Акo имa глисти дaдете aпче aмa мнoгу мaлку , дијaреaтa е oд глистите и млекo не дaвaјте тoлку честo .
Еве сум јас повторно Моите малечки направија 6 недели Деновиве се многу немирни, сакаат слобода и цело време сакаат да излегуваат надвор (ги ставив во подрум ама до вратата-однадвор и им заградив) И овие се прекачуваат и излегуваат надвор. Ги оставив да си играат надвор некое време и после ги ставив внатре, дојде и мачката и нејќе да влегува кај нив за да ги дои. Ми е страв да не ги одбие бидејќи сабајлево им дадов јогурт со вода и лепче, па јадеа затоа што беа гладни и цивкаа. А додека си играа и таа беше тука и беше испружена на земја, дојде едно од мачињава и оваа почна да го гризе по рацете и нозете (прво изгледаше како игра) но после и двете спискаа и кога се тргна мачето како да се клатеше, неможеше да оди. Денес мајката е многу чудна, Влезе потоа ги надои 10 мин и искочи, овие мјаукаат оваа некако не реагира. Сеа и тие малку претеруваат, ја гризат за опаш, за уши па ја притискаат со шепите за стомак. Можно е да почне да ги отфрла? (рано е треба до 2 месеци) П.С: И уште нешто, овие маливе кога шетаат надвор како да сакаат да бегаат во тревата, а тревата е прилично висока и ми е страв да не се заглават негде, па да неможе ни мајката да ги извади, да ги оставам така или да реагирам кога сакаат да трчкаат во тревата? Фала мн.
Фала ти за советот, млеко не му давам воопшто зошто читав дека не е убаво. Кога ќе прекине дијареата тоа значи дека нема повеќе глисти , се исчистило ? Извини за прашањава, не можам да најдам ветеринар денеска и прв пат чувам маче затоа сум со 1000 прашања.
Ако ги одбие ќе му даваш со шприц. Јас имав маче многу рано оделено од мајка му па така си го хранев.
Нема да ги отфрли целосно уште, туку полека ете вака постепено помалку ќе седи со нив кога ќе мјаукаат по неа, а веќе кога ќе се приближи до вториот месец ќе почне да бега од нив и да им "ржи" како предупредување да ја остават на мира. Во меѓувреме продолжи да им даваш и ти храна за да се почнат да се привикнуваат на обична храна. Таа нема да ги повреди, едноставно си игра со нив, можеби на моменти ти изгледа груба, но всушност преку играта ги учи и ги припрема за светот и како да се борат ако дојде до таква ситуација. Сега се им е интересно и сакаат да ја истражуваат околината, затоа сакаат се да видат и тревата им е интересна. Сепак држи око на нив кога одат во тревата бидејќи велиш дека е висока, мајките си ги повикуваат мачињата најчесто кога ќе почнат веќе да одат, поретко ги носат во уста како додека се бебиња. За секој случај да не заглави некаде
Здраво девојки. Јас веќе подолго време се мачам со шугата на мојот мачор. Не е прв пат да ја фати. Претходните третмани беа со бањање со ампула од ветеринар, 2 пати неделно. Сега шугата е во доста напредна фаза, но со ништо не можам да ја излекувам. Значи го бањам 2 пати неделно со истиот раствор од ветеринарот, мачорот прима антибиотици и плус на раните го мачкам со маст хидроциклин. Но за жал нема никаков резултат. Го однесов на повеќе ветеринари ама ништо поконкретно од овие третмани што му ги правам, не ми рекоа. Дали некоја од вас го имала овој проблем и како сте го лекувале?
Шест недели и не е малку. А и да ги одбие пијат јогурт, млеко, а моите веќе и крадеа од храната на возрасните - тврда, па им зедов јуниор да не ми се дават и веќе долго време мајка им не ги дои. Наеднаш да ги одбие ако си ги доела од почеток - не верувам. Ќе оди постепено, кога има јадење ќе ги одбива, кога нема - ќе ги дои. Ако ја пушташ мачката надвор место да ги дои ќе забележиш и ќе почни да лови - тогаш почни сигурно да ги дохрануваш, за сите да бидат сити. Мислењево ти е сепак одамна, како се сега малите? Ги одби?
