Нема на што Нема зошто да те плаши ако диши така, прежешко е времево. И мачорот мој денес дишеше така исплазен а тој не е пред пораѓај
Дечки, што да и купам на мачката против крлежи и инсекти, а да не е штетно ако се излиже одма одкако ќе ја испрскам? Прв пат чувам мачка и затоа не знам што и како .
Обично мачки не фаќаат крлежи, ама затоа болви... Ако е помало од 3 месеци, слободно купи прашок Неопитроид, а ако е поголемо - ампула од ветеринар или пет-шоп и раат ќе си неколку месеци.
Ако фати крлежи, правец на ветеринар, таму ќе ги извадат. За болви и јас мака мачам со мојот, само што ќе го исчистиме пак се полни. Има неколку и тие неколку проблеми ни прават ептен. Го прскам со прашокот неопитроид, исто и ампула му ставив ама од неа никаков ефект. Баба ми исто чува мачка и куче и ми спомна од аптека некое средство, течност, кое се раствора во вода и се мачка на кожата, од него пукале болвите. Знаете за што се работи?
Се омачи. Прво се местеше на кревет до мене, па после ја преместив во кутијата. Душичка се измачи и цело време бараше со неа да сум. Сеа има 4 мачиња.
Девојки, после колку време да почнам да им давам друга храна на мачињата?? Имаат 2 и пол недели, па ме интересира после колку време и што да им давам за почеток?
@YoungandBeautiful @christinnn прашоци и разни нешта кои се мачкаат по цело тело не ви препорачувам, зошто сепак мачката се лиже и може да се отруе - а и не само мачки, и за кучиња не го препорачувам ова, сега скоро на еден пријател му се отру така кучката и остави мали кутренца сами. За мачките купете си од ветеринарна аптека ампула Fyprist, им се капнува меѓу плешките позади кај вратот (секако прво ќе го растргате крзното за да капне директно на кожата); се капнува таму бидејќи на тој дел не можат да стигнат да се излижат, а ова ги штити и од болви и од крлежи, јас ја користам долго време за моите. @Matotheja здрави и живи нека и се, беблаци најубавки @Tinna.xD на оваа возраст сосема доволно им е да си цицаат од мајка им, не им треба ништо дополнително. Веќе со навршени 4-5 недели тие сами ќе приметиш дека ќе пробуваат да џвакаат од храната на мајка им, иако таа не верувам да им дозволува, и тогаш веќе покрај цицањето можеш да почнеш да ги привикнуваш на друга храна, ама да биде мокра/кашеста; ако сакаш да купуваш храна за мачки, или да мешаш леб со млеко. Битно на почеток не е препорачливо одма да им ставаш сува храна; е веќе во периодот од 4-6 недели ќе почнеш да им даваш постепено посува храна за да се навикнат на таква
Поздрав. Еве ме мене повторно, на едно од мачињата гледам таму кај вратот до ушето имаше како одрано и отечено. Мислевме дека е од крлеж ама си играше со мачињата и тоа отеченото пукна и истече многу гној. Тетка ми кажа да му ставиме јод и му ставивме на раната. Дали е во ред што ставивме јод? И ако некој знае што би можело да биде тоа?
Може во игра со другите или шетајќи наоколу самото да се има боцнато/изгребано од нешто, па тоа да се инфицирало и загноило - на мојата мачка лани долу на муцката и се направи оток со големина на орев иако на изглед воопшто не се гледаше ниту гребаница ниту ништо, испадна дека е апцес, пукна, истече голема количина гној, на местото и се направи засушена краста и откако таа падна повторно и порасна крзно. Океј е што сте ставиле јод, од тоа нема никаква штета, и не се грижи, не е страшно
А како заклучи дека мачето е бремено? На таа возраст нема шанса, сигурно се работи за нешто друго. Дали му имаш дадено на мачето таблета за глисти и паразити? Не е ништо страшно, но сигурно стомачето му е отечено. Консултирај се со ветеринар, и земи таблета, 1/4 за таа возраст е доволно.
Најверојатно е од таблетата, сепак консултирај се со ветеринар но дадената количината е доволна за 4ри месечно маче. Ако нема други симптоми не би требало да е нешто страшно, но сепак не верувам дека е бремено многу е малечко, барем според мене. Нека пиши и некој друг ако има вакво искуство.
Извинете можеби досаѓам, ама сакав прво вас да ве прашам. Едното од мачињата (со најмал раст) гледам последнава недела почна се помалку да јаде, порано беше буцко сега ослабе. Денес тетка ми коски му дала, не сакало, потоа јас му дадов салама (обично полудува кога ќе види салама и целата ја јаде) ама и тоа не сакаше. Му дадов слатко млеко од фрижидер за да се освежи и да живне. Пие по малце и ќе седне и така само по малце дреме. На грбот има како малку одрано и зараснати ранички, незнам можеби и крлеж е а може и не. Можеби и од жешкото ама кога беше уште пожешко повеќе издржуваше. А уште нешто, тетка ми оставила и малку лута паштета и мачево каснало, знам дека е не е добро за нив, ама тетка ми мислела дека ништо нема да му биде. Се има ли случено кај вас ова? И што да правам? @MagsDestiny , @theowndemon , @Lady Phoenix што мислите вие?