Пројде ова одамна. Изгледа се изгребала на нешто па се инфицирало, и откако отече почна многу да ја чеша местото, и чешајќи прво целото крзно на местото го откорна и го дупна отокот, истече тон гној, и и помина. Сега почна полека да и расте пак крзното, инаку пола вилица и е ќелава.
@evangelina.ina кога ќе го приметиш мачето дека влегува во песокот, и кога ќе заврши работа ти фати го од назад за предни нозе и затрупај го песокот. Мачките се многу умни, брзо совладуваат лекции. А гледам дека е мало мачето, тоа секако евентуално ќе научи и само од себе, ако ти имаш трпение да чекаш. Но ако имаш време можеш да му помогнеш на тој начин што ти го предложив за да убрзате процес. Јас така правев, кога ќе забележев дека бара место за физиолошки потреби на 2-3 пати и покажав каде стои песокот и и отпретав со нејзините нозе, 2-3 пати со нејзините предни нозе помогнав да запрета и толку беше. Не им треба многу. плус јас и веќе еднаш се селев со неа па немав никаков проблем, веќе стекнатите навики си остануваат. п.с. многу слатко мачето Еве и јас да пишам на останатите, мачка се бања еднаш до два пати годишно. Веројатно сте го приметиле грубиот јазик што го имаат, тој им помага да се чистат и да одржуваат хигиена. Плус мачките немаат никаков мирис и се идеални за дома. И многу е битно кога ги бањате, прво да им ги исушите шепите, другото може и природно да оставите, особено ако не сакаат фен и вода како мојата. 3 дена е психичко спремање пред нејзиното бањање од 3 минути. И не можам сама, мора некој да ја држи. Циркузи е целиот процес. Туку дај кажете совет што да правам со манипулативнава мачка што ја имам. Добро познато е дека мачките ги манипулираат своите сопственици, ама пусто срце не додржува, иако знам дека ме манипулира. Ветеринарот ми рече да не и давам храна од конзерва се додека не и се среди стомакот, односно изметот. Арно ама она почна да одбива да јаде сува храна, а си јадеше фино претходно. И сега за жива глава нејќе да јаде сува храна, а дома имам преку 10 различни видови само за неа купено. Многу изгуби на тежина, само уши е, видов не видов, вчера пак и земав конзерви. Ќе дојде до мене, ми пушта еден таков срцепарајучи поглед и мјаука, плаче ли плаче како мислиш на колење ја носам. И тоа трае се додека не и дадам храна од конзерва, после као ништо да не било.
@Yowannty сега имаме нова тема за дилемаЗначи ја закопува каката а потоа го расфрла песокот низ цело купатило и само чистам по неаТаа очигледно си игра а јас ете ќе почнам даи саксијата со цвеќе и е омилена-да влези и да расфрли земја на ламинатНејќам да го тргам цвеќето сакам таа да се научи малку на дисциплина ама како??
