, туку само дека станале помрзливи и се здебелиле, ама се може да се контролира. Доволно игра и доволно потребно количество храна во денот и се е ок.
Истото го правам и јас Јованти. Го чувам дома во стан. Бара многу надвор ама не го пуштам. Во 4, во 7, во 10 ме буди, игра постојано ама тоа е. И да, ќе се консултирам со ветеринар. Ти со својот пост ми го вклучи црвениот аларм дека е време да ги свртам тие неколку броеви за да се распрашам во клиника.
Го пишав мислењево и во друга тема, ама ќе го пишам и тука, итно ми е некој да го види. Мачето ми го удрила кола.Го забележав пред 20-тина минути дека само лежи и не сака да стане, кога го викав стана и почна да ја влече ногата, која што изгледа му е скршена.Веднаш се јавивме на ветеринар и ни советува само да мирува, но ветеринарот може дури во 6 часот, а други ветеринари не ни се јавуваат.Не знаеме што да му правиме на мачево, лежи само изгледа многу го боли, не сака ништо да јаде, преплашено е.Не знам какви превентивни мерки да превземеме додека да го однесеме на ветеринар..Има ли некој со слично искуство?
Доцна го гледам постов и многу ми е жал... Искрено се надевам дека сепак сте успеале да му го спасите животот на мачето и дека е подобро. Пиши ако си во можност.
Имам во план да си земам мачка Ангорка.Е сега,освен што изгледаат прецакано и ти доаѓа да ги изедеш.Може ли да ми кажете повеќе за нив и за нивното одржување?
Мачето има скршена нога и бутче и внатрешно крварење.Во понеделникот му го оперираа ноџето, и сега му е во лонгета.Исплашено е многу, од неделата ништо нема јадено, само течно му даваме млекце, супа, а на ветеринар и инфузија му даваа, витамини и железо.Многу изгледа жално, постојано пробува да стане а не може, и се влече како риба на суво.Ама мислам и се надевам дека ќе биде подобро Само највеќе се нервирам што не сака да јаде, ветеринарот ни кажа дека од анестезијата ќе му биде така неколку дена, ама пак ме загрижува... Според мене нема некоја посебна разлика во нивното одржување од обичните мачки, освен тоа што се премногу бушави, рунтави и влакнести.Многу им паѓаат влакната, посебно во период на митарење, и по цели топчиња тутки им паѓаат, и треба почесто да се чешлаат и негуваат.Инаку сите ангорки мачки што ги имам чувано се многу друштвени, и ептен сакаат да се галат, и обожаваат да спијат, знаат да бидат големи мрзи
јас чувам ангорка цела белааа, преслатка е, се уште е малечка, но многу сака да се гали да игра, да се дружи, јас кога и да си легнам во кревет она оп со мене, се њушка насекаде, радознала е, не би ја менувала за ниедна друга мачка
Дечки веке 2 дена ми го нема мачорот,мислите ми отишол по женси? Прв пат ми е ова да ми го снема а не му прв февруари, додека беше дома само се врткаше ко мува без глава по соби.. несакам да останам и без уште едно маче
Ако се врати, кастрирајте го (ако е над 1 година). Јас сите мачори што ги чував, бегаа по мачки и се враќаа искасапени од други мачори...
Кај можам да најдам овакво нешто за мачката?? Не мора исто да е, туку од овој тип нешто.. и која им е цената од прилика?!
За жал битката да преживее мачето ја изгубивме...Не можам да се совземам цел ден од плачење.Мачето беше подобро после ова што го пишав почна да јаде, да пие, почна и да оди со скршеното ноџе, трчаше, скокаше, радосно беше, од 15-ти Јануари се до вторников сабајлето беше одлично,но од тогаш почна да повраќа, го однесовме на доктор, му дадоа инфузија беше подобро, но не сакаше ништо да јаде.Вчера попладнето измокри и крв, веднаш го однесовме на ветеринар, примаше лекови, инфузија, шеќер, ама веројатно имало инфекција, плус беше маче од четири месеци, а преслабо и подлегна на внатрешните повреди... Многу боли да се изгуби миленик, сите дома бевме приврзани со него, со нас беше постојано, спиеше со нас, јадеше со нас, и сега го нема...Сите го преплакавме, ама џабе така му било пишано.Малку ми е полесно што направивме се што можевме...Во секој случај, тешко е...
чувам мачка (мајка) и мачор (син), до пред некое време почнаа да прават бељи т.е да вршат нужда под скали место каде што малку е потешко за чистење и друга работа мачорот оти сега му е време за парење се живо диво моча по дома , чевли, дипличиња знам дека си обележува територија ама веќе не се трпи татко ми кажува два дена иде дома ќе се најаде , напие и ќе се измоча. Некој ако знае како да ги одвикнам ?