Скрoлaј нaдoле пo сaјтoв: http://petcentar.com.mk/index.php?o...=244:2016-12-20-14-13-07&catid=97&Itemid=1718 Јaс јa земaв цуцлaтa и ми зaврши рaбoтa. Дa мoжев ќе ти јa пoдaрев, нo јa зaлепив нa рернa и дупкa имa сегa.
Девојки, кажете ми од што може да се јави непријатен мирис на урина кај мачор? До сега не мирисало лошо ама последно време се шири непријатна миризба низ целиот дом. Садот кај што врши нужда е редовно чист, и не му се случило да моча на друго место освен таму. Не знам дали е некоја инфекција или е нешто предизвикано од храна. Ако има некоја слично искуство нека го сподели, јас секако ќе прашам и ветеринар за ова.
Ако му е време за парење мочкаат секаде оставаат свој мирис.Моите исто така надвор прават и кога ќе дојдат дома ги посматрам сакаат и внатре едното го фатив во бањата си го кренал опашот го тресе и мочка и веќе не се повтори дека само на едно место ги оставам пред мене и не можат ,а гледам дека сакат секаде така да прават ако не ги посматрам.Може затоа така ти мириса.
^ Ама миризбата се шири од садот, урината му мириса непријатно. Откако ќе исчистам се после не мириса до нареден пат кога оди да моча. Не знам, може има врска тоа што им е сезона за парење а јас го немам до сега пуштано надвор па ако има тоа некакво влијание хормонско.
Дечки, сакам да прашам дали некаде надвор од Скопје може да се најде истава храна од 1,5 kg но, по пониска цена? Инаку, по Ramstore и пет шоповите чини 915 денари. Ве молам за информации.
Дефинитивно му е хормонски, и јас имав приметено така кај мачорот мој, кога му беше период за парење. Мене па ми се мочна на белиот тепих, и пожолта му беше урината, па флека огромна ми остави, а покрај тоа за мирисот да не збориме А ако се кастрира после тоа нема вакви проблеми.
Позз форумџики! Едно од моите мачиња се породи (има веќе 5 дена, од понеделникот). Има 4 маченца. Се е во ред но вториот ден, мајка ми ги преместила мачињата со се пакетот на друго место затоа што на тоа место каде што се породи не беше многу безбедно. Оваа мачкава моја поседи така едно 5-6 саати и одеднаш фати едно од мачињата за врат и го префрли кај тетка ми во купатило (Бидејќи и таа ја храни, а купатилото е веднаш до влезната врата, оваа го пикна таму мачето)... И јас излагам надвор да видам што стана со мачево што го нема и кога влегувам кај тетка ми гледам го сокрила позади машината за перење алишта и го притиснала ко да ќе и го земам па се плаши, а ова писка ли писка малово... После гледам сите 4 ги ставила таму. Прво мислев од мене се плаши па ги сокрила... И вечерта тетка ми ги префрли мачињата пак на истото место каде што се породи мачката и гледам не ги пренесува нигде деновиве. Денес бев надвор малце и ја гледам пак едно од мачињата го фати за врат и тргна да го носи негде ама ова и падна од уста и го зема повторно и се врати со него кај другите мачиња... Што би можело тоа да значи? Секој ден и давам млеко со лепче и многу сака да се гали, дури и сум се доближувала до мачињата и ништо не реагирала... Многу ме сака. Зошто толку многу сака да ги префрли мачињата? Дали ви се има ова случено и на вас? Ајде форумџикии, heeelp...
Малите мачиња, особено во периодот кога започнуваат да ги отвораат очињата не треба да се изложени на светлина, можеби затоа ги крие зад машината. Или не го смета местото за безбедно/не сака да ги вознемирувате. Во секој случај, мачките си знааат што е најдобро за мачињата, оставете ја да самата да се погрижи.
