Може ли да ве замолам за совет? Имам две мачки, мајка 3,5 години, и синче 1,5 година. Ич ама ич не се сакаат. Ги земавле кога малото моче беше 3 месеци. Пред една година мислевме, и не советуваа дека тоа е најверојатно начинот на кој мајката го "отфрла" мачето за да биде самостојно. Ама сеуште не можат да се поднесат. Доволно е само да поминат едно покрај друго и да се затепаат. Не си играат заедно. Најблиску што доаѓаат едно до друго е кога јадат од дупло тањирче. Имате ли совет како да ги спријателам, или барем да ги истренирам да не се тепаат? Од тоа што читам на интернет, мачки не се спријателувале лесно и најдобро е да им се даде простор и на двете да си бидат сами. А мене ми е жал, баш ги земавме и двете за да си бидат другарчиња. Секој совед е добредојден. Фала ви однапред!
Ме потсети на емисијата "My cat from hell". Не знам дали ја имаш гледано, тоа е емисија на дресерот за мачки Jackson Galaxy, често го бараат семејства со вакви проблеми. На youtube имаш цели епизоди, разгледај ги, има многу корисни совети. Еве ти едно кратко видео за проблем како твојот (се надевам разбираш Англиски).
Доколку некогаш дојдете до информација дека треба да се вдоми персиско или сијамско маче, обавезно обратете ми се во лп. Еднаш имав чувано персиска мачка но ми избега и 100 евра дадов за џабе. По можност да се дава не да се продава..
Сијамско или персиско маче не се подарува во Македонија тек така. А, што, и да купиш, и да не избега, и да умре од природна смрт, пак си фрлала пари зашто мачето умрело. Ако веќе ги цениш парите повеќе од живо суштество, вдоми нерасно маче, нема да фрлаш пари за бадијала.
Е баш се ПОДАРУВАШЕ пред некое време само не го земав затоа што немав услови. А околу ценењето човечки живот vs пари мислам дека нема потреба да осудуваш бидејќи не ја знаеш мојата финансиска состојба. Животни отсекогаш сум сакала и имам дома нерасно маче но сакам да земам уште едно расно(персиско или сијамско). Затоа и го пишав постот, доколку некој ЗНАЕ дали се подарува нека ми пише. Поздрав.
Каде спомнав човечки живот, жити се? И што е различно кај расните мачки од нерасните, освен во изгледот? Ако ти е само до изгледот, тогаш навистина СИ материјалист. Ако не си во добра финансииска состојба зошто тогаш не вдомиш било какво маче?
Ти реков дека веќе имам вдомено нерасно маче. Понатаму не би да ти дискутирам тебе дали сум материјалист или не. Знам јас најубаво што сум. Тука би го завршила муабетот бидејќи не би сакала да забегувам од темата.
Јас не спомнав ништо за твојата нерасна мачка, зошто толку инсистираш за расно маче? Што има различно меѓу расни и нерасни животни?
Премногу сакам мачиња ама не чувам често сме отсутни и тоа е причината...а толку многу сакам идам по улица и ко луда зборам со мачкиве по пат и само се надевам дека ќе налетам на некое питомо за да го погалам. Знам дека кога ќе си имам сопствен дом ќе чувам најмалку 15 за да надокнадам за ова сега што немам.
Како што знам јас ти имаш расно куче, така? Зошто не зема куче од улица, што даде 400-500 евра на расно? Како што ти си сакала да си имаш расно, можеби и она сака само што не може да си го дозволи со оглед на тоа дека веќе дала многу пари за едно кое што ете, за несреќа избегало. Не те гледам како соодветна да и велиш на неа да земе маче што е улично кога и ти самата имаш купено расно.
Јас да можев, ќе земев, но во куќата има човек алергичен на кучешки влакна, а Ерделите се хипоалергични, па се одлучивме да не ризикуваме и да земеме куче што е хипоалергично. Јас напоредно и прибирам фрлени мачиња и кутриња, но ги чувам подалеку од членот (се разбира, привремено). А, и колку што сум информирана ни сијамските, ни персиските мачки не се хипоалергични. Единствена разлика меѓу нерасна мачка и персиика е тоа дека персиските мачки имаат повеќе здравствени проблеми.
Тоа е друга страна на приказната, нели секој си има свои мотиви, јас само знам дека ти имаше напишано дека многу сакаш такво куче и дека самата штедиш за него долго, што значи дека освен алергијата си имала и друга лично твоја причина. Можеби девојчето сакала од мала да чува таква мачка, секој си има своја причина. Не сум против вдомување на улични мачки, и јас самата хранам неколку, ама сметам дека не треба да се напаѓа некој што сака расно. Едноставно тоа е лична желба, и секој ќе се стреми да ја оствари па макар и на овој начин, се додека не преминува некои одредени морални граници.
Не си прочитала точно. Никогаш не очекував да ја земам расава, и што има врска штедење со купување на куче. Пред да се дијагностоцира алергијата, сакав да купам Папилон (мислам, од авион се гледа) зошто се ретки и необични кучиња, но кога видов дека нема некој што набавува Папилони до тука, се мислев за мешанче да земам. Ма да ако земев мешанче, ќе вложев повеќе од заштедените пари за него, но се појави алергијата, па почнавме да бараме хипоалергично куче. Ако се има услови за улично милениче, тогаш зошто да не се земе? Пред повеќе од година најдов мажјаче кутре од улица. Баш се сеќавам, накај Декември беше. Го крстив Феликс, не знам дали си го видела, но го постирав тука. Со моите имавме во план да го задржиме, но потоа дознавме дека ќе биде над 60 цм и моравме да го дадеме... Како и да е, мислам дека ме сфати, јас сакам било каков вид на животно, сум чувала и кокошка како миленик, затоа, ме чуди како луѓево бараат расни мачки за подарок кога милион други мачиња кои доживеале нечовечност сонуваат за дом. Меѓу нив беше мојата мачка, сега стара 7 години. (Ја вдомив кога имаше само месец)
ние си вдомивме маче повредено на улица т.е. згазено од кола на кое за жал му ја ампутираа предната нога и сега си го чуваме дома и ги има сите права на рамноправен член на нашата фамилија и многу е размазено
Кога треба да добие менструација мачка? Сум слушнала, но недослушнала.. Еве мојава влегува во 7ми месец, па би сакала да знам однапред, пред да направи беља..
Не се приметува кај мачките толку лесно како кај кучињата. Мачките многу почесто се лижат, а помалку им тече. Затоа ако забележиш дека се лиже цело време, добиено има.
Значи нема да направи беља низ дома? Од тоа ми е најголем страв бидејќи мајка ми е малку нервозна околу неа..