Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.920
    Допаѓања:
    177.374
    Пол:
    Женски
    @Katty52 мачките знаат самите често пати да им сменат "гнездо" на бебињата. И тоа го прават кога они самите сметаат дека некое друго место е подобро од моменталното. Џабе ти си и спремила место, ако таа не го почувствува за сигурно за нејзините бебиња. Евентуално самата ќе ги донесе ако смета дека треба. Мене мачките што ги чував во двор никогаш не ми се омачуваа кај мене. Ама секогаш ми ги носеа мачињата, 2-3-4 недели подоцна. И на крај самите мајки ги разнесуваат, зошто мачките се територијални животни, па после некое време дури и сопствените деца ги чувствуваат за узорпатори на "нивната" територија.
     
    На Queen of Cats, theowndemon и LollySky им се допаѓа ова.
  2. Katty52

    Katty52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Da.. Koa ke potporasnat ona gi odbacuva od sebe zatoa i sakam da si gi zemam
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.528
    Пол:
    Женски
    @Katty52 местото каде што ги чуваше кај другарката, откако ќе ги преместите малите исчистете го и испрскајте го. Ако сакаш да си ги земиш во твојот двор таа можи по мирис да се враќа на тоа место зошто како што сфатив таму се омачила, таму долго време биле малите, па местото мириса на нив. Ама, можеби е и ситуацијата како што кажа @Yowannty , колку и да им местиш на мачки, тие си знаат кое место им е најпогодно за малечки.
     
    На Queen of Cats му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Katty52

    Katty52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Nene taa kaj nas se omavila ama ne bevme doma nie i gi odnela kaj druarkai
     
  5. Queen of Cats

    Queen of Cats Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2017
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    И мене мачката кога ми се омачи сакаше да ги префрли од надвор-кај мене дома но неколку пати не и дозволив, сакаше и на друго место да ги носи ама останаа тука. Причината е тоа што таа мисли дека таму и е најбезбедно, сепак мајка е таа знае најдобро. Ако не и пречи на другарка ти нека останат кај неа за да не ја налутите мачката па да избега со нив и да не ги врати! :!: Ако си ја чувала подолго време и ако ти е верна, ќе ти ги донесе кога таа ќе примети дека мачињата малку потпораснале. Мачката на тетка ми од кров ги донесе нејзините мачиња кога имаа околу 1 месец. Сега зависи, сите мачки различно... Сепак, посочувам уште еднаш, оставете ја самата да одлучи што и како ќе прави со нив, ако подолго време ја чуваш и те сака ќе ти ги донесе бидејќи има доверба во тебе, поздрав :l:
    Едит: Сега видов дека пред мене имало и други одговори, се надевам дека помогнав барем минимално :)
     
  6. Queen of Cats

    Queen of Cats Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2017
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    @Yowannty извини вака само да те прашам. Не сум и јас толку искусна со мачки, прв пат да имам мали. Веќе имаат 3 месеци а мајката уште по малку ги дои. Незнам од каде млеко, можеби и пак е трудна, но гледам како да не ги одбива. Прашањето ми беше, од прилика кога мајките почнуваат да ги разнесуваат малечките? Би сакала и мачињата да останат тука, највеќе ми е криво што неможам да чувам дома, сепак тоа е максимална грижа и обврска а и пораснаа веќе, дома нема да можам да ги задржам. Од друга страна сакам и мајката да остане тука. Кога мајката беше малечка, бидејќи беа три сестри кога имаа околу 4-5 месеци нивната мајка ги донесе тука и цело време тука седеше со нив. Можеби и оваа мојава тука ќе ги остави, навистина незнам. Дали е нормално и нив тука да ги остави, но и таа да живее со нив? :)
     
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.920
    Допаѓања:
    177.374
    Пол:
    Женски
    @Queen of Cats па веќе требало да проба да ги однесе некаде. Во принцип ниедна мачка што сум ја чувала во двор не се задржала подолго од 3 години. Имав мачор кој го чував 10 години, ама дури и него го немаше со денови, некогаш со недели па и месеци, па се враќаше на некој ден, недела, па пак си одеше.
    Иначе искусни мачки веќе по вториот месец, односно кога ќе престанат да ги дојат пробуваат да ги однесат некаде малите. Тие веќе ќе им преставуваат конкуренција, и ќе станат агресивни кон нив, особено кога малите ќе почнат да ја јадат нивната храна. Но, имав и мачка, која остана трудна уште кога имаше скоро 5 месеци, беше уште маче, не беше зрела порасната мачка. Па после бременоста остана таква. Таа беше скроз неискусна. Не знам каде беше омачена, ама ми ги донесе мачињата на балкон, кога имаа едвај месец дена. Ги доеше уште месец ипол - два, и кога веќе проба да ги однесе веќе беа големки и памтеа, па така на неколку пати се вратија самите назад. Исто таа беше малечка мачка и тие и беа тешки да ги разнесува подалеку, па си замина таа. Беа 2 мачорчиња, едното питомо, а другото диво. Питомото исто го снема после некое време, а дивото не прифати нас и тоа е она што остана 10тина години, ама периодично.
    Мачките можат да живеат и во заедница со други мачки, ама и тогаш секоја си одредува "своја" територија во дворот, едната секогаш е "главна", и најчесто останатите по некое време си заминуваат.
     
    На Queen of Cats му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Katty52

    Katty52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Duri i od kaj drugarkami gi trgnalaa kaj edni drva gi odnela
     
  9. Queen of Cats

    Queen of Cats Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2017
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    @Yowannty И мојата мачка беше неискусна, околу 6 месеци. Дури кога требаше да се породува незнаеше што да прави, ја фати паника... Се надевам нема да ми замине бидејќи и малите се приврзаа тука не се тргаат ниту одат негде подалеку... А и им давам посебно да јадат мачињата, посебно мајката, таа не јаде додека не се најадат тие, потоа го остава своето јадење и оди јаде од нивното :lol: А таа од тука да се тргне нема шанси, од комшииве сите ја бркаат а и подалеку негде не би отишла, барем мислам. Сепак благодарам и ми е мило што си споделуваме искуства :l:
    @Katty52 ете, самата си знае најдобро, не се грижи, ќе ти ги донесе ;):l:
     
    Последна измена: 23 јули 2017
    На Yowannty и Katty52 им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.528
    Пол:
    Женски
    Кај мене мачки ги одбиваат, но не ги разнесуваат. Обично ги давам во период на одбивање, но сега едно легло остана многу подолго со мене и не го разнесува и се пораснати. Од првото легло мачките се кај мене, ама тогаш роди мала, следното легно на најстарата мачка го дадов цело, следното имаше едно маче кое умре и сега си ги чува две легла. Ќерките нејзини, колку што можи порано ги оставаат малите.
     
