Тоа е до мачката што се однесува така пробај да ја припитомиш повеќе време да поминуваш со неа да и обраќаш повеке внимание. А што се однесува за храната доколку мислиш на сува мачешка храна тоа им се дава на мачките како додаток во храната како витамин почни да му даваш храна за мачки ви конзерва што е. И не му давај многу бидејќи тие се ненаситни можат да се прејадат па потоа проблеми да ти прават.
Многу погрешно. Не,конзерва не. Или на оваа тема или на грижа за домашните миленици,е долго дискутирано за правилната исхрана,како на мачките така и на кучињата. И незнам само колку пати е повторено,со остатоците од храната што ние ја јадеме,правиме повеќе штета одколку добро на мачето/кучето. Таа сува храна што ја спомена Mistress,незнам од каде ти е фактот дека се тоа витамини. Значи ако е комплетна сува храна наменета за мачки,не треба да се употребува како додаток во исхраната или како што викаш ти,витамини. Тоа е основната храна во која се содржани сите витамини потребни за мачката,за нормален раст и развој. Ако мачката нема година,тогаш барај на храната која ја купуваш да пишува puppy,односно за малди мачки. Друга работа,несмее,ама никако несмее да се храни само со конзерви. Пречестата употреба на овие конзерви,како масна храна не е препорачлива,и може да доведе до пролив. Еднаш до двапати неделно е во ред,секое претерување е лошо.
леле блазе си ти ...и јас сакам маче ..си имам јас и куче ама и маче сакам што убаво така да си го чуваш во својата соба...заедно да си спиетее..кеф и јас сакам само не сум баш сигурна дека мајка ми и татко ми ќе сакаат да си земиме маче бидејќи имаме и куче.. Спојлер мислам две миленичиња кај го има то..
Сакам да ги прашам тие шо чуваат мачки дома. Каде го набавуваат песокот? Јас до сеа имав пекок дома, мислам.. не баш буквално дома ама повеќе немам... па кај можам да купам? и шо пари е?
тоа што го опишуваш си е нормално маченце само тоа за касањето и гребењето ме загрижува - да, малечко е и во фаза на играње е, ама не смее цело време да гребе.. ако те греби и каса додека си играте, тоа е во ред, ама ако те гриза кога го галиш, треба под итно да го припитомиш, да научиш како да го смируваш.. а за тоа со ненаситноста - сите мачиња се такви, колку ќе му ставиш, толку ќе изеде (мислам дека кога се поголеми знаат кога му е доволно, ама дури се мали јадат се), затоа треба ти да му одредуваш колку е доволно, инаку може многу да се здебели и да си има сериозни проблеми..
Епа песок за мачиња можеш да најдеш во Тинекс,во пет-шоп,ветеринарните аптеки.. Е сега,загледав еднаш,порано,имаше песок и во Жито,само незнам дали има сеуште. Од миглиор гато е,мислам јас таква купував од тинекс,по 270 денари,до 300 најмногу беше,мислам дека.
БРЕМЕНОСТ НА МАЧКА ХЕЛППП!!! Здраво, вака ..Утре одам на одмор а дома имам мачка која има 3 години а е бремена...се пареше во Јуни некаде во средината на Јуни. и сега би сакала да знам колку време ги носат мачињата, страв ми е да не се омачи додека не сум тука...но дома ке биде сестра ми а јас се враќам за 3-4 дена. иначе таа многу јаде последнава недела и цел ден спие....оффф помогнете ми некако што да направам?
БРЕМЕНОСТ НА МАЧКА ХЕЛППП!!! еми прашај ветеринар или отвори гугл и прочитај за бременоста на мачките
БРЕМЕНОСТ НА МАЧКА ХЕЛППП!!! Ти се враќаш за 3-4 дена, плус сестра ти ќе биде дома, така да нема за што да се грижиш
Јас имам мачор преубав е и премногу сака да се гали.Не го чувам внатре,надвор престојува ама сега зимово не знам што да му правам.Му ставив пакетче пред врата со алишта внатре да спие да не му е ладно гледам некако се привикнува ама денски знае да легне во кутијата а ноќе не.Навечер оди на друго место спие И со хранава нешто ме мачи.Некој ден знае да јаде се некој ден забушава ко да нема апетит.Што да му дадам да јаде што би ми препорачале вие?
Да не ти води мачорот двоен живот Знаеш тие денови кога не јаде можно е да јадел на друго место. Штом е маче што се чува надвор, сигурно и си шетка, не седи само кај вас во двор, туку на некој периоди го снемува и тогаш оди на гости низ комшилук. Зошто ако недај боже е нешто болничко тогаш перманентно нема да јаде, а не еден ден има апетит, еден нема.
Да, и јас се сомневам дека води 2 живота. Но, најдобро на ветеринар. Таму си е сигурно. Ќе ти кажат што треба, а што не. И препорачувам кастрација, зошто може да бега како мој Том. Уште си го жалам, а што убав беше... И не кастрираните мажјаци често се тепаат за територија. Треба да се кастрираат на најмалку 1 година.
Напротив за кастрацијата... ако живее надвор, тогаш Јуле и домашните му овозможиле здрав мачешки живот, па нека му го овозможат до крај и нека го преземат ризикот никогаш да не се врати ако отиде некаде. Инаку, токму тоа може и да биде причината што не се враќа дома за спиење, може шврља по комшилук. Исто така, многу веројатно дека ноќе не спие, мачките не се како луѓето да мора да си легнат у 11 за да станат на работа сабајле, спијат кога мислат дека треба да спијат. А за храната, мачешка храна по маркети има колку сакаш. Мачките ништо повеќе не сакаат од неа, а што повкусна е храната, поголема е веројатноста дека ќе се враќа дома.
A, да и за храната, можеш да семеш од Моригато (милсам дека така се викаше). Мојата мачка ја обожава таа храна и е во конзерва. А, за тврда храна, можеш да користиш Даја микс. Од Кам ја купувам и таа е добра има повеќе витамини во себе, а и вкусна е.
Од мачки ми се не ме напаѓајте веднаш,тоа е мое мислење ама голем противник сум за чување на животни дома,а посебно не на мачки,ух се иритирам ,кога гледам по фрижидер дека се качуваат,по маса а на таа маса ќе седнеш да јадеш,па влакна на секој ќош...не не не можам
Чекај, ти на главата шпагети растеш или коса со влакна? По нозе, раце и оноа место, имаш влакна или темјанушки ти испаѓаат ако те скубне некој?
Да не ја редиме темата со оф топици,јасно кажав тоа е мое мислење,ако сакаш ти имај си милиони мачки по дома,не размислуваме сите исто,твој живот ,твој избор не мораш веднаш метафорично да се обракаш моите влакна кои ќе паднат од коса се лично мои,и далеку почисти од влакното на некое животно поззз