Здраво!Имав мачка со две мачиња,едното од мачињата насрада од кола и сега мачката нон стоп го бара веќе два дена,постојано оди на местото каде што загина маченцето и шета до касно го бара.Ме загрижува нејзиното однесување до кога ќе го бара маченцето дали ќе го заборави?Не знам што да правам.
Хелоу. Случајно шетавме со дечко ми и најдовме маче,маленко,многу игриво.Ми падна жал,а и дечко ми многу инсистираше и си го зедов за дома. Вака,физички ми изгледа добро. Но,маленко е и не знам како да го третирам(вакцини,храна).Со мачки немам никакви искуства. Хелп,што би требало да направам освен да го нахранам,избањам и да си играм со него? @theowndemon @1992g Ве тагнав пошто ве гледам како поискусни по темиве,но од секој е добредојдена помош.
Го провери ли дали има болви или крлежи? Ако не,провери го убаво. И да ти изгледа добро,не е лошо да се посоветуваш со ветеринар.
Колкаво е отприлика? Има пораснатки запчиња? Доколку нема извршено најмалку 2 месеци ќе мораш да му земеш млеко во прав NAN од аптека и така да му раствараш со млака вода и со шприц да му даваш. Да го поминуваш со памукче по газето за да мочка и кака на секои 4 саати обавезно. Можеш слика да ми пратиш во ЛП да видам отприлика колкаво е. А најдобро да го однесеш на ветеринар чисто да го прегледаат што и како е и да ти дадат точна возраст за мачето и совет. Ако е повеќе од 2 месеци може и само да си јаде. Најдобро ти е сува храна на Matisse од пет шоп за мали мачиња до 1 година. (ова за хранава другарката @1992g ме советуваше на времето, фала и многу). За течна храна може да ти фати проливче, барем мојава фати кога беше мала. За вакцина исто, најдобро советувај се на ветеринар, зависи од возраста. За дома обавезно одма песок и да се научи што поскоро да си врши нужда таму. А брзо ќе се научи.
Ќе го избањаш првин, ако има болви ќе купиш шампон за против паразити. Ако има пола кило мачето, после 2 дена од бањање ќе му ставиш половинка ампула за против болви и крлежи доколку не се истребиле(се става на вратчето на голо кожиче меѓу рамениците) а другата половинка после 3 недели. Од BAYER и КРКА ти се најдобри ампулите.Имаш и на природна база на Карли фламинго biocide 80 денари и biospotix 150 денари, ја такви ставам на мојот иако никогаш немал болви. Веднаш купуваш леѓенче за песок, и песок и му ги ставаш на место што подалеку од храната и водата, најдобро у тоалетот и ќе му го покажеш неколку пати. Ќе земеш сува храна за мали мачиња, Вудугрл ти препорача фармина матис киттен, и ја ти ја препорачувам, е сега ако си желна да дадеш и повеќе по килограм, имаш уште поубави храни, пм пушти ми за други брендови. Фармина матис ти е 320 ден кг мислам и е солидна храна со средна цена. Ќе му ја топиш со јогуртче храничката ако не може да ја крцка, не со млеко, не се дава млеко. За вакцини кај ветеринар, ќе идеш ќе ти препише две тровалентни вакцини и додека трае имунизацијата нема да го пушташ ниту на тераса. Ќе ти нудат ветеринарите разни храни, највеќе ројал канин ама за тоа ѓубре 500 ден по кг ни сличајно да не дадеш, фармина матис ја имаш во Фауна пет шоп, Анималс пет шоп кај грчка амбасада и не ми текнува каде на друго место. Немој од маркет да купуваш храна за мачиња, таа во маркети е најчкарт храна. За песок, најевтин ти е во Кам и стокомак со низок квалитет но економски ефтин е, друг кој би ти препорачала е од ДМ песокот, добра цена за добар квалитет, после Саникет песокот што ти е 250 ден по вреќа и трае 10 тина дена, па и тука имаш и силиконски што е 500 ден по вреќичка и ќе ти трае цел месец сеа дури мачето ти е мало, а после по 3 недели, јас тој го користам бидејќи не мириса не пушта прав а и мачорот највише го сака. Па пушти од мачето сликчиња
Да ве прашам на мачорот мој позади кај опашката каде што му почнува буквално му е соголено, му се гледа кожичето и постојано се лиже и се чеша. Некој да не имал ваков проблем? И на колку вррме се даваат ампулите?
Најдов едно мало слабичко маче во село и цел ден го хранам, но после секој оброк врши голема нужда и столицата му е течна, некој со вакво искуство, да не е нешто болничко? И што треба да му дадам ако е болно?
Здраво . Скоро зедов маче,маленко е околу 3 месеци. До пред неколку дена немаше,но сега скоро забележав.Му солзи окото и му се прави едно како гурла,зелено е.(мислам ме сфаќате) Бев на ветеринар,ми кажаа ништо страшно.Но,јас сум вознемирена.Ова ми прави стрес ептен. Секој ден му солзи окото и од тоа не може да го отвори убаво.
Имам мачка 14 години е стара.Болна е од агресивен аденокарцином . Тоа го дознав пред неколку дена. ВЕ МОЛАМ споделете дали имате некакво искуство
Сакам да си земам маче но незнам со што да го хранам затоа што е сеуште мало има околу 3 недели можи и повеќе ве молам за помош Со што треба да го хранам првите месеци? Што треба да му купам? и сл
Земи капки Неомицин и маст Хлорамфеникол. Ставај му наутро и навечер. Ова е препорака од ветеринар за ваков проблем.
zdravo, nova sum na temava, me interesira dali znae kaj da najdam vakvo mace, na internet vidov deka se vika golden persian cat i ako ima po kolku se dvizat? za vo domasni ulovi mi e sekako
Околу 100,150евра ама овде чистокрвен тешко. Ова си бара внимание, и многу се митари. Имам јас мешанче на работа и знам. Ама многу се игриви, темпераментни, сака да се гали, паметни се на се мачка ко мачка. Мора да му купуваш играчки и добра храна, можеш да најдеш корисно инфо за нив по нетот.
Здраво! Сакам да прашам нешто во врска со домашни миленичиња.Имам мачка кој имаше 3 мачиња.Едното одма и загина ,по 2 месеци и второто маче го прегази кола.Остана само едно машко маче.Е сега мачката по цел ден шета се враќа кратко дома и му носи плен на мачорчето и одма заминува.Воопшно не седи дома само скита.Е сега ја нема веќе 4 дена да се врати.Дали има некој искуство,совет да ми каже.Благодарам!
Јас имав мачка која си замина и не се врати, ми рекоа дека си заминала поради мачорчето. Од тогаш само мачори чувам
Некој ми го удрил мачето и многу мјаука од болки, а ветеринарот не ми се јавува, смеам ли да му дадам некое апче за болка?