Извини, не ми стигнало известување дека сум тагната. Колку се возрасни мачињата, зошто коски сте им дале, и какви коски (рибини, пилешки...)? Колку време не јаде ништо, само денес, или повеќе денови? Во млекото кое ќе му го дадеш стави му малку шеќер да се растопи, во случај на труење млеко со шеќер е најдобра прва помош за мачки и кучиња, ова од искуство ти кажувам. Инаку, доколку пие вода и млеко, тогаш е добро, страшно е ако престане и да јаде и да пие. Тие рани прегледај ги, дали биле големи, длабоки, дали има останато нешто во нив. Вака ништо попрецизно не можам да ти кажам. Само набљудувај го, види како се однесува, дали повраќа, дали има дијареа, дали ќе сака да шетка наоколу и да си игра, дали само спие или не спие но изгледа зашеметено, итн. Доколку видиш да му се влоши состојбата, а не си во можност да го однесеш на ветеринар, бар јави им се, можеби ќе ти кажат нешто попрецизно, јас по ова што си го пишала немам точна идеја што би било.
@MagsDestiny , Еве вака. Има 4 месеци, наполни пред 2 дена. Коски како и обично пилешки многу ги јадат, сите други мачки јаделе само таа не. Неделава почна помалце да јаде, обично им даваме кисело млеко со леб, порано прва трчаше а сега само ќе помирисне и се трга, и давам од рака тогаш сака да јаде ама по малце, околу половина од тоа што јадеше порано. Вода не сакаше да пие, ама и истурив малку на главичката и по грбот за да се освежи (и пазев да не и влезе во ушите, едноставно само ја намокрив, не ја избањав цела ) Раните не се длабоки, зараснати се како корупка тврди онака мали како топчиња. Сега по малце е зашеметена и лежи во тревата, бидејќи ја чувам надвор неможам точно да знам дали повраќала, сега само си дреме по малце.
Немој да ја мокриш сега, лудо е времево, а ако е понежна може да настине. И кога сум кај настинка, да не е случајно настината? Вака може да се однесуваат и кога се настинати. Мачоров мој, бидејќи од раѓање го чувам дома, и излегува надвор кога сака сам, е многу нежен, и постојано настинува, па кога малку повеќе ќе го фати знае вака да почне да се однесува. Види дали е затната, дали и свират градите, дали и е затнат носот. Навистина појма немам што друго да ти кажам Ако си од Скопје и ако сакаш, во лп можам да ти дадам број од ветеринарите со кои се консултирам јас за моиве мачки, па ако видиш да не и е добро, можеш да се јавиш.
@MagsDestiny баш ќе проверам дали е затната. А иначе да, од Скопје сум, моите кога чувале куче го носеле кај Др. Наталија Налетоска мислам дека беше, тука во Ѓорче, незнам дали знаеш. Иначе фала, ако има нешто по сериозно ќе пишам. Поздравче
Мачето поврати бели црвчиња незнам дали беа глисти, и сега е многу исцрпено. Денес сабота можеби не работат ветеринари, кажувајте брзо. Ќе полудам @MagsDestiny @theowndemon @Lady Phoenix
Веројатно се глисти, сепак однеси за секој случај на ветеринар. Исто провери го и изметот за сигурно да видиш. Забележи и дали се движи на газ. Глистите би требало да се тенки и долги. Исто прашај и во пет шоп за апче и дозирање дур чекаш до Пон за на ветеринар.
Да, но баш сабота денес, ништо не работи, туку мачево некогаш дури се клати ко да ќе падне, дури ми е страв да не умре... @theowndemon Фала сепак @MagsDestiny ај ако можеш да ми пратиш броеви од ветеринари од Скопје, сигурно ниту еден не работи но барем да видам да прашам...
Си го заклучила профилот, не можам да ти пишам, прати ми ти мене лп за да ти пишам. Сигурно се глисти, и пази се и миј ги рацете за да не случајно дојдеш во контакт со јајцата без да приметиш. Апче под најитно, било од пет шоп, било од ветеринарна аптека, и сè ќе биде во ред.
Нормално е да е малаксано ако има глисти, сепак му ја "јадат" храната, ама апчињата се многу успешни. Само убаво слушај за како да му го дозираш и превентивно ако му немаш даено апче на другите мачиња - дај му.
За да не чекам до вторник за апче против глисти, дали да му земеме Линекс? Еден пријател ни кажа дека можело и тоа. Или?
На мачки (и општо животни) не е препорачливо да се даваат човечки лекови. Плус, нема да има никаков ефект.
Мене па повеќе ветеринари (за иста работа кај најмалку пет души бев зошто ... Параноја), ми рекоја дека наши лекови имаат ист ефект кај животни, капки за мачката зедов од аптека и маста исто, а и другарка ми еднаш нејзиниот ѝ имаше даено аналгетици и парацетамол ... Сепак, @Queen of Cats лично јас се воздржвам од давање било што на своја рака безразлика дали за животно или човек, особено ако не сум детално запознаена со ситуацијата.
Бидејќи е затворено, нема ветеринари, мајка ми зела Линекс во аптека и кажале да му даде за да ја заштити флората на желудникот и цревата, а исто и дале и физиолошки раствор за во течност за да не биде омалаксано. Ќе видам какво дејство има па ќе ви кажам, поздрав
За сите лекови не можам да тврдам, бидејќи не знам. Но, големо но, она што знам е дека јаки лекови (како на пример антибиотици) не се даваат, бидејќи им го оштетуваат црниот дроб. Е сега, Линекс лично немам користено, колку што знам обичен пробиотик (?) е, така што нема да има штета, но не верувам да има ни корист.
Јас во секој случај се консултирам, сега бар кога останав кај еден ветеринар кој ми се допадна најпоќе. @MagsDestiny ама пак да можеше антибиотици за животни, ќе можеа да издаваат рецепти, така да неможи, ама Линекс во случајов е пробиотик, нема што поразлично да делува ама мој совет е да се јави бар на телефон @Queen of Cats кај некој ветеринар и да се консултира. Имај си бројче вака од ветеринар за секој случај, зошто, што можи и што неможи да се дава тие најдобро знат. Еден од ветеринарите ми рече дека можело и сите, а овој кој сум тоа што ми даде беше за земање од наша аптека. Јас не знам, тој рече, јас бев испаничена и ојдов на следно мислење за секој случај и на крај купив сите што ми рекоја, а искористив само едно... #логика
Се јавивме и рекоа добро сега за сега што сме му дале, а во вторник ќе одиме по апчиња Иначе фала многу и на двете, поздравчиња
Здраво девојки имам мало маче од 3 месеци и приметив дека ноктите му се лупат, под секој нокт има делче како напукнато и се двои (Не го боли, нема крв ништо такво само паѓаат теенки како ливчиња). Наоѓам парченца низ дома, истото се случуваше на мајка му порано ама и помина. Од што може да биде знае ли некоја?
Луѓе, луѓе, јас се испаничив. Има една мала дупка мачката моја, крзното како да ѝ е паднато ама не целосно, повеќе како проретчено ѝ е. Денес неможам да одам до ветеринар, утре ќе претрчам, кажете вака тешете ме шо да прам до утре.
Ништо не е страшно, не се секирај. И кај моето куче го приметив истото, кога го однесов на ветеринар ми рекоа дека најверојатно е нешто габично и не е страшно, ако почне да се проширува да го однесеме да ни препишат маст. Не му се прошири и немаше потреба од терапии. А во домашни услови е чуван, ама ете...како и да е нема место за паника, во секој случај е кожен проблем