Па наскоро 2 месеци, за чудо таа уште си ги дои и не ги одби. Им давам секој ден лепче со млеко а исто така почнаа и виршли да јадат, прво мислев дека не е пожелно да јадат виршли, ама ако им дадеш цела виршла ќе изедат Вчера ми останаа варени макарони, им ги ставив и како што беа гладни све ги изедоа, додека се свртев ги изеле Пред некој ден гледам мачката им донесе гоолем гуштер и го изедоа, па кога печев риба цела коска им однесе, и тоа изедоа... Сабајлево гледам едното од мачињата си играше со пиле (всушност мајка му го донела за да го изеде) и после тоа гледам нит пиле имаше, само по цел двор пердуви Срцка ми е, многу си ги сака мачињата, денес ги одбрани од една друга мачка, ќе ги здавеше за малце, ја додека да излезам надвор гледам мајката ја истепа другата мачка, и оваа шпринт да ја нема... Јас-, мачката и мачињата преплашени, стигна на време... И тоа е, така си тераме секој ден, си пораснавме Оваа мајкава све повеќе и повеќе ме сака, искочив прееска надвор и со шепите со кал си седна у мојот скут и не се трга, душичка... Толку има доверба во мене, многу си ја сакам Ај прекинувам зошто до утре ќе пишувам Позз и фала
Девојки ај споделете искуство и дајте ми совет како да исечам ноктиња кај мало маче, премногу гребе, а дома си го чувам, не излегува надвор.
Сама не би ти препорачала да му ги сечеш. Можеш да го однесеш на ветеринар или на фризер за кучиња/мачки. Таму им ги сечат и ноктите. И секако пуштање надвор после тоа не, бар додека не му потпораснат.
Имам две мали женски мачиња. Ме интересира дали кога ќе пораснат ќе можат да живеат заедно на исто место?
Здраво девојки.. сакав да прашам дали некој имал случно искуство со маче.. Значи до сега цел живот сум порасната со мачиња, сме чувале обични, јаделе дома, по некое време додека растеле сме ги пуштале и надвор и се навикнувале, и мачка како мачка, ќе шетале насекаде, и се враќале за јадење или спиење.. Само еднаш чував женка, и тие повеќе се вртат дома и поприврзани се за газдите, не бранат територии, и не се борат... а понатаму се мачори сум чувала, и поради тоа и често по 3та година, ми се враќале испотепани, испогризани, па инфицирани рани, и сл.сме викале ветеринари, ама и често ке ми ги снемало по некое време, или па кола ми ги газела пошто живеам во куќа на главна улица.. Е сеа за прв пат зедов персиско мачорче,... 8 месеци има, уште коа го зедов, поразлично беше нормално од сите предходно што сум ги чувала...а намерно зедов расно,со цел да го чувам дома, да излегува во двор само со мене по малце, и да не ми стане улично и испотепано..сакам и да го носам на парење само со домашни мачиња.... го ранев со храна зрнеста, и некад конзерви.. по некое врме ми разви како раничка на горната усна... ветеринарот негов во Скопје ми кажа дека и со неговите имал исто искуство, и обично од душкање им се јавува,на нешто што не поднесуваат и тоа е како алергиска реакција.. тој рече можно е од душкање по тоалети кај што има детергенти или слично... не знам дали на мачето мое му е ракција на тоа, но го мачкав со белогент маст по препорака од докторот, и му замина.. по неколку месеци еве сеа повторно има проблем... пак истите ранички..еднаш се обидов да му сменам хранаи свртев на пилешко месо и џигер, значи само месо, ама пак се вратив на храната за мачки, и по подолго користње повторно ранички на горните усни.... читав на форуми странски дека тоа може и да е алергиска реакција на пластични тањирчиња од кои се храни, некои мачки се алергични на пластиката, или пак на храната, ако има мн хемикалии... Дали некој имал слично искуство? и дополнително прашање, се јавив во 5 фризери за мачиња во Ск, со цел да го исшишам пошто ми е жал што е ко папсано цел ден од топлово, сите беа зафатени и пребукирани, и само една ме советуваше дека не препорачува шишање на мачки персиски за вруќина, затоа што си имале природна терморегулација и така само му се пореметувал ритамот.. ми рече шишање само доколку има мн тутканици на крзното, а доколку е негувано и чешлано немало потреба... Мислење?