Јас моите ги бањам кога е топло Мај-Август и со фен ги сушам не го сакаат па потоа ги ставам во пешкир и плетено џемперче,ги пуштам надвор преку ден и спијат со мене навечер секогаш.Кога ќе се залепи од смола тоа не може да ја тргне и целосната прашина од крзно и пак имаат убаво крзно имаат свој шампон и регенератор
На мачкава пред една недела нагло и се појави оток во големина на орев од левата страна под вилицата и беше многу тврд на допир. Бидејќи си продолжи нормално да јаде и пие и не даваше знаци дека ја боли решив да почекам за да видам дали самиот ќе се повлече. Пред 2-3 дена тој голем оток се повлече а на негово место остана мал оток со големина на зрно грашок кој е мек на допир. Досега немаше никакви проблеми во вечерва почна нагло да го чеша местото толку многу што веќе не и е останато воопшто крзно, отокот е сосема соголена кожа, па дури од чешање и се гребе и крв си пушта. Имала ли некоја од вас ваков или сличен случај бидејќи сум доста загрижена поради наглово чешање?
На 3-4 месеци, со бебешко шампонче. Никогаш нема излезено надвор од дома, ама спие со мене па да ми биде чиста. Сега ја избањав пред еден месец, нареден пат дури на пролет за да не ми настине.
@elimkd Во глобала, мачките се сметаат за најпедантните животни/миленичиња. Најверојатно и сама можеш да приметиш мачето колку често се мие, а тек па користењето на песок Инаку, во однос на твоето прашање, од време на време, колку и да се мијат и да се чисти, како и на секој, им треба бањање, и да се освежат малку Кога се бањаат, само не му ја капи главата. А подобро, како што е мало што го гледам од сликите (црно белото, така?) научи си го, навикни го дека не е ништо страшно истото. Бидејќи колку поголемо ќе стане, ако нема навика, тешко ќе ти биде. Ние дома војна водиме со говедо. Веќе е голема, а тежок инат, буквално е како куче, па процесот на капење е цела индиска серија, што всушност трае 2 минути, бидејќи подолго и не може Кога времето, на пролет и лето, е потполо, нормално, тогаш е најидеално, но ако имаш услови и зимно време, да не измрзне и да не го пушташ надвор, може да го избањаш. Тие со лижење по процесот брзо го сушат крзното, ама сепак не е за надвор да го пуштиш свежо искапено И би ти препорачала да не го бањаш во када, туку настрана во некој леѓен стави си топла вода со шампонче и така мачето ќе се чувствува посигурно, бидејќи да го ставиш во када ќе му делува премногу затворено и да не се уплаши
Ви благодарам многу @Bloom19 и @Summerlover Иначе мирно е многу дури го бањав не се ни помрдна затоа и чудно ми падна
@elimkd Тогаш си one lucky girl Тоа додуша и на сликата се гледа мирно А па и плус мало, таман ќе си се навикне и нема да имаш никаков проблем Ние другите, каде глава ќе кршиме со нашите говеда не знам
Здраво Пред три дена мајка ми случајно на улица пронашла малечко питомо маче. Според изгледот би рекла дека е расно и има околу 4 или 5 месеци. Првиот ден беше многу гладно и го испи целото млеко што му го дадов и плус потоа пилешка салама. Го искапив само со вода и малку шампон, но само телото. Но денес е многу поспано и малку јадеше. Првиот ден цела куќа ја прошета и многу играше, но денеска малку е пасивно и само неколку голтки млеко испи. Сакав да го однесам на ветеринар денес но бев зафатена, ќе го одесам оваа недела сигурно, но би сакала да ве прашам дали некој друг има вакво искуство со мачка со намален апетит?
Ај ве молам помогнете ми. Имам машко маче старо 5 месеци. Над очите каде крзното им е поретко почна повеќе местото да се оголува и се гледа како некои жолти дамки. Ветеринарот ми рече да мачкам со канестен два пати на ден. Дали некој имал вакво искуство и дали можете да ми кажете како да спречам да се пренесе на мене?
Прашај го ветеринарот што е и дали може да се пренесе? Не знаеме што дијагноза има дадено, иако повеќето кожни болести се безопасни за човекот и може да се заштити со одржување добра лична хигиена после контакт со мачето.
Имам проблем со моето маче Ова може месец како кривеше и го болеше ножето. Некој го тепал или го има каснато мачор Минатиот пат така го болеше но по два дена му помина, овој пат не можеше да биде полошо, два дена го немаше дома, го снема, моите мислеле дека недај Боже е умрено но после два дена премрзнато на овој студ, гладно, целото валкано си дојде дома со влечкање. Не јадеше ништо, не отвараше уста, не мјаукаше. Со кола го однесовме тука блиску што е ветринарна, а таму ни кажаа дека не му е ништо, дека нема потреба за паника, само по пола апче да му даваме и течна топла храна. Го донесовме дома, тие денови со сила му ја отваравме устата и со лажичка го храневме. Но тука се појави друг проблем, на ножето имаше рана таа целата му се раскрварила, разгноила и ужасно мириса. Не дава да му ја преврзуваме, а тоа капе и насекаде низ куќа валка. Мајка ми му ја премачкува со кантурово масло, а тоа се лиже. Кажете ми чаре што да му правам, дома го чувавме овие денови дека мириса го изнесуваме надвор и мисли дека го бркаме и нејќеме, многу е тажно, очињата му се затвораат, целото е слабо, се ниша, дури има и некои проблеми што никогаш не моркело дома, почна обилно тоа да го прави. Мислев јас да го избањам, со топла вода да не му мириса ножето и некако да го преврзам @Papillon.Papi тебе те означив бидејќи мислам дека можеш да ми дадеш совет, но ако може и друг да пише добредојдени се сите совети.
