Благодарам @Yowannty. Размислувам за кастрациja на мачево, на коja возраст треба да се направи? Коja е цената отприлика?
Мене ме интересира за стерилизација. Знам дека имам и друг пат прашвано тука, само тогаш некако се одолговлечи работата, па сега мајка рече дека сака да ја стерилизираме најстарата мачка. Мачката ми е возрасна, веќе две- три години. Деновиве планирам да прашам и кај различни ветеринари за споредба, но би било добро да очекувам цена, како ќе биди мачката после тоа, дали ќе треба специјална храна и такви работи. Благодарам.
Стерилизација на мачки чини 2500 денари, а на мачори е околу 1500. Разликата во цена е поради тежината на зафатот. Нормачно, на мачорот органите му се надвор и е полесно и за закрепнување, а на мачките им се внатре и буквално им прават операција. Може да се стерилизираат штом почнат да пројавуваат способност за парење. Кај некои мачки тоа е и на околу 6 месеци, ама обично е околу година. Потоа е пожелно да им се дава храна за стерилизирани мачки која не е скапа и се наоѓа и на рефус. Јас не знаев и ја хранев мојата со обична, па фати уринарна инфекција. Веројатно има некои додатоци во посебната храна за да не доаѓа до такви појави.
@Lady Phoenix ти благодарам многу за информациите! Епа ќе пренесам ова на мајка ми да си знај од прилика зошто нејзина иницијатива е стерилизацијата, а јас во меѓувреме ќе разгледам кај различни ветеринари во градот. Јас храна обично земам или од маркет или рефус од Пријатели, па ќе прашам и таму да ми предложат храна само арна да ми е.
Дали е во ред мачињата мои кои веќе имаат 2 месеци и 2 недели сеуште по малку да цицаат од мајка им? Мислев дека уште пред да наполнат 2 месеци ќе престанат, ама мачката не ги одбива... А и гледам денес малце како поголемка е во стомакот и се тркала на грб па на стомак а така правеше во првата бременост. Дали е можно повторно да е трудна? Мачињата уште не ги има одбиено. Можеби и затоа не можеше да го отвори едното око, ја изгребале мачори додека се бранела за да не ја парат... Душичка, не сакам толку брзо повторно да раѓа и да се мачи... Што мислиш ти @theowndemon ? Тебе те прашувам бидејќи те гледам како по искусна, и фала однапред
Мачка можи и да дои и да раѓа воопшто не е проблем. Мојава роди две легла од почеток на сезоната за парење и најинтересниот дел е што и двете легла ги дои. Прво ги одбиваше поголемите, но кога се родија малите му се мушнуваа и големите и не ги одбива, поточно од време на време ги пушта кога ептен ја мрзи по жешкото, сепак новите мали се приоритет. @Queen of Cats
@Queen of Cats , размисли за стерилизација ако те загрижува честото омачување на твојата мачка, вака можe да има и по 2-3 легла годишно.
Ми умреа сите. Неќна вечерта три, синоќе едно. Незнам од што. Како глуфченца беа, три бели и едно тигресто жолтко.
@realGirl ооо штета. Гушкај си ја мачката, ако биле толку мали можи да се чувствува депресивно. Лани кога на една од моите мачки ѝ умре едното малечко кое го роди, ме носеше до местото каде е умрено и цимолеше три- четири дена и сакаше константно да ја гушкам, да ја галам, да бидам покрај неа, ѝ требаше љубов, внимание. Мајка ми дури се нервираше зошто неколку дена не бевме спани зошто цимолеше по цела вечер, цел ден и протестираше со минимално јадење, колку да тера. Беше мирна само кога ми беше в раце. Одма се познава тој вид на мјаукање, како плач е.
@theowndemon не мјаука мојата, ептен по малку испушта глас и онака општо. Од мала е така. Ама со поглед се разбираме. Кога гледам што се случило ѝ викам: Пи што и е на мачињата? - Она жално ме гледа и трепка со очите, од време навреме оди до креветчето и ги бара. Не беа добри мачињата ем изгледа, како ноженцата на две да им беа криви.
