Пак ќе речам, премало ви го дале. Тоа е уште цицалче, мора да најдете начин да го фатите, да го храните почесто (со пипета, шприц..) и да се привикнува на новата средина кога веќе е приморано толку мало да е одделено од мајката. Некои совети низ оваа тема или од тука може да ви се најдат.
Треба да го припитомиш БЕЗ да го плашиш и БЕЗ сила. Стави малку мевце или сланинка во рака стави ја не многу близу но и не многу далеку од него, тоа ќе го намириса месото и нема да може да оддолее. Спојлер Се надевам ти помогнав, чекам измени
многу брзо се откажуваш јас еднаш имав две мачиња малечки и ги чував кај машината за перење, во една кутија и кога и да ме видеја, се криеја зад вратата, зад машината, секаде ги оставав така да бегаат, не одев по нив да ги земам, и по некое време се смирија, а тогаш почнав да ги земам во раце и да ги галам, и малку по малку се припитомија.. и ај моиве две беа, твоето само е, уплашено, се му е ново, затоа немој да очекуваш веднаш да ти дојди и да се гали, остави го малце на мира, и по некое време кога ќе сфати дека не сакаш да му наштетиш, ќе се смири... и прво ставај му храна подалеку од креветот за да излезе од таму и по некое време кога нема да бега, храни го од рака.. инаку јас сакам да прашам - колку време се смачни мачките ?? имам една и ова и е прв пат да е смачна, па и малку сум загрижена дали ќе знае како треба со нив.. неа ја најдовме како многу мала, беше фрлена кај една река и мајка и не беше таму, многу мала беше и затоа ми е страв да не не знае како треба да се грижи за нив и да не умрат имаше многу голем стомак и пред некое време ја немаше 1-2 дена и кога се врати некако смалена беше, па си реков, да не се омачила некаде на скришно место ама немаше ни крв ни ништо, тоа малку ме чуди.. инаку, ако уште е смачна, најверојатно е во 3 недела, па незнам дали може по три недели да се омачи ?
уф па само три недели ,немогуче е да се омачила.можеби имала спонтан ,најдобро однеси ја на ветеринар.
инаку јас сакам да прашам - колку време се смачни мачките ?? имам една и ова и е прв пат да е смачна, па и малку сум загрижена дали ќе знае како треба со нив.. неа ја најдовме како многу мала, беше фрлена кај една река и мајка и не беше таму, многу мала беше и затоа ми е страв да не не знае како треба да се грижи за нив и да не умрат имаше многу голем стомак и пред некое време ја немаше 1-2 дена и кога се врати некако смалена беше, па си реков, да не се омачила некаде на скришно место ама немаше ни крв ни ништо, тоа малку ме чуди.. инаку, ако уште е смачна, најверојатно е во 3 недела, па незнам дали може по три недели да се омачи ? [/quote] Не сум сигурна баш, но како што броев на мојата мачка имаше 9 недели. Твојата мачка точно на време се породила, зошто првите две-три недели мачињата се сеуште мали, на пр. кога жените се бремени во прв месец не се забележува многу. Мачката немала крв зошто кога ќе се породи таа се мие (ја лиже останатата крв), ја јаде кошулицата и ете чиста мачка. Знам зошто еднаш ја гледав моја Теза (црна мачка), штета што неможев да ја снимам да ја покажам тука, но сепак подобро за неа да не се мачи веќе. Спојлер ја стерилизиравме 24 легла имаше сиротката
најверојатно не била само 3 недели.. ИМАМ МАЧИЊА !! ама најверојатно вчера ги омачила, и си лежат кај машината за перење (во зимата таму спиеше па изгледа и таму ги омачила)... уште ги немам видено, ама брат ми ги слушнал кај што мјаукаат вчера, и како што гледам, мачката лежи до нив и ги топли, значи иако не растеше со мајка, и дојде мајчинскиот инстинкт се надевам ќе бидат здрави и живи, едвај чекам да ги видам
денес си земав едно мало маченце со сини очиња, машко е и си го нареков Корки многу е малечко, и слатко, но имам едно прашање бидејќи сум неискусна со чување на мачиња, бидејќи сега е уште малечко (има 3 недели) и го внесов дома да ми седи, но моите нешто ми “мрчат’’ за тоа, па ме интересира кога е најдобро време да го пуштам надвор во двор да седи и кога јас нема да бидам покрај него? Многу се плашам дека ке фати “магла“ и ќе ми избега. ве молам за некој совет
мачињата ми се слатки додека се мали...после тоа некако дволични ми стануваат ама не ги мразам сите животни си ги сакам
Секако дека секое маче ќе се плаши во нова средина. И моето нон стоп бегаше ама се тоа се среди по една недела. Кога ќе ми текне колку малечко беше. А сега мече . Малку е комплицирано за одржување хигиена има бело крзно и долго и густо, па се се лепи на него. Турска ангорка е или персиско незнам.. Сега малку ми изгледа искубано, многу се мити а и се живо лепи нанего па мора да го чешлам така повеќе се скубе. Сакам малку да го поправам ништо несака да јаде. Нема глас неможе да мјаучи незнам како го изгуби можеби давејки се со другите мачки. Ама многу си го ссакам и сакам да го поправам и крзното да му го згуснам некако незнам што му фали не јаде денес му давав јајце одвај го изеде.
