Некa јaде oд керaмичкa тaцнa (не длaбoкa чинијa). Не сум имaлa вaкoв случaј кaј мaчињa, aмa кучињaтa мнoгу честo дoбивaaт aкни и бубулици oд плaстични хрaнилки рaди тoa штo вo плaстикaтa нaјмнoгу бaктерии се сместувaaт. И не гo шишaј, ќе му гo уништиш крзнoтo зa секoгaш. Убaвo те сoветувaле, шишaј гo сaмo aкo е ептен зaплеткaнo крзнoтo. Ќе му oлесниш aкo редoвнo гo четкaш и чешлaш, тaкa штo вoздухoт леснo ќе стигa дo кoжaтa. Акo е зaплеткaнo, и дa е ишишaнo, пaк ќе му биде жешкo рaди зaплеткaните влaкнa штo не дoзвoлувaaт дa минувa вoздух низ крзнoтo.
Ај помош Денес забележав дека на мал дел под увцето влакната му испопаѓале и се гледа кожата, розевкасто.Исто како да е бричен да тоа место. Кај другото увце не е така. Пробав убаво да видам али како да го скокотка, се трга. Да не е нешто лошо? Ќе се јавев на ветеринар ама доцна е веќе, од понеделник тоа. Да напоменам, веднаш ми отиде умот да не фатило шуга и баш разгледував слики, ама нема раничка, нема ништо чисто розевкасто е, исто како на стомакот што му се проретчени влакната од митарењето па му се познава кожата. Исто така прочитав дека прво се појавува во ушната школка, али ова нема допирна точка со увото внатре. Скроз, под/зад увцето е. Офф
Ако не е шуга тогаш е можно да се давело со други мачки (ако излегува надвор), или едноставно од чешање само да си го откорнало крзното на тоа место. Ако е една од овие две причини не е ништо страшно, ќе му порасне пак, само осигурај се за сигурно да не е шуга!
Влакната може да паѓаат и ако има некоја инфекција, најчесто бактериска, а може и габична да се јави. Пред околу три месеци на мојата мачка и се направи голема рана под едно од предните рачиња и и испопаднаа влакната на таа регија скрос. Ветеринарот ми даде маст Флогоцид, ја мачкав 10тина дена и и помина Не мора да значи дека станува збор за шуга, не паничи ама најдобро на ветеринар да појдеш.
@christinnn Дали го пушташ надвор? Можно е да се буви, едното од мачињата од мачката на тетка ми има таква раничка баш на истото место, можно е и да се закачило негде па да ги откорне влакненцата... Ако се буви навистина незнам што да направиш, викаат прашок се ставало ама па друга опасност е тоа што може да го излиже (па недај Боже да се отруе)... Ова е само мое мислење, ако некаде грешам поправете ме вие поискусните, поздрав
Голема паничарка сум, знам. Ќе видам впонеделник обавезно ќе го однесам на ветеринар, ќе ме убие вака неизвесноста. Иначе да, домашен мачор е али излегува, шета. И кога сме кај прашокот, мноогу фаќа болви и цело време го мачкаме. Не е отровен.
За болви најдобро со Неопитроид прашок, може да се користи за мали мачиња и не е опасен ни ако си го лижат крзното.
За живеење не би требало да имат проблем ама со среќа нека ти е ко ќе пораснат и ко ќе им дојт време за парење. Мојава во година и пол трет пат еве ја трудна..машала ама активна е малата
Здраво! Не посвои едно маче, само си доjде, па одлучивме да го чуваме. Мачето е старо околу 3-4 месеци. Може препораки за храна, од каде и каква да купам? По можност сува и поефтина и да ja има по маркетиве (кам, тинекс, веро, зур, рамстор и сл.)
Поздрав Сабајлево приметив на мојата мачка едното око и беше затворено и никако неможеше а го отвори. И го замив малку со вода, ама не сака сигурно ја боли и бега. Најпрво бегаше од мене како да не ме познава, сиротата и уплашена и неможеше да ме види како што треба. Потоа гледам како некоја бела течност густа и излегуваше од очите, и ја избришав со салфетка неколку пати ама очигледно ја боли. Се обидува да го отвори ама тешко и оди. На моменти го отвара но потоа силно трепка. Можно е некој мачор да ја изгребал ако ги бранела мачињата, или пак сакал да се парат па оваа некако се бранела. Можно е и да се удрила или поткачила некаде, или пак некој комшија да ја има удрено бидејќи нон-стоп краде храна за да им донесе на мачињата. Прашањето ми беше: Има ли случајно со нешто да и помогнам да го подотвора окото бидејќи со окото е се во ред, не и е извадено туку само неможе да ги отвори капаците. Со што би можела да и помогнам ако е можно со нешто што имам по дома? Фала многу и чекам одговор за брзо време
Мене ова на последната тура бебиња ми се случи. Со ладна камилица и чепкалка решив се. Прво со ладна камилица и чепкалка му чистиш од страните и тоа како гурелки, бело го тргаш нежно настрана, дур можи да го отвори окото. После ќе ѝ го отвориш окото кога ќе можи и ќе видиш да не има нешто внатре, ако има дали со пинцета ќе извадиш или со чепкалка останува на тебе. Потоа тури малку камилица врз очето да се измие. Истото повтори го со другото. Се додека има како црвенко околу очи, макар и да не му се затвораат пак, по една капачка турај им врз очите да се мие. Ете ги сега бебушко скроз ги отвори очињата, не му се потечени, соненце на мајка. Кога ја гледам вака без црвенила и без затворени очиња душата ми се полни.
@theowndemon Фала многу, но тоа со пинцетата нема да успее сепак едногодишна мачка е, ќе ме изгребе, не сака многу да ја чепкам по окото, но ќе направам се што можам. За камилицава сум слушнала од тетка ми дека на неа и се родија 3 мачиња пред два месеци и на едното од нив му беше затворено окцето, па зема тетка ми со памукче и камилица го исчисти и сега какви очи има, лепотан Па сигурно ќе делува и на мојава госпожа Во секој случај, фалаа многу уште еднаш што секогаш имаш време да одговориш на моите прашања, поздравчиња П.С: Бебушко твое срценце е, во најскоро време ставам и јас слики од моите бебчиња од 2 месеци и 2 недели
Ако има какво што имаше внатре малово пак ќе му гнои. Во повеќе наврати обиди се да извадиш ако има внатре и добро чисти го тоа што му затвора сосем да се исчисти зошто пак ќе затвори. Кога му се направи на најголемата мачка вака, не сакаше да ја гибам и само од себе ѝ помина. Јас за малите земам Јуниор храна од Пријатели, рефус. Ама доста често имаат навика да украдат и од кај големите и без проблем ја гризат и неа.
Воопшто не ми текна за рефус За почеток купив Whiskas 2-12 months дури се снаjдам, добро прифати сува храна, па ке разгледам што има по пет шоповите. Благодарам многу!
Вискас сите мачки генерално ја сакаат. Ама после може да не ти јаде никаква друга ако сакаш да ја смениш. Јас така со повеќе мачки се имам зезнато. Сега не знам кај тебе како е, ама вискас во мое село рефус пола кило е 100 ден, а во кам имаш храна што е кило 100ден. А некој ми има и кажано дека и квалитетот е бољи.
Па гледам самата почна да го подотвора и многу се труди да го отвори цело, можеби и самото ќе и помине... Сепак навистина благодарам
Имам 4 мали. Конечно, цели две недели ја чекам да се омачи. За малку не почекаа заедно роденден да славиме. да ве почестам.