Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.411
    Пол:
    Женски
    Кажете ми ве молам шо да направам со мачоров мој, се моча кај ќе стигне, јас немам нерви повеќе да се расправам со моите сакаат да го исфрлат се откорнав од плачење.
    Го чуваме нецели 3 недели, старо е месец и пол/2 и никако, ама никако не си го научи местото каде да моча.И песок за мачки, и пластично коритце и посебно место се се како шо треба, ама неќе и неќе.Од сега ќе го чувам на балкун, ми е гајле ако мрзне.Повремено ќе го пикам внатре(и за спиење)а преку ден надвор.Не можам, не знам како да го научам.Ако го исфрлат од дома мислам ќе се разболам, а толку се приврзав за него.
     
  2. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Добро кажа. Стави го на балкон или во некоја просторија затвори го, но Обавезно стави му го и песокот за мачки и земај го мачето да биде со тебе по некое одредено време во денот..Така можеби ќе се научи да се моча каде што треба :)
     
  3. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    Трпение треба, јас со моиве маки немав многу, брзо научија. Покажувај му често каде му е местото па после само ќе бара. Кога ќе направи белја, веднаш однеси го во песок и така ќе научи биди упорна па за неколку дена ќе почне да сфаќа :)
     
  4. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Штом го видиш дека мочка земи го и однеси го до песокот јас така моите ги научив, ем малку ги карам и им мавтам со прстот и се научија.
     
  5. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    И моето сакаше така да се мочка,ама јас земав корито и песок го ставив во соба и ќе го приметев дека сака во нужда и го ставав во песок и ќе го фатев за шепата и го учев да закопува,така уште некој пат и научи,скокаше во корито како штурец .Потоа научи и надвор,сега чувам две мачорчиња,со мене си спијат.Кога сакаат во нужда ми ги гризат полека прстите на стапалата или со шепа по лицето и ги пуштам.Цел ден седат надвор,потоа навечер си ги прибирам:lol::inlove:
     
  6. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Пред два дена ми дојде само мало женско маче, има околу 3-4 месеци. Јас веќе имам 2 годишен мачор кој го чувам од раѓање, ама сега решив да си го зачувам и мачево. Проблемот е во тоа што мачоров или ми е многу територијален, или ептен љубоморен, и цело време ја тепа - не ја напаѓа силно со канџи за да пушти крв, туку само и с'ска и со шепите ја мава. Не знам што да правам и како да ги смирам, за да се привикнат еден на друг?
     
  7. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.411
    Пол:
    Женски
    Уште едно прашање, досадна сум знам.:rofl:
    Колку пари е отприлика она како куќарка заградена за мачка? Меко, топло да и е.
    И каде има? :)
     
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    17.927
    Пол:
    Женски
    како да ја избањама мојата мачка. бега како улава од вода, исто и од фен за коса.
     
  9. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Јас имам туш кабина и се пикнувам во неа со мачорите и ги бањам,внимавај само водата во уши да не и влезе.Кога пуштам туш прво му го доближувам кај ноџињата и да види дека е вода дека не е опасно,потоа полека врз телото и го шампонирам и на крај регенератор и се весели.А на фен дур беа мали можев сега не големи се одма кога го вклучувам рипаат од раце и се кријат.Убаво ги сушам со пешкир и ги ставам во џемпер и се сушат,сега дека е ладно не ги бањам дури на пролет кога ќе се стопли.:)
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Уфф колку ги сакам.. како помала едвај едно го исчував со пусти молби и колби со мајка ми да ми дозволи и толку! :(
     
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.937
    Допаѓања:
    177.659
    Пол:
    Женски
    Мачкава функционира најнормално, весела, игрива, нема промена во однесувањето. Арно ама последно време не сака да јаде. Ослабена е многу. Тањирчето и има храна цело време.. многу слабо јаде. Минатата недела имавме неуспешен обид со брат ми да и дадеме апче за глисти, па ќе ја носам утре на ветеринар.
    Можно ли е да има глисти со оглед на тоа што не е одамна третирана? Стомакот не и е тврд ама и е поголем..А дека ослабена, и доаѓа до израз...
     
  12. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Сигурно има глисти јас на моите две во две парчиња од саламче им ставив апче и го изедоа.За секој случај ќе треба уште два пати да им дадам.Помалото така беше слабичок а стомачето како топка да голтнал,од како му дадов апче почна убаво да си се дебели и нема надуен стомак:)
     
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.411
    Пол:
    Женски
    Колку чини ампула или ременче против болви и колку се ефикасни?
    Досега не прашував воопшто бидејки мало беше, али веќе наполна 3 месеци и мислам редно е.Нерви искинавме со овие болвите.Постојано му ставам од прашокот али нема некоја голема разлика.Нема да се чеша неколку дена, и оп ете повторно.Треба да се оттарасиме од нив еднаш за секогаш.
     
  14. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ампулата е околу 300-350 денари, и ефикасна е, го држи чист по околу 7-8 месеци.
     
    На LollySky и christinnn им се допаѓа ова.
  15. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Јас на моите мачиња им купив ременче ,но не сакаа да го носат едно чинеше 380 денари,потоа купив ампули и тие се иста цена зависи може и која продавница,и пак се чешкаа по малце.На крај земав Неопитроид од земјоделска апотека а може да го има и во пет шопови им ставив и им паѓаа болвите,но не треба да ти е во соба мачето дека ќе ти паѓаат болвите:?:
     
    На LollySky и christinnn им се допаѓа ова.
  16. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.411
    Пол:
    Женски
    Џабе е.И јас користам неопитроид ама пак ништо.Дали можи дека ангорче е па цело е влакна и не може да стигне прашакот до болвите, еве не знам.
    Излеа ќе пробам со ампула, домашно мачорче, не е убаво да е со болви па макар и 3/4 биле.
     
  17. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Мила јас кога ставам Неопитроид им го втривам во крзното да допре до болвите.А исто и кога ги бањав им паѓаа и некои морав да им ги вадам се познаваа од водата,но сега е студено да го бањаш:|.Пробај со ампула и види каков резултат има :hug:
     
  18. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.411
    Пол:
    Женски
    Го искапив минатата недела, 5/6 паднаа ама има уште.Работата е што не можам да го втријам во крзното бидејки не ми стои мирно, мрда постојано.
    Ќе пробам се, мора да се исчисти.:hug:
     
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Може смотано е прашањево ама прв пат чувам маче, дали ги капите и колку често? Јас моево два пати го имам искапено
    Иначе нема болви
     
    На evangelina.ina и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  20. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    :shake:Не се капат мачки, тие самите се чистат, се банкаат. Кај мене сите се со блиставо крзно, никогаш ги немам потопено со вода.:shake:
     
    На theowndemon, Aleksandar1212 и elimkd им се допаѓа ова.