1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Влакна се во прашање, не и е ништо. Бидејќи се чистела(лижела), и е насобрано како топче од влакната внатре во неа.
     
    На Polsko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.522
    Допаѓања:
    24.561
    Пол:
    Машки
    Некој да ми предложи тоалет и песок за мачки од онлајн шоп? :) Фала
     
  3. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Мачката ми се пораѓа женски, хелп ме.
    Првото го роди мртво, сега е мирна си лежи и се гали.Колку време трае породувањето? Дали има нешто врска со тоа што сега си седи мирна, или ваљда коа ќе почнат контракциите тогај мјаука.. уф.
    Не знам како да се однесувам и јас, сакам да и помогнам ама не знам како.
    Ја ставивме на топло во картон со ќебе.
     
  4. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    @lilly57 Остави ја, немој да ја притискаш или со сила да и ги вадиш. Сама ќе ги раѓа и ќе ги чисти.
    Ако можеш биди тука покрај неа вечерва ама немој да ја чепкаш. Само нека лежи на чисто и стави и вода и малку храна до неа нека има.
    Знае да потрае подолго, се заморуваат брзо особено кога раѓа мртво маче, не се мрда а со самото тоа и не и помага за да излезе. Кај мојата знаеше да трае и по пола ден, ама ништо страшно.
    Секако утре консултирај се и со ветеринар, за посигурно, мада ако не покажува некои компликации нема ни потреба.
     
  5. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски

    Јаа дома ја чувам па така и тука се пораѓа.Све лом ќе биди,ама греота е, и плус само таа соба е топла.Само здрава да ми е, другото на неа оставам.Прв пат е мајка, а и јас прв пат се соочувам со вакво нешто и затоа се плашам.
     
  6. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Каде би можел да најдам мало маче British Shorthair со нормална цена до 200 евра?
    И ако би можеле, да ми дадете некое инфо за овој вид на мачки...
     
  7. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Ма.нев Види низ групите за миленици, мислам дека видов пред некој ден.
    Но и би ти предложила воопшто да ги погледнеш огласите за какви се не слатки мачиња бараат дом и не расните не се ништо помалку, плус ќе спасиш нечиј живот :sun:
     
    На candy.cane, staycalm и Кена Рис им се допаѓа ова.
  8. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Сум имал вдомено мачиња, но ова би го зел само од љубов кон расава.
    Имам порано соберено од улица 2 мачиња, ги вдомив и едното ми заврши трагично, а другото избега.

    Пред година дена имаше на оглас ставено вакво маче, но сопственикот му бараше вртоглава цена.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    5.082
    Како оди процедура за лекување апцес кај мачка?
    Третман, времетраење, цена???
     
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.621
    Допаѓања:
    173.933
    Пол:
    Женски
    Дечки, вие што чувате мачки подолго време, какво им е однесувањето со годините? Мачкава има 6 полни години, повеќе не е активна како што беше, се попребирлива станува за јадење, и мјаукањето и е мноооооогу тивко.
    Ок, секогаш потивко мјаукала, ама ја памтам како поактивна, ми крадеше шнолчиња за коса од маса само за да игра со нив низ дневна. И купив играчки глувчиња ама не и држат многу интерес.
    За разлика од мачорот што го чуваме со маж, кој е преактивен, нон стоп скока, брка нешто, дебел е, јаде се живо не пребира, кога ќе мјаукне цело маало го слуша, а мачкава е многу смирена, почесто спие и само сака да се гали... Тоа е тоа? Стара е.. или да барам чаре на ветеринар?
     
