Ох ова го има дооооолго време? Ова можи да е поќе работи. И на мачка моја вака ѝ се оголи крзното и тогашниот ветеринар ми даде една ампула со "широко" дејство. Буквално капиш мачето. Можи да е кожен паразит, можи да се болви и од самата оштета да паѓа крзното или пак габична. Додуша за габична мислам ќе имаше црвенило, зошто една од мачките и то помина. Во секој случај, на ветеринар, и редовно чистење од буби. Во секој случај се средва. Ќе видиш колку смешно личи кога почнува да расти крзното пак и негде е кратко негде долго аххахах. Крзното му е паднато ради "траума" на местото. Не мислам дека е сериозно ама најдобро е да пратиш повик на ветеринар. Мојот ветеринар ми даде вибер и за вакви работи пред да одам ми има речено сликс да му пуштам. Особено во карантинов ако има начин слика да му пуштиш можи да си заштедиш праење на патот.
Оди на фејсбук, Betty's Cats, секогаш има некое маче за вдомување. И поголемо маче да си вдомиш нема да згрешиш, ќе спасиш некое од улица.
Какви се сијамските мачиња за чување? Слушнав дека лош карактер имаат и не се многу дружељубиви освен со газдата.
Им имам пишано на двапати за две различни мачиња, ме оставаат на seen... и се откажав од нив. Не знам поради која причина.
Денес забележав дека мачката имала спонтан абортус за жал. Дали да ја носам на ветеринар и покрај вирусов или пак не е опасно? Страв ми е некое маче да не е останато внатре па да се направи проблем. Инаку мачката е добра, јадеше доста и весела е, ама сепак се грижам.
Зависи како ќе ти се погоди, секоја мачка си е различна и си има свој карактер без разлика на расата. Јас имам сијамка и е нешто најдобро во мојот живот. По цели денови спие и се гали. Си игра и трча неколку саати во денот, не гребе и не гризе што е најважно. Најзлатна мачка на свет е, а читав за сијамките дека биле лоши така да врска нема тоа. Со сите се гали, и прв пат кога гледа некој е истото. Можеби влијаеше тоа што уште од мала беше опкружена сп нови луѓе секојдневно (ја шетав сегде со мене) Другарка исто има, нејзината е машко и е иста приказна, спие и се гали 24/7. Пиши ми ако те интересира нешто по детално Спојлер
Дечко ми чува маче во двор, нареден месец ќе наполни 1 година. Во моментов е бремена, но не знаеме точно до каде е со бременоста. Пределот окол градите/стомакот и' е огромен, во долниот дела нема влакна, а има некаков вид на иритација/рана. До вчера се' беше супер, денес нема воопшто апетит, речиси ништо не јаде и забележавме крв околу вагината. Дали можеби тоа значи дека започнува да се пораѓа? Спојлер: Слики
Те прашав бидејќи ако се пораѓаат одат некаде на скришно и ден два не излегуваат, не шетаат воопшто. Пред недела дена исто се случи со мојата мачка, имаше крв, ништо не јадеше и за жал се породи пред време со мртви мачиња. Вашата се гледа дека е во поодмината бременост и најверојатно ќе се породи. Дали забележувате контракции во стомакот? Мојата имаше прилично видливи. Проверете сабајле како ќе е и ако не и помине(породена да е) или е полошо однесете ја на ветеринар. Така и мојата вториот ден имаше пак крв и ја однесов под итно, и ставија некоја инјекција против па се смири и се породи. Ме загржува раната, да не се направи некоја инфекција. Се надевам ќе биде добро.
И мене ме загрижува. Дали работи воопшто некој ветеринар сега? Она што успеав да го прогуглам е дека крвта не е добар знак, односно веројатно е premature пораѓај со мртви мачиња. Само се надевам дека она ќе биде океј.
Да работат, не сум од Скопје за да ти кажам точно кој. Ама сигурно е со закажување на телефон, јас така направив. Однесете ја утре ако не најдете мачиња бидејќи 3 дена не ќе може да одите заради полицискиов час. Знам како ви е и јас поминав низ исто. Само таа сакав да се спаси, не можев да ја гледам така тажна и без апетит. Ќе чекам утре да пишеш убави вести или барем дека е подобро.
Цело патешествие со мојов мачор. Го најдовме како бебе пред зграда, со главата во контејнер како бара храна и го зедовме. Го избањавме, на ветеринар другиот ден се да биде регуларно. Се гледаше уште од бебе дека ќе биде ептен бесно маче. Два дена подоцна, скокна од 4ти спрат. Иако балконот ми беше заграден и заштитен, мочкото нашол дупка и си скокнал. Не преплаши, два дена не спиев, го вардев, го држев во раце и после 3 дена веќе не му беше ништо. После кога се среди се, ајде да му дадеме име, мислејќи дека е женско, ја крстивме Менди ( така заклучивме сами, ветеринарот не провери, небитно ). По некој месец гледам дека му расте нешто таму долу... испадна дека се тестиси нели, нема што да му расте друго, и така дознавме дека е машко. Сега се вика Stinky. Инаку е пренемирен и бесен, секоја вазна и чинија дома ми ги скрши, се качува секаде, разбира кога го караме и бега се крие, но следниот момент ете го пак скршил нешто. Гриза и гребе, не е агресивен, туку едноставно таков му е начинот на играње, гриза премногу. Сега треба да се кастрира до крај на месецов... и прашањето ми е, дали после кастрирање има промена карактерно, дали ќе биде помалце 'агресивен' или нема врска? Ветеринарот ми рече дека поради разлика во хормони после кастрирање ќе биде помирен, ама ме интересира искуство.
Не менува кастрацијата многу пред и потоа. Нашиот пак бегаше надвор, пак се гонеше со мачки. Еве сеуште го нема после 16 дена. Едино разлика е што нема да обележува територија дома со мочкање. Кај нас од време на време на тераса замирисуваше, е сега дали од него дали од други не знам.
Исто и овој почна да обележува територија, само што ние сме во стан и он си има посебна соба и вц и ептен почна да мириса. Не знам што да се прави, се надевав ќе се смири после кастрација, не за друго, се плашам пак да не скокне од балкон.
Во каков песок врши нужда? Песокот мора често да се чисти и менува и од него може да мириса. За скокање, ако треба он ќе си најде начин, мачка е, а кастрацијата нема влијание врз потребата да шета оти ним тоа им е во генетика.
@MandyLane ка ци ти бе, од кога те немам прочитано Мојата мачка (женско е) е нешто слично како твојата мачка. Ја стерилизирав и освен што е малце - ама многу малце - попитома, друго си е сосема исто. Претходно не даваше да се допре, сега се гали ако е поспана. Енергија има секогаш на 1000000000%, и мора 2 пати во денот да се истрча и изрипа за да спие, нешто како тодлерче. Изеслива си беше и претходно, сега е како прасе, ако ја оставам, цел ден ќе јаде. Мој совет, секако да го стерилизираш за да допринесеш во намалување на бројот на мачиња на улица. Ама дека нешто ќе се смени, слабо. За мирисот немам искуство, мојава е женско и ја немам забележано така да прави. А за скокањето... сличен проблем со беснеење има и @Ginger^ , и нејзиниот падобранец од тераса вежбаше скокови. @friendy те прочитав некаде дека ти го нема мачето, уште ли не е вратено?
Еве ме, long time no see За мирисот - тоа е проблем само со мачори, они обележуваат територија така. Ќе го стерилизирам мислам следна недела, да поминат празнициве и ќе закажам, па fingers crossed дека ќе се смири бааарем малце, зашто не знам дали ќе преживее уште еден пад.