Смее мачка да се остава на тераса која не е преградена или на отворен прозорец? Има шанси да се џитне од 3ти или??
Има, моето од петти се џитна но затоа што приспособени им се зглобовите на пад од висина преживеа но може и да се повреди или да залута...
Ми се омачи мачката пред месец дена. Персиска, парена со персиски мачор. Доколку некој е заинтересиран за маче, нека ми пише порака.
Како го растварате прашакот Нео питорид за против болви? Јас му сипувам така само прашак во крзното ама нема ефект. Па дали некој го користи поразлично? Ако некој го има користено поразлично и имало ефект нека пише ве молам. Мојот мачор врие од болви . Кажувајте спас.
На кои места му ставаше ти на твојот мачор од прашокот? Јас единствено можам само на тилот оти скоро на сите други места се лижи. Дали ќе има ефект се прашувам.
Ве молам за помош. Вчера во просториите кај нас се прскало со ride или некој сличен распрснувач против комарци. Вчера вечерта и денес на мачорот му солзат очите и повремено кашла. Инаку се гали вака, пие и вода, јадел сабајле наводно, ама не е разигран и како што кажав повремено кашла по една минута. Не можам да го контактирам ветеринарот, сабота е. Ве молам за совет побрзо.
Мојот мачор во комшии јадел коски од риба и сега не мјаука убаво,што може да е, опасно ли е, треба ли нешто да му дадам? Ве молам за помош
Ништо не му е, не му се плаши, ќе му помине. Мачките имаат јака киселина и ги варат коските без проблем. Немора да значи дека од коските не мјаука убаво, можеби настинал и тие настинуваат како нас. Ако е ,,успорен снимак,, не јаде и не пие вода, кива...јас си го лечам со четвртинка парацетамол и за ден-два е како нов.
Парацетамол на мачка никако. Сте имале среќа, инаку е отровен за нив и може да искрвари и црниот дроб да му го оштети. Аналгин може соодветно на големината. Антибиотик исто, се дозира како кај човек според килограми и на исто часови се дава. Моите мачки така ги лечев лани зимата. И покрај вакцина настинаа. Меури од нос како на мали деца им искачаа, глас им се фати итн, само со амоксиклав и млака вода ги излечив, ги измеркв кој колку е тежок и им изрендав од таблетата. За 3 дена здрави беа, а од таа настинка многу домашни миленици умреа и тоа лечени на ветеринар со инекции секој ден. Читајте добро на нет пред са им дадете нешто, а инаку се лечат и со лекови за луѓе, во принцип истиот лек е само поскап за нив.
Дали мачките се омачуваат 2 пати годишно? Мачево мое нема година а се однесува чудно.Мислам дека е трудна.Ги влече нозете, се тегни, се гали,си се чешка од тепих на грбот се прпела по земја.
Ќе и штети, мала е. Стерилизирај ја и за нејзино добро, и за твое, што ќе правиш со 10+ мачиња годишно?
Моево маче не знам што му е, како да сака да поврати ама не можи. Не знам што да правам. Изгледа кога се лижеше нешто има голтнато. Некој ако знае што да му дадам?
Јаде само храна за мачки или? Ако јаде коски пример, може да му се закачи во грло. А може и од сопственото крзно што се лиже. Можеш малку ама малку млеко да му дадеш, ако не е поарно до сабајле носи го на доктор. Мојов е голем па ако се прејаде од стрв после така прави, најверојатно ништо страшно не е, ама посматрај го посебно што викаш малецко е.