Постот е од септември, но сепак ќе пишам. За дијареа - солен ориз варен, може и компир. Млеко не. Наредниот ден би требало да има ефект. @Valencia За подобрување општо на состојбата јас му давам на моето витамини Multicanevit. Дозирање спрема возраста. Лекарот ми рече дека веднаш ќе покаже и на квалитет на влакното.
Дали е дозволено мачиња да јадат варени јајца? Му дадов на моево и се потепа јадејќи, особено по жолчката
Идеално е да бидат живи, но и варени не сметаат. Само не му ја давај белката опасна е. Жолчката е одлична за здравјето и може да му ставаш во оброкот неколку пати неделно.
Имам црно-бел мачор со црна дамка на носето. Значи јас си го ранев убаво си го здебелив, а тој почна дома да не се прибира, доаѓа на 2-3 дена удавено целото. Но тоа во овој период, после би требало дома да се прибере.
Ми го немаше мачорот 2 дена, денес го најдов стуткан на едно место..Многу е исплашен..Голем е ама многу му е страв од други мачки..Кога и да го пуштам надвор натепан се враќа.. Го земав му дадов да јаде, го галев но се треси цел и ми ржи.. Незнам што да правам
Кастрација. Едит: требаше да почекам да праша уште некој за натепаниот/збеснатиот/напалениот мачор така што ќе имав four in a row. Но, да, луѓе, сезоната почнува и мачорите збеснуваат периодов, најлесно ќе си поминете ако ги кастрирате.
Мојот мачор е 6 и пол месеци стар и не смеам да го кастрирам до 8 ми месец, не е агресивен но многу мјаука навечер.
Нема ништо поубаво од домашно милениче. Особено ако имаш мачка или пак куче. Но во случајов мачката е нешто посебно. Да ти се мота околу нозе,да спие со тебе,да ја гушкаш и гњавиш без престан. М Е Р А Ц И Една вечер ја оставив сама во ходник, не издржа ни секунда сама. Ја подбутна вратата и ми скокна во постела. Чувајте мачиња бе девојкии, нема да се чуствувате ни секунда игнорирано..
не знаев дали е мислењево за тука, ама ај пак ќе си прашам Сега кога беше парењево многу мачки ни се вртеа во двор и мојава не ми даваше да ја фатам Пред некој ден и забележав како по цело тело на кожата има како гребаници или красти во најлош случај. Вака видно не се гледаат но дека е бела при галење се приметуваат Црвени точки некои поголеми некои помали на повеќе места. И нема влакна на тие места А јас упорно си ја галам. Да не е нешто преносливо? Како да и ги излечам? Моментално не сум во можност да ја носам на ветеринар
Имам персиска мачка која ќе се омачи за неколку дена, доколку е некој заинтересиран за купување на маченце нека ми пише )))
700 denari vakcina i posle dve nedeli se pravi revakcina i taa e 700 denari. Cenite se od ambulanta Naletovski vo Gorce.
Нема нешто поубаво од тоа после напорен ден мало суштество да ти преди во скут. Најдобрата одлука која што сум ја направила дефинитивно.
На мојот мачор му падна предно забче - долна тројка.. Стар е 7 години.. Што да правам? Дали е сериозно?
Поздрав! Мачката моја по долго време викање за мачори, ја пуштивме надвор. Се спари многу пати, со различни три мачори. Едниот е од тетка ми, а другите двајца дојдоа од нејзиното викање. Имаме подрум и таму цело време се бркаат. Нашава ако ја ставиме внатре кај нас, веднаш почнува да вика. Така да, сакавме вчера ноќта да ја преспие надвор бидејќи не сака внатре. Ја оставивме надвор а таа влезе во подрумот бидејќи беа отворени прозорците, А со неа потоа влегле и двајцата мачори. Каде-каде се поголеми од нејзе. И така околу 1 саат по полноќ слушнавме некое силно лупање, односно како да паѓа нешто. Отидовме да видиме А таму беа само мачорите, нашата мачка ја немаше... Од вчера ја нема, не се појавува... Проверивме сегде ама ја нема, дали би можело да има страв од мачорите и да се крие некаде? Што мислите вие?
Мачорот секое сабајле ко тајмиран вришти за храна и гребе по врати. Има ли начин да го одвикнам од ова? А и откако ќе јаде некогаш продолжува со истото. Не знам што му е.. Едит: Ми се измоча во соба а има постојано пристап до песокот во вц.