@theowndemon Баш ме зачуди, а па мојава од кога ми се гледа како да е трудничка уште повеќе се приврза за мачињата... Фала многу во секој случај, може сум досадна ама најсигурно е кога некој по искусен ќе ми даде совет @LollySky Фала и на тебе, ќе размислам околу стерилизирањето
Леле извини ништо намерно, не ми стигнала нотификација, тек сега гледам дека си ме тагнала. Извини уште еднаш. Кастрацијата/стерилизацијата е добра идеја, мачката има еден куп бенефинити од истото а и вие ќе добиете смирен миленик.
Како да знам дали сигурно ми е трудна мачката? Немам многу време да ја однесам на ветеринар, али изгледа ќе мора.
Кој е љубопитен да ги види моите мали шекерчиња нека ги види моите последни две објави во темата Слики од вашите миленичиња, поздрав
Па зависи колку време е бремена, знаците се различни во текот на бременоста. На сам почеток може да не се примети ништо, а некои мачки може да искусуваат утрински мачнини како жена, а потоа во текот на бременоста стомакот ќе и се зголемува и ќе и биде почувствителен, брадавиците ќе и се набрекнат и зацрвенат, може и да го изгуби крзното околу нив за кога ќе се родат малите полесно да цицаат, мачката ќе стане многу попасивна, повеќе ќе преде и ќе се мази, а помалку ќе сака да трча и беснее, може да и биде покачен апетитот од нормално, а и ќе ја зголеми телесната тежина, и кога ќе е при крај веќе, освен очигледно големиот стомак, ќе се гледаат и малечките во неа како мрдаат. Тука можеш нешто подетално да прочиташ, ова ти набројав што прво ми текна
Мојот мачор излезе многу грижлив татко Втор пат како ми ги носи дома мачињата, а на мачката ( мајката на мачињата) не и дава до двор да влезе. На улица ако ја види ја мава, ја дави. Жал ми е за малите мачиња, но не можам сите да ги чувам. Цел двор ми е со мачки.
@theowndemon или некоја друга ако знае - се наоѓа ли кај нас од онаа тревана catnip? По слики не можам да познаам дали ја имам негде видено, а ако има сакам да му земам на мачорот Едит: на слики според листовите мене искрено ми личи на нане, ама сигурно сум грешка
@MagsDestiny и јас баш тоа сакав да прашам. Иначе, да од фамилијата на билки е од која потекнува и нането Мачките “полудуваат“ од непеталактонот што го има во семето, а 50% од мачките реагираат на catnip
Ja има, jac насадив. Се вика мачкина трева, личат на нане листовите ама мирисот е поинаков, специфичен. Мачето не реагира нешто посебно на неа, можеби затоа што е мало, но може и затоа што тревата ми е релативно мала, околу 10 см е стеблото, нема уште ни цвет ни семе Значи се продава семе, а готова трева не знам дали има, види каj билкарите на пазар затоа што чаjот е лек за женски тегоби (мацина трава)
Lugje aj ve molam za pomosh.. Mojata macka beshe smacna i sega nie bevme na odmor i denes se vrativme. Vcera mene na plaza koa bev drugarkami mi se javi za dami kaze deka mackata mi se omacila i deka se kaj nea i i rekov da se grizi za niv... I denes doma doojdov im namestiv kaj mene vo dvorot se za udobno da im bide i taman odam da gi zemam i gi donesov no mackata dojde gi zede i gi odnese kaj drugarkami nazad.. Neznam so e rabota ushe ednas se obidov no istoto se sluchi.. I drugrkami mi kaxa deka mackata prvin gi donela kaj mene ama deka nie na odmor bevme i valjda zatoa gi prefrlila kaj nea.. Ve molam za pomosh ako znaete