@evangelina.ina е околу цвеќињата не сум позитивна. Мачка и саксии ретко кога оди заедно. Јас имам само во ходник пред стан, преку лето ги извадивме на тераса и во моментот кога ќе тргнавме поглед од мачката таа истата секунда ќе ги распреташе и земја ќе посееше низ цела тераса па не ја пуштавме сама да седи таму. Иначе и мене мачката исто ми праеше со песокот кога беше мала. Поголеми камчиња од песок ќе ги перка со шепи и ќе трча по нив и ќе ги разнесува насекаде. Истото ми го праеше и сеуште ретко ама знае кога и е екстремно досадно или само за да привлече внимание да земе топчиња од сувата храна и да ги распетка насекаде. Кога усисав и кога ќе дигнев тепих богами имав што да видам. За тоа само ќе и купиш играчки за да и се пренасочи вниманието кон нив. Јас и имам многу купено, сепак таа ужива само во тунелот и едно обично клопче вуница кое го најдов дома, се друго што и имам изнакупено си фаќа прашина. Ќе си видиш што сака најмногу и ќе ја играш со тоа, за да и се одвлече вниманието од песокот. За се друго е многу умна. Кога се преселивме купивме кожна гарнитура и кожни столици. Ја искарав се на се неколку пати и оттогаш не се качила на нив ниту на друго место освен кај мене во скут. Тоа време бев малку во тесно со пари, па сама и направив 2 ствари за да си остри нокти и единствено таму гребе, никогаш не изгребала мебел ниту сум и скратила нокти. Навистина сметам дека мачките се доста паметни и многу побрзо учат од кучињата, пораснав со кучиња па ете гледам голема разлика. Ама на почеток секое животинче си сака внимание да му се посвети, зошто и они се како деца, ако не ги научиме ние што не треба тие самите нема да знаат. Не се грижи, умни животни се. Со тек на време и трпение ќе си ја научиш. Па тука секако сме за совети, ќе си помагаме. Има и затворени садови за песок кои се доста попрактични и јас сум на ум да земам таков, ама здравје понатака. Ама го издолжив постов
@Lady Phoenix имам легенче пластично купено и таа се од превртуваше со се него и песокта кога сакаше да излезиПотоа од Струга и купив црна тава/тепсија и штом турам сув песок одма се замишља дека е на плажаМалиот кога виде тава дека купив цел жив среќен беше дека кифлички ќе се печата јас сега кога ќе ја видам што прави таа низ тавата- значиИграчки имам купено и си игра ама и табиетлија си е Ќе барам тунел да и купам
Моите мачори едвај чекаат да отидат скришум кај саксиите и да ги гризат алое верата две ми уништија,купив нова ама и на таа и фрлиле окце.Се качуваат на саксии и си го ладат газето или со шепи расфрлаат земја.Почнав да ги карам со прсте да мафтам и ги тргам им кажувам не и одма прекинуваат.Многу сакаат во плакари да влегуваат,сега им е интересен каминот го посматраат огинот и двајцата еден до друг си нанат.Од помалото маче многу сум изгребана,на игра и фаќа да гребе.Поголемото има многу остри нокти кога играме ги повлекува не ги вади.Срциња се ,не можам да си го замислам денот без нив ❤️
Ај да си прашам/кажам пак.. Мачето спие со мене, всушност под кебе се пика и така спие(има креветче нејзино ама уште вториот ден кога ја зедов почна да се пика во мене,во лицето мое и да бара под кебе да спие).Сношти почна да кашла, јас во сон ја слушнав меѓутоа го почувствував она што таа го искашла(мислам влакненцата дека беа помешани со плунка)..Всушност до уста кај мене стигна тоа..и чувството бешеПостои начин да се научи каде да ги искашлува влакната? Можеби е грешка што и дозволив да спие со мене?? Иначе знае и на сред спијање да скокни онака за играње понекогаш и на глава па да ме исплаши прописноТемпераментна е , гризи, греби и испушта дури и пострашен звук кога е разиграна и фацката и е страшничказнае на сред пишување на мобилен да скокни и да ме касни..А кога ќе се смири е душичка
Кога ќе потпорасне, нема да сака веќе да спие со тебе. Инаку, нормално е да повраќа влакна, затоа што цело време се лиже. Очигледно е мало маченце, па ова и неочекувано му дошло. Ќе научиш да ги препознаваш звуците пред да поврати, па ќе го носиш во песокот да го направи тоа. Некако се блокираат кога им доаѓа таков момент. Друга работа, нормално е што е разиграно и што грицка, тие фацки што ги прави. Сепак се работи за инстинкт и нема што да се плашиш. Како ќе расте, така ќе се проретчува тоа. Има на интернет и совети како да ја спречиш мачката да те гризе. Еве мојава и до ден денес е таква, знае да гризе на моменти, ама многу ретко, ако и' се качиме на глава. Не е секирај за ништо и само настојувај за песокот. Прочитав дека во тава го имаш ставено, а тоа е многу ниско, па лесно се расфрла. Пак ќе те посоветувам во лагенче да ставиш песок и тоа доволно за да има во што да копа и да закопа. Во пет шопови и ДМ можеш да најдеш решеткаста лопатка за просејување на песокот за да ти трае подолго.