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Женски
    Може до карактер да е, ама обрни внимание дали јаде доволно, каков и е изметот, и сл. Прочистена е од глисти? И тие ги омалаксуваат мачките.
    Инаку шест години не е старост за мачките, тие живеат подолго од кучињата, во просек 15-20 години.
    Најстарата мачка што ја знам има околу 12-13 години, живее во куќа 200 метри подалеку од мојата ама секој ден шета натаму наваму по скоро сите дворови, се умилкува, гласно мјаука, дебелка е и има одличен апетит, секогаш би јадела.
    Ако и се променил карактерот и однесувањето не е лошо да ја однесеш на ветеринар.
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.621
    Допаѓања:
    173.933
    Пол:
    Женски
    Мачкава од секогаш беше многу мирна... ама сега е посебно..
    Работата е што таа има апетит само за храна што таа ја сака како кашкавал на пример, во него се дави, ама не може мајка ми да си дозволи само со кашкавал да ја храни, и смени еден куп различни суви храни, ниедна не ја бендисува.. и јаде само колку да јаде од нив. Па и меша со конзерви па така да јаде. Тоалет редовно користи. Единствено е што не е многу активна. Порано знаела подолго да се заигра, не дека сега не се заигрува туку многу брзо губи интерес. Не знам дали се случило одеднаш или постепено, не живеам со нив..
    Не ми изглеа за болна, туку ко депресивна.. не знам ни дали постои нешто такво кај мачки...
     
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    И јас се спремав да прашам за истото.
    Мојот мачор исто јаде пие нормално, спие исто како порано, ама не ми е расположен некако.
    Баш што викаш како депресивен, ептен млитаво однесување..
     
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.621
    Допаѓања:
    173.933
    Пол:
    Женски
    Да ги споиме.. може ќе се најдат со исто ментално растројство :D
    Шега на страна, така ја осеќам, ко без волја.. ќе видам како ќе биде уште ден-два па ќе вртам кај ветеринарот ако не се опраи.. :|
     
  15. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Nema sansa za 200 da najdes British shorthair, najmalku 400 evra se tie.
     
    На Ма.нев му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Поголемиот мачор ми е многу немирен и секој месец е повреден. Овој пат повредена му е едната нога и многу го боли. Не знам дали смеам да му дадам мал дел од некое апче против болки. Ако некој знае нека ми пиши и какво апче треба да му се даде?
     
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Женски
    Oд "човечките лекови", смеат аспирин, ама во многу мала доза, 10mg/kg еднаш дневно. Никако не смеат парацетамол или блокмакс (ибупрофен). Секако најбезбедно е на ветеринар да му дадат соодветно апче против болки, но и аспиринот ќе заврши работа во домашни услови.
     
    На Polsko му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kettiii

    Kettiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво! Можеби е глупаво прашањево, ама голема мака имам. Мачката мојапосле две недели од стерилизација, има инфекција на очите и израстоци како топчиња на ушите. Е сеа имаме еден голем проблем, на ветеринар никако не сака да оди. За операцијата Марин некако се справи со неа да и стави анестезија т. е ја однесе во друга соба. Јас не можам никако да ја извадам од бокс и да ја држам за преглед. Имал ли некој слично искуство и како се справувал ветеринарот ? Морам да ја однесам, му пратив слики на Марин вика на каснало нешто, а друг ми вика габична. Има ли некој ветеринар во Скопје што добро се снаоѓа со темпераментни мачки? Ви благодарам
     

    Прикачени фајлови:

  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Женски
    Мислам дека можеш да и дадеш 0.5 мг диазепам еден саат пред да ја носиш, мене така ме советуваше ветеринарката бидејќи и мојот мачор го маваше хистерија таму. За секој случај прашај го и твојот ветеринар.
     
  20. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    2.767
    Пол:
    Женски
    Луѓе ве молам за помош, на почетокот на опавчето моето маче има раскрварена рана од која му тече нешто кафеаво и нон стоп се лиже, се јавив на ветринарката и и објаснив што како а таа ми вика ништо му не е стави му бетадине, а бетадинето секогаш го лиже и сега не знам што да правам страв ми е, а и само една ветеринарна има во мојот град.
     

    Прикачени фајлови: