1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Општи прашања

    Се согласувам со тинкербел, и моите се упорни кога ќе наумат вакво нешто. Некаде читав дека можело да се стават мали кактуси или цвеќиња со мирис кои мачките не го поднесуваат за да се избркаат ама не знам колку е ефикасно. Ние сменивме цвеќиња, тоа кажува кој е газда во куќа. |(
     
  2. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Си ги чувам Еми, Цлцката мила и Бела :inlove: :inlove:
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Лелееее, мачињата ги обожавам повеќе од се на светоооов :inlove: :inlove:

    Имам 3 мачиња и една мачка.. Еве некои сликиња од мачиња:
     

    Прикачени фајлови:

    • mac.jpg
      mac.jpg
      Големина на фајлот:
      18,2 KB
      Прегледи:
      319
    • mac2.jpg
      mac2.jpg
      Големина на фајлот:
      121,3 KB
      Прегледи:
      319
    • mac3.jpg
      mac3.jpg
      Големина на фајлот:
      128,9 KB
      Прегледи:
      319
  4. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Израсната сум со мачки и хрчаци,ама мачкиве секоја ми се врежала во срце.Толку многу ги сакам бе,а па ангорчињана уф да ги фатиш да ги изгмечиш,срциња мали :lol:
     
  5. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Ми донесоа мачка да се пари со мојот мачор , постојано се затворени сами ама незнам дали се спариле како да познаам има ли некој искуство .Мачкава е малку дива... ако има некој искуство нека каже ... поззз
     
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    1. Во Џамбо има најразни играчки за миленици, а со catnip баш не знам.. :?:
    2. Инаку, или за едното или за другото.. Цвеќе и маче не одат заедно.. :geek:
     
  7. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Имам едно срцко маченце. Абе најмногу си го сакам :inlove:
     
  8. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    И јас имам едно абе најголем инат што може да постои како ќе си намисли така мора да биде али највише ја сакам :inlove:
     
  9. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Од мале4ка па до денес имам поминато да не претерам но едно 30тина ма4иња.А сега си ја имам мојата МАРИНА срцки4ка дебелка ми е она..мн си ја сакаааамммм :inlove: :inlove:
     
  10. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Подобар домашен миленик од мало мекано маченце,кое се гали по цел ден-нема! Толку се мили, уфф...просто ги обожавам.Сигурно едно 30-тина мачиња имам чувано досега и сите биле прекраснотии.Крофнички! :) :l: :l: :l:
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Имам сега една голема,дебела, инаетлива мачка,ама ептен е лоша,а воедно е премногу мила и срцкаста.Вена се вика,ја чувам 2 години еве,од малечка е кај мене,бела е,имам слика прикачено во слики од домашни миленици,темата.Арно ама,имаме ептен бездушни соседи, :x што лечат комплекси на животни и не се ок :shake: по 2 пат ја тепаат,првиот пат и беше скршена десната нога,а овој пат ја истепале па од грбот до стапалото не може да се допре,цел дел ја боли.Во ова ниедно време,најдов еден пријател ветеринар,дојде и ја прегледа,установи дека нема скршеници,само е тепана.Ајде,ќе помине.
     
  12. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Сакам да прашам,тие што имаат мачка,ви се случило сигурно да треба да и давате апче(дали за вакцина преку апче,дали лек за рана,за повраќање и сл).Е,како и го давате,мислам со што?
    Кажав дека е тепана од некој непознат засега сторител,па ветеринарот кажа дека нема скршеница,само тепана е,реков јас да и даде инексија,ама рече дека нема потреба(многу знае :lol: ),само рече да и даваме по 3пати на ден,по 1/4 аналгин,аналгин(за болки е).И сега пробувам секако да и го дадам,моѓе има тешко поднослив вкус за мачките,незнам.Пробував да и го дадам прво во јогурт,потоа пробав да и го дадам во форма на прав во млеко,и на крај пробував во мевце мелено да и г свиткам,не го сака.Едвај некако го испи со мелко,ама крв ме направи по раце.Пробав и да и го ставам и во зрно од омилените крокети,ама секако го сеќава.Дајте некоја идеа луѓе,како да и го дадам?
    :?:
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Препорачуваат мешање со сува храна или течност, но и кај мене скоро во сите случаи било безуспешно да се камуфлира апчето на тој начин. Осеќаат веднаш и одбиваат да јадат/пијат.
    Го применувам првиот начин од видеово, само по можност најди некој да ти помогне со придржување на мачето, не треба да се вознемири.
    http://www.youtube.com/watch?v=fnJ_2TV4x7U
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Благодарам,ќе пробам и вака,ама го сипи сега ептен лесно,благодарение на мене :lol: .И го ставив со парче од копан(пилешки),внатре и го пикнав и не се познаваше,ап го изеде,како што е дрчна по месо пилешко не ни сети. :clap:
     
