1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. Angel103

    Angel103 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    Наредна недела ќе земам маче. Имате ли некој предлог за песок за мачки кој го користите и од кој сте задоволни.
    П.с. Важно ми е да не мириса
     
  2. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Женски
    Oд Стокомак е одличен песокот, 190 денари/10 литри. Се згрутчува.
     
  3. Angel103

    Angel103 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    Фала!!
     
  4. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :$ Имам ново милениче, маченце од пред неколку дена. Има 2 месеци и е сијамка. Секој совет ми е добредојден, од типот на храна која е најквалитетна да и ја давам (не ја сака течната само сува јаде предпоставувам таква и давале од кај што е земена) до тоа како да ја карам (ми кажаа со весник на ветеринар). Ја примивме првата вакцина во понеделникот. Многу е мила и се гали. Не гребе не гризе па дури ни во играње. Спие со мене цело време и е најзлатна на свет :inlove:

    3F10F5BF-14F2-45CE-913C-0374BFDCF189.jpeg 0BB837FC-00A8-4A78-80C2-6F30D25EB0CB.jpeg AF2FF510-8122-40BA-86D2-D73080A5484D.jpeg
     
    На Adorabela, Lilianna, A_star и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Женски
    Кукла! Како се вика?
    За сува храна зависи до која цена си спремна да одвоиш, најквалитетните се секако и најскапи.
     
    На Trxmx му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам.:inlove: Се вика Шила. Ми кажаа дека royal canin била мн квалитетна и планирав таа да и ја купувам барем додека да направи една година, бидејќи било најбитно првата година додека расте. Па мислев понатаму да мешам со некоја поефтина, само страв ми е да не не сака друга ако се навикне. Еве дајте ми совет :$
    И направив и инстаграм ако сака некој да ја види @shilla.thesiamese :$
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Женски
    Срце е, многу е мило, и баш и стои името.
    Royal Canin е повеќе преценета отколку што е навистина квалитетна. И јас се сложувам со твоето мислење дека барем додека се во раст до една година некаде, не треба да се штеди на храна. Јас ти ја препорачувам Оријен, апсолутно најквалитетна храна кај нас, па и на светско ниво. Цената е 695 денари/кг, ама дневно се дава многу малку, по 30 грама бидејќи е многу калорична, така да еден кг ќе ти трае 33 дена и е поисплатливо споредбено со Royal Canin на пример која е 550 денари/кг ама се дава по 50 грама на ден, така да еден кг ќе ти трае 20 дена.
    Како општо правило за храна, внимавај од петте први состојки првата да е чисто месо, и да има барем две други меса помеѓу првите пет состојки. Избегнувај храна со глутен или барем со пченка и пченица затоа што се проблематични за мачките. Треба да има најмалку 35%протеини и околу 20%маснотии за крзното да биде убаво, меко и сјајно.
    Откога ќе наполни 6 месеци менувај му ја понекогаш храната за да не се навикне само на една, може некогаш нема да ја увезуваат па би имала проблеми. Убаво е и да го навикнеш на паучи одвреме навреме, тие во ДМ се добри.
     
    На Trxmx му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за одвоеното време и опширниот одговор. Навистина ми е од помош. Инаку не ги јаде паучите и давав неколку пати само сувата храна ја јаде и кога ќе и ги измешам може да пробам друга некоја:)
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Оријен кет енд киттен ти е според состав најквалитетна, но, и најскапа. До година дена треба да јаде cat and kitten,после може другите вкусови.
    Но, тука имаш и други со добар квалитет храни како Фармина маттисе китен, санабел китен, пурина про план киттен, хуссе, леонардо киттен и брит кеар киттен (после оријен најквалитетна од сите други).
    Јас сепак би ти предложила и барф исхрана, добро искомбинирано живо мевце, најдобро е најприродно е.
    Да ја караш со весници, ќе пројави одвратност према раце и после ќе немаш мачка што се гали. Сеа за сеа палава ќе биде многу до година дена, па стерилизација ти препорачувам на 5-6 месеци старост.
     
    На Trxmx му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Женски
    Не е проблем да зборувам на темава затоа што и јас сама доста истражував па сакам да споделам.
    Еве на пример каков е составот на Оријен:
    Fresh chicken meat (18%), fresh turkey meat (7%), fresh whole eggs (5%), fresh chicken liver (5%), fresh whole flounder (4%), fresh whole herring (4%), fresh turkey liver (4%), fresh chicken heart (4%), fresh turkey heart (4%), fresh chicken necks (4%), chicken (dehydrated, 4%), turkey (dehydrated, 4%), whole mackerel (dehydrated, 4%), whole sardine (dehydrated, 4%), whole herring (dehydrated, 4%), chicken fat (3%), whole red lentils, whole green peas, whole green lentils, whole chickpeas, whole yellow peas, lentil fiber, whole pinto beans, whole navy beans, chicken cartilage (dehydrated, 1%), herring oil (1%), chicken liver (freeze-dried), turkey liver (freeze-dried), fresh whole pumpkin, fresh whole butternut squash, fresh whole zucchini, fresh whole parsnips, fresh carrots, fresh whole red delicious apples, fresh whole bartlett pears, fresh kale, fresh spinach, fresh beet greens, fresh turnip greens, brown kelp, whole cranberries, whole blueberries, whole saskatoon berries, chicory root, turmeric root, milk thistle, burdock root, lavender, marshmallow root, rosehips, enterococcus faecium.
    A еве на Royal Canin:
    Chicken by-product meal, brown rice, brewers rice, chicken fat, corn gluten meal, wheat gluten, corn, natural flavors, egg product, dried plain beet pulp, powdered cellulose, fish oil, vegetable oil, sodium silico aluminate, grain distillers dried yeast, sodium pyrophosphate, potassium chloride, psyllium seed husk, calcium carbonate, fructooligosaccharides, hydrolyzed yeast (source of betaglucans), choline chloride, vitamins [DL-alpha tocopherol acetate (source of vitamin E), L-ascorbyl-2-polyphosphate (source of vitamin C), niacin supplement, biotin, riboflavin supplement, D-calcium pantothenate, pyridoxine hydrochloride (vitamin B6), vitamin A acetate, thiamine mononitrate (vitamin B1), vitamin B12 supplement, folic acid, vitamin D3 supplement], taurine, salt, trace minerals [zinc proteinate, zinc oxide, manganese proteinate, ferrous sulfate, manganous oxide, copper sulfate, calcium iodate, sodium selenite, copper proteinate], L-lysine, marigold extract (Tagetes erecta L.), magnesium oxide, carotene, rosemary extract, preserved with mixed tocopherols and citric acid.