    На Queen of Cats му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    @LollySky @Yowannty @theowndemon
    Луѓе ајде помош, стварно не знам што да правам :worried:
    Мачорот пред некој ден ми наполни три години, а дома ми се роди и значи го чувам цел негов живот. Живееме куќа до куќа со баба ми и дедо ми, па си шетка до кај нив и назад, меѓутоа си го чувавме претежно дома и за јадење и за спиење уште од бебе.
    Е лани околу октомври/ноември ни дојде само и мало женско маче. Од прво Пумба (мачорот) ја неќеше, прво неќеше да и се приближи, па ја тепаше, и на крај некако ја прифати малку и повремено пак ја тепаше ама претежно си играа заедно. Ама, таа остана трудна (не од него, тој е кастриран), и затоа почна повеќе да е надвор во двор или кај баба ми и дедо ми, ама еве сега мачкава за некој ден треба да се омачи и Пумба повеќе не сака ни да доаѓа дома, не спие внатре, а преку ден доаѓа на по 2-3 минути колку да јаде и веднаш бега, а кога ќе влезе внатре с'ска и 'ржи бидејќи го осеќа мирисот од мачката.
    Се плашам дека ќе се отсели сосема од дома (така вујко ми чуваше мачор и мачка, и откако мачката се омачи мачорот му избега зошто не ги сакаше малите), а Пумба буквално го израснав од бебе и ми значи премногу, не знам што да направам за да се врати дома.
    Кога седиме кај баба ми си е стариот мачор, си преде, се гали, си игра, а дома кај нас или макар кај нас додека сме во двор не дозволува ни да го допреме, нѐ напаѓа.
    Евентуално би ја дала и мачкава доколку некој сака да ја земе, ама проблемот е во тоа што не знам никој што сака мачка, а еве сега и ќе се омачи, па стварно сум во небрано :(
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.528
    Пол:
    Женски
    Јас до сега мачор сум немала, харем градам - никако мачор да задржам. :lol: @MagsDestiny
    Што знам, да не бил кастриран би сфатила онака да гледа територијалност, да не сака нови мачиња, да не случајно има машко и конкуренција и сл., ама од друга страна тоа е сепак некој инстикт кој можеби и нема никаква поврзаност со тоа дали е кастриран или не. Можеби откако ќе роди мачката ќе се смири некако и ќе се врати, или земи го дома в соба кај тебе нека седи неколку дена, а другата мачка на друго место, или барем додека се мачињата тука. :| :(
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Не можам нигде низ дома да го задржам, тоа е проблемот.
    Еве пред 10 мин. мајка ми го внесе в раце однадвор, мачката лежеше во ходник и веднаш ја затворив во соба. Абе како и го осети мирисот иако не беше присутна одма почна да 'ржи и скокна од кај мајка ми.
    Го мамевме со јадење да остане, кашкавал, чајна, сланина... изеде и одма викна за надвор, и морав да го пуштам, инаку збеснува, с'ска, вика (она баш не мјаука туку се дере), ги кине комарниците. :(
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.528
    Пол:
    Женски
    Епа за мирис и да не е таму мачката сеќаваат, ако можиш па неа да ја преместиш некако, да биди на некое
    место каде што тој не оди, а на останатите места испрскај со некој јак дезодоранс и да се ислуфтира еден ден и нема толку да го сеќавам мирисот на мачката и мачињата, надежно. :worried: @MagsDestiny
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Сега уште потешко ми падна, дали негде си ја удрил, или некој друг мачор го има нападнато, ама криви многу со левата задна нога, не може ни да стапне на неа, дури на моменти на три нозе скока од што го боли, и пак не сакаше да остане дома...
    Мачкава е многу мила, и многу ми е грев и за нејзе, некој ја беше фрлил како малечка и си најде домче тука, ама ако би морала да решавам секогаш ќе го изберам него, и не знам, ќе мора некако да гледам да ја дадам негде зошто нема шанси само да ја фрлам на улица, а во исто време нема ни луѓе кои сакаат да земат мачка, па уште сега и со новороденчиња. Само дури да најдам некој дом за неа ми е страв дека сосема ќе се отсели од кај нас.
    На ветеринар ми кажаа дека може да се смени по кастрација, во смисла да стане помирен итн., ама тој си има таков жив, хиперактивен карактер од бебе, и со нас е научен до степен да е како мало дете кое покажува љубомора и сака внимание, дури и пробува да се однесува како што не гледа нас, уште да знае да прозбори. И можеби поради таквиот карактер не прифати уште една мачка во домот.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Според ова што го прочитав и според тоа што добро ги познавам мчките по карактер мачорот твој неговата дома си ја чуатвува кај твојата баба е сега можи живеел кај тебе но ако бабати повеќе го хранела или незнам повеќе му одела да не речам по кефот тој таму си се задомил и сега кога ке дојде кај тебе тој мисли дека е ви туѓа територија тој не рчи поради мирисот на твојата мачка рчи поради местото , тој сега повеќе време е навикнат дај седи кај твојата баба а сигурно нешто го задржало таму и тешко дека ке се врати д живее кај вас , такви се мачките .
     
  17. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Подарувам 2 мачиња ако некоја сака ги имаме во двор 4 ќе пукнам само ми скокаат по нозе а јас трудна се шекнувам ако не ги видам ме вадат од кожа трепнувам цела.:tmi:
     
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Ама работата е во тоа што баба ми не го третира ништо посебно, еднаш двапати во денот му дава да јаде и толку, таа иако го сака како животинче сепак не сака мачки и кучиња и затоа не го разгалува - воопшто не го ни допира, па затоа тој не седи постојно кај неа, седи и се мази само со мене и мајка ми кога сме кај баба, а инаку си се мафта и спие низ дворот меѓу двете куќи.
    Значи не е ни тука ни таму, на средина р, а и 'ржи баш само на мачката, зошто кога таа ќе е низ двор или ќе појде кај баба и таму и с'ска и бега од неа :?:
     
  19. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Не ја сака мачката и ако бабати му дава јадење два пати или еднаш е доволно за да останува таму , е сега единствено решение е твојата баба да не го храни повеќе зошто додека го храни тој кај неа ке оди и некако ке се одалечува од дома и ке биде како сега ни ваму ни таму
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    @MagsDestiny, нема врска дали е кастриран, тоj едноставно си мисли дека новата мачка му ja превзела териториjaта. Бремените мачки знаат да бидат особено агресивни.
    Решение не гледам за жал, едноставно помири се со тоа мачорот да живее каj баба ти, таму барем е единствен и има мир, а и ти ке го гледаш кога сакаш. Можеби со тек на време ке се врати самиот.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.