  15. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Пак јас.Ама си имам проблем,мислам не знам ни дали е,ама ај да си прашам,па ако има тука некој ветеринар нека се јави,или некој што има искуство.Од саботата одкога си дојде дома,јади,крокети(за мачки),мелко,павлака,вода доста испи,ама ниту мочка,ниту кака.А гледам во песокот нема.Ја чувам во една саоба,изолирана е од се,сама е,за да се смири и да не се плетка со нас,кој ќе ја згазне,кој ќе ја турне,затоа за да не ја повредиме и да биде на мирно и твко место ја сместив во една мала просторија на 3 кат.Има таму песок,од онаа посебната за мачки што е,и нема ништо баш сега проверив од саботата,3 дена има,а нема ништо во пецокот.Ако имаше на под ќе видев или ќе мирисаше.Па ме плаши да не има некој проблем со дигестивниот систем,тепана е кај колковите,таму некаде. :worried:
     
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Mлеко не и давај бидејќи мачките не треба да пијат млеко, им пречи и предизвикува проблеми. Сепак не е добро тоа што подолго време не врши нужда, но има претрпено траума и можно е да е поради тоа. Веќе три дена не е мал период ама немаm искуство за тоа што треба да се превземе за да се нормализираат физиолошките потреби, освен што знам дека многу мали мачиња се стимулираат со блага масажа на стомачето ама не знам дали истото би помогнало и кај возрасна мачка.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    215
    вака... имам две мачиња скоро 1 месец стари мајката ги одби несака ниту да ги дои ни ништо им давам млеко со шприц.. првите денови беа чисти а сега се како прасиња :o ги чистев со марамчиња беа почисти сабајле коа ги видов пак нечисти ( претпоставувам дека имаат пролив од млекото)....дали некој знае што да правам мачката несака ниту да ги душне ( да напоменам дека беше болна една недела со инекции ) ве молам за совет.благодарам
     
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Благодарам.Ќе пробам со масажа,ако не ќе го викнам ветеринарот,ама ми е страв да не треба некоја си операција.
    Па бриши ги со марамчиња.Нема друго решение.Да ги бањаш немој зошто ќе настинат,а и гревота се мали се.Или пак ако немаш друго решение тогаш со топла вода,во топла просторија бањај ги.
     
  19. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    145.600
    Пол:
    Женски
    за неколку дена треба да ми донесат маче кое и го имам ветено на керка ми веке некое време.не сакам да ја чувам дома .пишете ми како да ја навикнма да спие надвор икако се навикнува за вршенје нужда на едно место.п.с мало маче е старо неколку недели а дома нејкам да ја чувам оти сум бремена и за неколку месеци треба да сепородам па ке ми биде потешко тогаш да ја одвикнувам.
     
  20. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ако го чувате надвор мачето, тешко е да му се наложи да врши нужда на едно место. За дома нема потреба од посебен тренинг, само треба да му се покаже посудата со песок и веќе ќе знае каде треба да врши нужда, а треба редовно чистење и менување на песокот (не се препорачува бремени да го прават тоа).
    Бидејќи сакате надвор да го чувате, обично самите мачки си одбираат место за спиење. Ставајте ja храната и водата на едно место и ако сакате ставете му некое меко јастуче или ќебенце на столче, па може ќе сака на него да спие. Ако почнете дома да го пуштате, ќе бара начин почесто да влегува и да си седи со вас :) затоа поставете граница уште на почетокот ;) .