Многу сакам мачиња.Толку ми се слатки а во исто време може и да ве изгребат или грицнат Таман си го пртомив мачорот, го снема ...Го нема веќе 2-3 дена, а нон стоп се вртеше по дворот,теарсата И наеднаш го снема...Имаше еден голем мачор се го бркаше. Сега ми остана само мачката,црна е цела ама доста е стара.Сепак можеби ќе се омачи па ќе си имам мали маченца Колку мачиња сум имала од мала ама ете се некој ги грабнува или незнам на некаде забегувват Кога ќе имам мој стан или такво нешто, ќе си имам маче и внатре ќе си го чувам Срамота ова луѓето колку троват мачки само за некоја глупава причина. Најискрено кучиња многу не сакам ама мачиња обожавам.И баш си се навинкав на него.Незнам со луѓето така не се сврзувам како со животните.Едноставно тие не бараат ништо,само сакаат да ги нахраниш и многу да ги галиш.
првпат чуваме маче еве веке 4 месеци наполни и постојано каса и гребе.ај за гребенјето ама не сум знаела дека мачките касаат.игра му е тоа некоја фаза или???ке помине или така ке му биде.и друго,се храни исклучиво со сува храна мнооогу ретко остатоци од нашата ама не знам колку му е доволно како да му ја дозираме.колку и да му ставиме ке ја изеде-ко ненеаситен е.
Дека живееме во стан па немам можност да чувам мачки само додека се мали па после ги пуштам да шетаат. Како помала имав маче се викаше Тоше белко со кремово многу беше мило и слатко и паметно маче го чувавме дома додека да порасне, кога порасна почнавме да го пуштаме и тоа самото си се качување до пред врата мјаучеше за да му отвориме да си влезе или да му дадеме да јаде, пред зграда ловеше глувци, се качуваше по дрва фаќаше гугутки чудо беше. Еднаш се беше затруло со отров за глувци ама го спасивме, потоа некој ми го украде го снема наеднаш Е скоро пред една година земавме две мачиња од иста мачка машко и женско ги чував додека беа мали ама кога пораснаа дека две дома лом праеа па ги дадов кај тетка ми
imam macka i ja cuvam nekolku godini, dosega i nema fateno bolvi no ovie denovi primetiv deka ima a jas nemam iskustvo sto treba da napravam so nea i sot da napravam da ne mi se prosirat vo domot? Ve molam dajte mi nekoj sovet oti me faka panika i ne mozam da spijam...
Имаш шампон,ампули,прашок и многу други средства за отсранување на болви. Појди во ветеринарна аптека и пред се мораш да знаеш колкава е тежината на твоето мечеа.Прашај и ќе ти објаснат убаво се,што,како,според тежината.Ампулата ти е најефиксаното решение,мислам дека.Сепак,ти одлучи си.
Земи средство за волви кое се раствора во вода и во некое шишенце со пумпица распрскај насекаде каде доаѓа во допир мачката.