Да си прашам јас нешто. Одкако го зедов мачорчето го хранам со домашна храна, виршли паштети салама месо манџички попара риба јогурт млекце.. Се си јади, немам проблеми воопшто со тоа. И прилично е пораснат и се развива за таа возраст, скоро 4 месеци има.Исто е доста разиграно и весело мачорче, немам осетено досега да настинало да кашла или кива, и покрај тоа што преку вечер си спие на балкун бидејки како што пишував во детската кај мене на тепих омилено место му е за мочкање. Нејсе, да не должам премногу, дали е морално да му се дава купечка храна или нема потреба? Вака гледам дека нема потреба никаква од купечка храна, се си јади и машала има голем апетит, како мече е направен.Баш и зборав со мајка ми, таа чуваше порано мачор 15 години и вели дека никогаш не му дала купечка храна и дека нема потреба од тоа.Од друга страна исто ми е страв дека ако почнам да го хранам со таква храна ќе бара само од неа, а јас не можам да одделувам големи средства на пари за таа намена кога веќе со оваа храна што го храниме си е супер.Исто го проверувам и изметот бидејки секојдневно му ја чистам песокта, редовно си оди, исто без проблем. Што мислите вие?
@christinnn Кристин, јас само би го намалила млекото или скроз би го отстранила зошто најчесто мачките се нетолерантни на лактоза. Евентуално не му го давај чисто, туку разредено со вода. Лично сметам дека купечката храна е една од поголемите глупости на минатиот век. Маркетиншки трик и бизнис. Демек квалитет упм. Се знае дека денеска квалитет нема и дека дел од состојките што се напишани на производот, било за животно било за човек ги нема воопшто или не се такви какви што не убедуваат дека се. Посебно ми се смешни оние што се поборци за купечка храна за животни, а самите се хранат во мек Доналдс за иронијата да биде поголема. Е сега јас мојата мачка ја чувам исклучиво дома и и давам исклучиво купечка храна (не затоа што таа е "поквалитетна" и дрн дрн јариња) затоа што е научена на таа храна, па не ми скока по маси кога се поставени сувомесни и месни производи зошто таа тоа не јаде. Па немам никаков проблем околу тоа, зошто не ја интересира што има на маса. Тоа е единствената добра страна на купечката храна. Битно е животното да е згрижено, најадено, галено. Порано не ни имало купечка храна, па животните им живееле и по 16-17-18 години и више. Денеска и покрај се што е измислено, животниот век е намален како на на нас така и на нив.
Прочитав дека таа храна содржела некакви си витамини кои во храната што ја јадиме ние не се наоѓаат.Затоа и се замислив малку. Не му требаат него витамини, си расте повеќе од мене.Ако видам дека не јаде доволно, дека не врши редовно нужда, е тогаш ќе се решам за таква храна, сега засега нека гнети од оваа и нека се дебелее.
За да продадат производ се ќе напишат и ние сешто читаме. Купечката храна никако не е репер за квалитет. Ако мачето нема проблем со домашната храна, притоа е живо, весело и добро ухрането немаш гајле. А за витамини и имунитет се купуваат таблети. Не знам колку тие држат вода исто, ама купувам. Човечко око лесно се залажува.
luge ke puknam od nervoza citam i drugite go imate istiot problem i vo legen i vo shto ne ja ostaviv pesokta, sekoe odenje vo wc haos e, moram da cistam po nea imam preubavo belo macence, go najdov malecko, stotuku rodeno pred zgrada, gladno i nemozev da go ostavam ama sega porasna i luduva niz doma ja drzam so sila nad pesokot i gi stavam tamu nozete, ne saka i ne saka, luge kako za inaet, kopa niz nea, rasfrla na site strani STO DA PRAVAMM?!
