Ако некој знае каде може да го најдам ЦИПРИС спрејот против болви нека ми каже ве молам. Цело Скопје го превртв не можам да најдам.
Имам мачор стар 3 години и од пред месец дена на едно место на раката му падна крзното како круг е, мислев да не е тепано од други мачки па искубано, но сега му е како рана, ми изгледа како да се перути, а од пред една недела има уште едно сосема мало кругче под овој дел. Не се чеша, не се лиже таму, не знам што би можело да е, ветринар чекам веќе 10 дена да дојде да го види. Не е бањат многу одамна, страв ми е да не ме изгребе пошто е мнооооогу немирен Дали може да е од нечистотија или се работи за кожна болест? Дали може да биде страшно за нас ако е болест во прашање? И како да го навикнам на бањање ?
Јас чував мачка 5 години и не сакаше да се бања во вопшто , маки мачев со неа ама мачките се лижат се чистат така да мислам дека не станува збор за нечистотија па и уште ако ја чуваш дома . Носи ја на ветеринар .
Јас имав слично искуство со мојот мачор. Кожна болест е.Во нашиот случај габична инфекција. Однеси го на ветеринар. Може да ги нападне и внатрешнте органи. Нас ни помогна многу имаверол но најблиску што можеш да го најдеш е грција или бугарија.Сепак консултирај се со ветеринар најпрво. Ако ти препорача реконазол шампон и др креми против габични инфекции не помагаат верувај само време и пари ке трошиш.
Кажете некое средство да ставам за да не ги остри ноктите од софата тоа и е најново до сега не ги турпијаше на него но сега почна
Мојата обично раѓаше мачиња во мај-јуни и при крај на август. Многу беше смешна. Цицаат мачињата а мачорите надвор ја викаат. Не знаеше на каде да фати..
Vcera si zedov mashko machence staro okolu 1/2 mesec i go cuvam doma.Planiram utre da go nosam na veterinar.Shto treba na pocetok da primi?Sprej protiv bolvi obavezno bidejki se cesa,ampula protiv glisti i dr shto?Isto sakam da prasham dali se opasni bolvite za nas lugjeto, i posle kolku vreme treba da go steriliziram?Sega e ushte bebka,rano mu e za parenje haha..
Не мораш задолжително да го носиш на ветеринар, освен ако не се сомневаш дека може да му е нешто. Мислам, чисто за заштеда на пари. Мачките се поиздржливи и помалку нежни од кучињата, па според мене не мора ни да се вакцинираат ако се чуваат исклучиво дома. Ти треба Неопитроид за болвите. Треба да бидеш упорна, зашто не умираат така лесно. Тоа е прашок и не е опасен за нас или мачето. За прочистување ти треба апче, а количината ќе ти ја каже продавачката. Сепак е премало, најверојатно осминка ќе му биде доволна. Млекце најверојатно пие, па тоа. И никако ладно за да не повраќа, да не му настинува стомачето. Откако ќе се исчисти од болви, може да го избањаш. Болвите се "страшни" за луѓето од аспект што не' касаат и нас. А за толкацко маче и фатални може да бидат. И тоа. Учи го на хигиенски навики, на место за спиење и јадење за да не ти прави хаос. Можеш едно легенче од пазар да купиш и песок од Кам, па да фо рпосејуваш со една лопатка (ја има во ДМ) и да го менуваш на неколку дена. Генерално тоа е.
Поомош девојки! Кажете ми совети како да го научам мачорчето кое му е место за спиење, кое за јадење и кое за вршење нужда, бидејки очигледно не разбира никако.Баш денес се покака на креветот, а веднаш на балкон до него е колетче со песок каде што стално го носиме да врши нужда.Исто така секаде кје заспие само не во своето креветче.Дали дека е мало па сака до луѓе да биде постојано ете не знам.На нога, на рака, на прегради од фотеља и кревет само не кај што треба.Рает бев не почеток коа спиеше под креветот, сеа гасиме светла легнуваме, и еве го тоа кај мене во кревет.Бркај колку сакаш пак и пак се враќа.Грев ми е немирен сон имам да не го смачкам во вртењето,колку една тупаница е " големо ". Ете дури го пишувам ова ми заспа на нога.
?Раѓа лепотицава моја Ме убедуваат моиве дека не, ама можно ли е да го изеде малечкото веднаш штом ќе го роди? Не ја видов убаво од паники, па не сум сигурна
Ок, за спиење баш и не можеш да го научиш каде треба. Башка твоево е премалечко. Нормално е дека ќе се бута во тебе. И сака слобода на движење, макар и навечер. За одењето во веце, кога ќе го видиш дека чудно се однесува, фати го и брзо однеси го во песокот. Ќе треба да трчкаш по него првите денови додека се научи. Така е и со куче, на крај краева. Само трпение. И кој сака да вдоми маче од фамилијата на мојата мачка (од сестрата на мајка и' која е бела, исто со долго влакно), кажете за да ви дадам контакт информации. Преслатки се мачињата.
Може глупаво е прашањево Прв пат чувам маче Старо е два и пол месеци Дали треба да му дадам некое апче против болви или слично?
Апче за прочистување во доза која ќе ти ја кажат во пет шопот, во зависност од возраста и ако има болви - питроид или ампула. Заборавив ампулата кога најрано смееше да се стави, мислам на три месеци.
Девојки, само да ве прашам, колку чини песокта за мачки и коритце, и дали има некаде кадешто песокта се продава на килограм, значи да не е пакувана во вреќа од 5 или 10 килограми? Благодарам однапред!
Коритце можеш секаде да најдеш, па дури и на пазарче. Накај 100-200 денари, во зависност од големината. Песок не сум видела да се продава на кило. Пакувањата се движат во просек од околу 200-250 денари. Во Верото во Џамбо мислам дека има и поефтини. За да ја зголемиш трајноста на песокот, има едни како лопатчиња, ама со решетки, да се просее песокот. Сум ги гледала во ДМ.
Јaс кутијa земaв oд плaстичaрскa улицa зa 100 денaри (гoлемa). Нaјдoбaр песoк ми се пoкaжaл SaniCat oд лaвaндa. Мoментaлнo кoристaм некoј oд мaркетиве скoрo истa ценa сo oвoј другиoв (200-250 денaри).