Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.920
    Допаѓања:
    177.391
    Пол:
    Женски
    @MagsDestiny јас се сложувам со Лоли. Мачките се многу територијални животни, посебно мачорите. Кога нова мачка доаѓа на нивна територија им го нарушува комфорот. Чим баба ти е блиску, подобро да седи таму отколку да замине негде подалеку.
    Кога мачката ќе се породи, одма барај човек да ги земе. Нека бидат кај тебе 2 месеца, ама не чекај последен момент да бараш посвоители. Или може некој ќе сака да ја земе со се мачиња или трудна. Никогаш не знаеш. Прашај во организациите на фб и напомени дека не можеш да ги задржиш зошто веќе имаш мачор кој не ги прифаќа.
    Кога мачорот ќе остане сам. Храни го само ти некое време. Да научи дека храната доаѓа од каде што претходно доаѓала, дека нема друга мачка и се си доаѓа на старо, за да повеќе се задржува кај тебе. До тогаш нека добива редовно храна кај баба ти, за да не си замине. Бар ја вака би.
    Мачките тешко менуваат навики, додуша зависи од мачка до мачка, ама може да ти треба повеќе време да стекне доверба пак во вас.
     
    На theowndemon и MagsDestiny им се допаѓа ова.
  2. Tinna.xD

    Tinna.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Мачето ми се породи пред 4-5 дена во двор ама ја префрливме дома и не правеше никаков проблем не ни проба да ги премести мачињата. Сабајлево незнам зошто беше премногу вознемирена и имаше едно од мачињата скриено под кревет, едвај го извадивме.Сега се смири и пак си е на истото место каде што беше.. Никогаш не била толку вознемирена, од што би можело тоа?? Немам предходно искуство со мали мачиња..
     
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Епа ако самото маче успеало да се отшета до под кревет, затоа била вознемирена.
    Мачките, особено во првите денови до недели од мајчинството многу се вознемируваат и ако само едно од мачињата им залута, им го земеш и слично, затоа и се смирила кога сте и го вратиле.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tinna.xD

    Tinna.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Не одшетало само, мајка ми ја видела кога сакала и друго маче да однесе тука.
     
  5. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Аа, епа тогаш грешно сум те сфатила, извини.
    Инаку сигурно нешто ја има исплашено, дали некој силен звук, дали некое куче залајало, дали силна промаја ја мавнало, мислам смешно звучат примериве, но буквално било што може да е причина да сака да ги однесе мачињата на место - како на пример под креветот, кое е позатскриено, со тоа сака да ги заштити од евентуални натрапници кои би можеле да ги нападнат и повредат. Тоа и е инстинкт.
     
    На Tinna.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tinna.xD

    Tinna.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу, само ме зачуди затоа што предходните денови воопшто не реагираше беше мирна и смирена, дури дозволуваше кучето да седи до нив.
     
  7. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа. Мојата вчера се омачи, и после тоа, за да е посигурна, пакетот со мачињата и нејзе ја префрлив позади боксот на кучето, каде што не би можеле да ја нападнат други мачори, и таа не се плаши од кучето, си проаѓа покрај него за да дојде да јаде и да се врати кај малите.
    Било што, во било кој момент може да ја исплаши и да се почувствува дека бебињата не и се безбедни, ама штом потоа си се вратила по старо, значи дека „опасноста“ поминала и затоа е сега смирена и удобно и е таму каде што е :)
     
    На Tinna.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Мачките секогаш се такви, имам доста искусено со мачка која ја чував пред неколку години. Особено првите недели се однесуваат доста заштитнички. Мојата мачка се омачи на тераса а потоа дури ги премести мачињата на најгорниот спрат од куќата. Сигурно и немало причина зошто ги преместувала под кревет,само мајчински инстикт.
     
    На Tinna.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Јас сакам друго да ве прашам. Мачорот мој има не цели 4 месеци. Најчесто кога е со мене ќе дојде и ќе почне со муцето на алиштата како да цица. Многу мал е одвојан од мачката, имаше месец и неколку дена па си мислам дека ја бара мајка му сеуште. Дали со тек на време ќе се одвикне од оваа навика? Дури во неговото креветче има донесено парчина облека кои ги нашол во соба кај мене и без нив не може да заспие.
    Исто така не е баш голем љубител на галење освен кога му се спие, најчесто на главчето и носето. Дали сеуште нема толку голем осет за галење и предење бидејќи е мал или сепак има мачки кои сакаат повеќе а некои помалку?
     
  10. Nansi

    Nansi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Devojki imam dve mali macinja koi gi podaruvam,zenski se stari dva meseca,preubavi belo so sivo dokolku sakate pisete mi ili dokolki znaete nekoj sto saka da vdomi
     
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    @ana-banana, @Nansi, ставете слики, поголеми се шансите да вдомите некое маченце.
     
    На theowndemon и ana-banana им се допаѓа ова.
  12. Tinna.xD

    Tinna.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    На IM.TMKQ и MagsDestiny им се допаѓа ова.
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Заспива врз твоја облека зошто ја асоцира со твојот мирис и тоа го смирува, се научил да ти верува и фактички тоа му е како замена за мајка му.
    За галењето зависи до карактерот - мачорот мој пример од бебе е така малку надмен и кога неќе не дава да го допреш, а кога сака сам доаѓа и се гали, додека пак мачката ми е како пијавица по мене и стално бара да се мази.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nansi

    Nansi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    20170621_190517-1-1-1-1.jpg orca-image-1499108540541.jpg_1499108540789-1-1.jpg
     
    На spacegirl92, alexa_dimoska, teteks и 6 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Мојот мачор е пијавица за мене, а ако ме нема мене, за било кој од дома - моите, сестра ми, кучето.
    Само сам да не биде.

    Кога сме сами дома секаде оди по мене, у ВЦ, додека се бањам ме чека, додека се сушам со фен од подалеку ме гледа, ако спијам спие до мене итн.

    Кучето не ми е до толку закачаено за мене, ама овој :)
     
    На theowndemon и ceca-1 им се допаѓа ова.
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Решивме дома дека сакаме да земеме расна мачка, покрај обичните мачки кои веќе ги чуваме. До сега имаме чувано сибирска мачка, која беше едно прекрасно друштвено суштество, ни беше најголема љубов во семејството 10 години. Почина пред неколку месеци, ни ја отруја комшиите и чувствувам дупка во срцето. Моментално имам една возрасна мачка, не е расна, и две мали мачиња, од кое едното е ангорче. Ама сакаме да земеме и Maine Coon маче. Е сега барав по огласиве на нашиве страници, ама се се стари огласи, или јас не можам да најдам. Дали знаете случајно некој да има легло со вакви мачки? И дали некаде по пет шоповите имате сретнато да продаваат вакви мачки?
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.535
    Пол:
    Женски
    На Nansi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. prettymamma

    prettymamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет што да правам.
    Вчера ја бањав мачката како и секојпат, денес не јаде, не трча, лежи само омалаксана и поврати два пати од сабајле. Ова никогаш досега не се случило
    Знае ли некој што да и дадам?
     
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    А со што ја бањаше? Другпат си ја бањала со истото средство?
    Можеби од топлото е изнемоштена, да не јадела и нешто сомнително?
    Како прва помош, дај и четвртинка растително јагленче или четвртинка пробиотик, па ако не се подобри носи ја на ветеринар.
     
  20. prettymamma

    prettymamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Ништо различно, ја бањав како секој пат, си јадеше исто што и секогаш, незнам зошто вака..
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.