Ти треба подлабок сад за песокот или евентуално од затворените. Малку се поскапи од обичните но се исплатливи подолгорочно и се попрактични. Единствено ти е проблем што го расфрла песокот или не го ни користи за физиолошки потреби?
da ne znaesh odprilika kolku se zatvorenitE? svoite potrebi gi vrsi tamu samo ako ja prisilam i sum tuka inace ne kako so dete razgaleno da imam rabota, a ne so macka
Од интернет ако нарачаш се поефтини, имаш од 12-13 евра па нагоре, барем јас кога гледав така беше, а вака по пет шопови не сум гледала. Дали можеби и ги кратиш ноктите? Мачките со кратени нокти чувствуваат болка при претањето на песокот па одбиваат да го користат. Има посебен песок, по мек за оние мачки на кои редовно им се кратат или отстрануваат ноктите. Друго, сега ми текна не знам дали кај нас го има, може да се нарача од интернет, нешто како спреј кој што го напрскуваш на местото каде што сакаш мачката да врши физиолошки потреби (во твој случај во песокот) и мирисот ја привлекувал па полесно влегувале во рутина така. За ова можеш да изгуглаш повеќе информации, зошто јас го немам користено, па не можам да ти кажам мое искуство. Не се грижи, верувам дека на моменти ти е напорно и многу нервозно, на некои мачиња им треба повеќе време, но ќе ги совладаат лекциите.
Пак јас. На маките мои дефинитвно нема крај, ве молаам тие поискусните шо подолго време чуваат мачки да ме советуваат оти пукнав веќе. Како што пишав претходно, мачоров на 18ти јануари ќе прави 4 месеци.Исто така да повторам навечер го чувам на балкон бидејки дома, поточно во детската се моча на тепих.Не трпи воопшто и не бара за во тоалет. Два пати ми има избегано, и тоа сега брзо овој месец.Првиот пат скокна од балкун и го немаше цел ден, но потоа се врати цел валкан.После тоа бев невнимателна, отворена беше надворешната врата, се мушна и избега.Исто го немаше скоро цел ден, се врати повторно.Се си мислев дека е многу мало за да бара мачки за парење, се до денес кога за прв пат се измочка на кревет.Јас се постојано го тргав од детската кај што е тепихот, неговото омилено место за вршење нужда, ама ова ете мочка кај ќе стигне.2 недели беше супер, не му се згреши, али ете денес на кревет си изврши нужда.Прашањето ми е, дали можеби му доаѓа времето за парење па обележува територија или е сеуште мало?Не гледам причина да моча по кревети, кога 15 минути пред тоа го имавме оденсено на местото каде што му е песокта.И што е белја, свесно е дека не смее да моча никаде освен во песокта.Многу пати го имам сетено како мириса кај тепихот и само што ќе отидам да го тргнам од таму бега како улаво.Исто денес татко ми во моментот кога се мочкаше се сврти и го виде, и тоа метак веднаш избега.Стално му е таква реакцијата, знае дека греши, али ко за инает пак и пак го прави истото. Зборував со моите, не доаѓа во предвид кастрација.И со мој пари да е направена, не сакаат и не сакаат.Се вадат со тоа дека не треба да му го скартиме правото да си го живее животот, не треба да го осакатиме, исто и мислам потајно се надеваат дека ќе замини и нема да се врати бидејки не се баш многу многу за чување.А само јас си знам што стресови преживеав кога ден после нова година за прв пат си замина.Мислев нема да се врати и буквално цел ден во плачење го поминав.Си го засакав ептен, душа ми е, али ако продолжи вака да мочка насекаде ќе бидам принудена да му барам нов дом, бидејки после секоја негова "грешка" , моите мене ми се качуваат на глава.