    Ја забележуваш и сама разликата, Оријен е преполна со месо што им е неопходно на мачките како месождери.
    Што се однесува до паучи, и мојов изводеше на почетокот, ама го оставив да огладне и му дадов пауч посипан со сува храна, веднаш го излапа цело јадење и од тогаш нема проблеми. Во секој случај каква храна и да му даваш, мешај ја со старата првите два-три дена за да ја прифати новата храна.
    Поздрав, и ако имаш и други прашања прашај слободно :)

    @1992g , ја нема моментално Brit Care Kitten, увозникот ми рече дека од понеделник ќе ја добијат и ќе може да се купува директно од кај нив, и јас сакам да ја земам.
    Leonardo не е толку добра како Оријен а е 780 денари/кг, Purina Pro Plan kitten не успеав да најдам, Farmina Ν&D зе немаатисто супер ама немаа увезено за мачиња туку само за возрасни, Husse не знам кај има.
     
    Последна измена: 6 јуни 2019
    На 1992g и Trxmx им се допаѓа ова.
  11. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Фала ти за одговорот. Во врска со стерилизација искрено би сакала да ја парам понатаму кога ќе порасне но се тоа отом потом. Не прави бељи сега за сега и кога си игра како да внимава не гризе не гребе до сега не сум сретнала волку мило маче а премногу сум галела а имам и чувано. Пу пу да не ја урочам хахаха
     
    На LollySky и 1992g им се допаѓа ова.
  12. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Да приметувам дека оријен е повеќе на месо, а ројалот има премногу витамини. Тоа и ми го потенцираа кога прашував. Постои ли опција да се мешаат тие две пример или најдобро една мешана со пауч од време на време
     
  13. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Женски
    Оријен е преполна со природни витамини и минерали во самиот состав, затоа нема додадено вештачки витамини и други додатоци како во Ројал Канин.
    Инаку можеш да ги мешаш слободно, само ако случајно мачето ти фати пролив ќе треба да даваш посебно за да видиш која му прави проблеми
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Секогаш мешај сува со мокра храна, или барем накиснувај ја сувата во кисело млеко/млечен кефир/жива жолчка јајце со малце маслиново масло или едноставно вода. Сувата храна е главна причина за бубрежни камења, уринарни инфекции и камења во мочниот меур. Мачките по природа јадат храна што е со поголем процент на вода, односно сирово месо и органи. Ако имаш простор и време, дефинитивно најдобра опција ти е сировата исхрана. Многу лесно се нагодува според потребите на мачката и многу поефтино е од дехидрат и пауч. Мојот мачор е растен на таква исхрана уште од првиот ден дома, минатиот месец наполни една година. Јаде мешано мелено месо, џигери, бубрег, слезинки, и многу пилешки срциња (кои се богати со таурин), а на специјални денови му даваме и парче јунешко срце, пилешки крилца крцка и во главно има разновидна исхрана која не му здосадува.
     
    На LollySky и Trxmx им се допаѓа ова.
  15. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Не знаев за ова, фала ти. Смеам ли да му давам месо уште од волку рана возраст да не е многу мало?
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Смееш, само внимавај да биде избалансирано. 80% месо (од кои 20% срце), 10-15% ограни и 5-10% коски (пилешки крилца). Јас одгледав легло напуштени мачиња со живо месо, уште од 3 недели јадеа мелен микс од месо и органи, а подоцна почнав да им давам и коски. Пораснаа во силни и имуни мачки со сјајно и меко крзно. Има тема за сирова исхрана во категоријава, каде е објаснето како да го префрлиш мачето постепено.
     
    На Trxmx му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Ќе разгледам баш ме заинтересира .:)
    5F1F3840-D779-4B6A-82A2-1E1F49B0261A.jpeg
     
    На marija305, joy1, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.245
    Инвестирај во силиконски песок.
    Silicat и сл. се околу 400 денари.
    Самиот песок воопшто не мириса и кога ќе мочка мачето, а изметот се лепи со силиконски зрнца и лесно се отстранува :)
     
  19. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    20.591
    Пол:
    Женски
    Голем љубител сум ма мачиња. Имам еден мачор и многу си го сакам. Душа моја е
     
    На Kjutche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Мачето денес го однесов на ветеринар, имало ниска температура, му ставија три инексии и ми рекоја да го покријам со кебе. Некој да не знае нешто повеќе, не можам да го гледам вакво. Само лежи ништо не јади