Знам, но таму каде што се породи и каде што сега се наоѓа е баш скришно место, има скали и таа е под скалите, нема никаква светлина, а и воопшто не ги преместуваше мачињата деновиве, прееска одеднаш го фати за врат, ама среќа и мајка ми беше надвор, и оваа кога не виде и мене и мајка ми пак го врати назад мачето... Се надевам до утре нема да ги однесе на друго место, еве сега врне надвор, а ако толку сака да го однесе и наумила негде да го остави или сите таму да ги прибере нека ги носи, што да правам... И онака се живцирам деновиве за неа, како е, што прави, дали добро се чувствува... Баш се чудни мачкиве... Хахах, а кога сака да јаде одма оној драматичен поглед и две-три од типот "Мјаууу" Многу си ја сакам бе... Нема што
Знае таа што е најдобро за нив. Ако ги остава на некоја минутка сами и шета, значи бара место. Оставете ја да си го следи инстинктот, ќе ви ги донесе кога малку ќе потпораснат.
Да, цело време шета, морам да ја викнам за да дојде и амо ќе влезе ќе ги погледне и додека да видам си отишла... А тука понекогаш се вртат мачори и јас сум дадилка на мачињата хахах... Во ред, ќе ја оставам нека си ги следи чувствата ама едноставно се плашам да не ги однесе и да не не ги врати...
Само проблеми си имам со оваа мојава... Еве сега пред малку беше отворена влезната врата од мојата куќа и дека имаме и ние скали и под скалите има јоргани и ќебиња, оваа влезе внатре и се пикна кај ќебињата и не излегува, потоа некако ја залажав излезе и ја подзатворив вратата... Отиде кај мачињата, го фати најмалото и тргна накај вратата, ја спречив и си го врати мачето назад... Имам причина зошто неможам да ја оставам внатре (нон стоп ќе бара да излага-а вратата мора да биде затворена, ќе направи се лом долу, цело време ќе мјаука...) Сега баш ми е жал, проклето зошто ја спречив... Друго место нема безбедно каде што би можела да отиде, навистина незнам што да направам.... П.С: Досадна сум, нели?
И уште една работа, да додадам на она што е веќе кажано - местото каде се породиле им мириса на мачињата и постојано ќе се враќа таму. Јас кога ми се омачи на патики морав да ги преместам малите и патиките ги исправ, а на местото испрскав со дезодоранси и парфеми и не идеше веќе таму туку каде што ги преместив јас малите. После недела дена кога почнаа да одат ги стави на повисоко место каде не би можеле да слезат за да бидат безбедни. Каде ја раниш? Можиш да наместиш пакет и да ги ставиш мачињата таму и да ставиш нешто меко како некое мало ќебенце или јорганче, одма паѓат на то.
Има во пакетот каде што е сега и перниче малецко и некои парталчиња... Многу и е угодно ама порано често тука поминуваа мачори, и сега сака да ги премести ама неможе... Тетка ми ја тргна од купатилото кога и се пикна, сега па ја не ја пуштив да влезе кај мене... За греотка, никако да и ја погодиме работава... Иначе ја хранев пред мојата врата, а сега и давам да јаде таму близу до мачињата, за да не и го крадат другите мачки јадењето... Иначе уште нешто да посочам: Другата моја мачка (повеќе тетка ми ја сака ) и р'жи на оваа со мачињата, цело време ја гребе кога ќе и се доближе, а најверни сестрички беа... Дали би можело да е љубоморна бидејќи таа пред нејзе се породи? (бидејќи и двете се бремени) П.С: Оваа људскава љубомора и кај мачките се прошири
@Queen of Cats можеби, можеби се нервира за храната што ѝ даваш поблиску, можи ја нервират мачињата, можи е љубоморна. Една од моите мачки обично ги тепа другите две и им ги пренесва бебињата. Се сеќавам едната кога ги преместуваше малку зацифка едното и ова му ојде ја зашамари и та ги пренеси .... мачки се, не се обидувај да ги разбериш премногу.
Пред два дена зедов маче малечко, 5недели има ама од кога дојде има пролив, му дадовме апче против глисти вчера, можно е да е од него ?