Купи хидрoген 3% aкo(aкo случaјнo немaш дoмa )и исперимујa сo хидрoген убaвo oдoзгoрa и длaбoкo рaнaтa , пoтoa стaви јoд и гaзa стерилнa oдoзгoрa и сo зaвoј зaврзи гo убaвo , пo двa - три денa истaтa пoстaпкa пa , се дoдекa не му прoјде . Зa тoa штo не јaде нaпрaви му дoмaшнa инфузијa , млaкa вoдa сo шеќер и нa 5 минути дaвaј пo еднa лaжичкa мaлa и купи бебешки D3 кaпки (вигaнтoл) дaвaј ги и тие пo 3 кaпки директнo вo устa . Немa дa згрешиш , oд искуствo
Немојте често да ги бањате мачките им засмрдува кожата кога често се бањаат. Јас мојот го бањам еднаш годишно може, исто со мене спие на спална, не излегува надвор. Иначе он сам си се бања. Пред спиење обавезно генерално се бања цел од глава до пети хаха, после во текот на ноќта се буди да јаде, после јадењето пак се трие по лицето и забите. Знае да стане и за до вц во ноќта после тоа пак се трие наутро кога се буди се трие едно пола саат пак генерално, и во текот на денот ако имал некои активности, ако јадел или идел до ВЦ. Исто така ако некој го допре или го гали, после тоа обавезно се бања. Опседнат е со неговата чистоќа, немам зборови, само се измива, ко божем ќе оди на бендисување
Ние го имаме нецели 3 месеци и само еднаш го искапивме.Пружаше отпор не велам не, али ништо страшно, мислам немаше гребење или касање од негова страна. После тоа многу брзо се исуши, за 2 саати најмногу.Од што ми беше жал да го оставам на балкун во куќичката да си спие го зедов со мене во соба, за потоа да ми се измочка на тепих и толку беше, пукнав. Сакам да ве прашам како се снаоѓате со легенчињата со песок и каде ви стојат?Јас ги убедував на почеток моите песокта да седи во соба, али тие ни за жива глава не слушаа.Сега и самата увидов колку само е непрактично песокта да стои во соба, балкунот ми е лом секој трет ден го чистиме, за дома не ни сакам да замислам како ќе биди.Преку ден си е цело време дома, го носиме на балкун на 2/3 часа колку да изврши нужда и го прибираме внатре.Е навечер си спие на балкун во куќичка опремена со волнени ќебиња.Кога е мочко, тоа е.
Мене кутијата со песок ми е во вц, вц-то е секогаш отворено да може он да оди кога сака, значи сите дома сме прилагодени на потребите на мачоров хахаха. Не ми унередува ни фрла песок наоколу, многу педантно затрпува откако ќе се искака или измоча, ама се е до тоа од мало како ќе го научиш. Не за џабе рекле дека се учи теле, а не вол.
@Offspring а како да го научам јас моето да си ја затрупува какушката? Си претка во песокот , врши нужда ама не затрупува..Денес ми извалка со ноџињата во вц, башка што ми расфрла песок Инаку спие со мене во креветотСе чистиме со влажни марамици и детска пудра.Го немам искапено, дома само го чувам.. Спојлер: Лејла
Ве молам совети како да излечам габична инфекција кај мачки. Ја бањав со ампула Неостомосан и сега ја мачкам со Канестен, но тоа продолжува да се шири??
Ја со мојот мачор го имав истиот проблем лани. Незнам колку туби канестен истрошив и не помогна ни малку.Спасот го најдов во имаверол и капсули против габини инфекции во телото за жал не се секавам како се викаа ама од аптека ги купував. Имаверолот го нема во Македонија, јас го порачав од бугарија, околу 10,15 евра беше, ама со две мачкања му помина. Пред тоа мака мачев го канестенот секој ден по два пати. Ако ти треба било каква друга информација со леков пиши ми
Прoбиoтици, прoбиoтици и прoбиoтици. Гaбичните инфекции се јaвувaaт кoгa живoтнoтo имa нaмaлен имунитет, a прoбиoтиците се нaјдoбри зa зaцврстувaње нa имунитет.
Gnoj ili strano telo ....mojot macor proletta isto na levata strana se podu taka mu stavija inekcii trimadil protiv bolki i amokciklav 1/4 1 na den i mi kazaa da mu istiskam gnojot so gaza i betadin ama toa od koga proveria deka e gnoj a ne strano telo