Не е сеуште вратен. Есенва 3 дена го немаше, се врати со распарталени нокти, веројатно бил затворен некаде. Кога се врати од дома не излезе 3 дена буквално. Дисциплиниран е секогаш кога и да излезе се враќа секој ден во последните 3 години. Сеуште го чекам.
Да, се смирува, ама не очекувајте чуда. Еден од нашите исто, од контејнер најден, среден кастриран по дома, не дека беше агресивен ама беше активен и растрчан. Додека се млади, имаат енергија и им треба да ја искористат, и игра улога тука карактерот на мачката/мачорот. Мојата прва мачка беше исто ваква, три години ни скокаше на секое излегување од туширање додека едно од синчињата кој го задржавме е бајче, не знае да гребе, буквално. Пробајте да го заигрувате по дома, ама активно. Нема поента да го карате, мајка ми за нашиот со водичка го прскаше за да научи дека не треба и ништо не смени. Му треба да знае кога е време за игра. Ако можете секој ден да му посветите внимание со некоја безвезна играчка, дали конче да му влечете или топчиња од хартија да му фрлате ќе научи кога е време за игра. Слушав неодамна одличен подкаст баш за однесувањето на мачките и како може да се влијае на нивното однесување. На англиски е еве ви линк https://www.alieward.com/ologies/felinology. Баш таргетирав грешки што сме правеле со мачките порано, за наредна мачка сум спремна
@MandyLane многу е индивидуално и секоја мачка е различна. Може да се смири, но и не мора да значи. Мојата мачка, женка, ја стерилизирав на 1 година и пред да ја стерилизирам почна да се понаша како мажјак со обележување територија дома. Ама таа беше умијат карактер од бебе. Знаеше каде и што не треба и толку беше. Имаше 2-3 истрчувања преку ден низ дома. Ним секако им треба таква слобода. Дембелов што го имам сега е цела спротивност. Ако не му се даде јадење во моментот кога тој сака ќе оди и ќе ја истури водата по плочки за да привлече внимание. Нема кај него да не може сега на балкон, на глава ќе ми се качи дур му отворам врата. Ама тоа повеќе си е до гените отколку катрацијата. И претходно си беше бесен, а сега е плус и захтевен. Мачките не се како кучињата. Мачка е карактер. Со куче е лесно ќе го прилагодуваш и учиш како ти одговара тебе, а мачката ќе те учи тебе како и одговара на неа. Ама затоа ги сакаме, оти се свои.
Јас поминав у темава за да изигравам стројник. Имам персиски мачор, 5 години стар, си го чуваме од бебе и еве, сеуште како бебе. До сега ни е трипати парен, двапати без успех (мислам дека немаше хемија меѓу засегнатите у процесот, само се расчупавија и ги вративме по дома). Третиот пат успешно, малата затрудни и роди две преубави флафис, живи и здрави. Сега и они си имаат свои фамилии Барам пак женка за парење, персиска мачка. Не ми е важно ни педигре ни ништо, сакам само да го усреќам малиот, пошо нејќе ни да јаде ни да пие, како прачка е слаб. Девојчето ќе добие ол инклузив третман, ќе дојдам да ја земам и ќе ја вратам јас. И ветувам незаборавен провод и љубов на прв поглед. Веднаш потенцирам дека не сум присталица на парење само ради бизнис и профит. За малите ќе се договориме накнадно.
Здраво на сите, би сакала да се консултирам со било кој што има познавање, за повреди кај мачки, ветеринарот не можев да го добијам, а и воопшто не знам дали работи поради моменталната ситуација. Вака сега, имам мачор, година ипол стар, излегува од дома кога сака, се вртка во дворот, и е голем и мил. Сабајле излезе, и се врати на пладне, меѓутоа со опашот надолу, како да не може да го контролира, нозете ги движи, не ми изгледа како да се жали на болки, меѓутоа задниот дел од телото му е чуден, тешко го контролира едностаавно. Нема скршеници, го проверив, барем тоа што е пипливо на рака и видливо на око, си јаде нормално, се однесува нормално, освен опашката. Ве молам дајте ми совет што би можело да е, и дали ќе биде добро, навистина сум загрижена. Се извинувам на долгиот текст, и ви благодарам на прочитаното
Можно е да му е скршена опашката. Пробај да го стегаш малку на различни делови од опашката да видиш дали уште има осет. Ако не реагира значи има повреда.
Ти благодарам многу, денеска е за нинајанса подобар, и ја контролира по малку, меѓутоа стапив во контакт со ветеринарот, и го чекам да дојде дома да го провери. Убав ден, и уште еднаш, ти благодарам
Јас дури сега го гледам твојот риплај. те молам доколку се уште не се сите вдомени контактирај ме во лп.
Феминки, Потребна ми е ваша помош. Имам маченце старо неполна година за месец чувано само дома. Пред еден месец е пуштено малце во двор но со надзор. Имаше огромна желба за да си игра,мирисаше буквално се не познавајќи ги мирисите. Подле недела дена најдовме влакна искубани а од тој ден мачето не сака да излезе во двор. После 4-5 дена само лежење без никаква активност и се појави како херпес на носот се до самата усна споено. Од лижење буквално целата кожичка од носот е падната и има само крв и гној. За среќа јаде и има апетит и си иде по надвор но сепак останува само да лежи. Ја однесов на ветеринар и добив ампула за паразити (што нема никаква врска) и на моите прашања дали е вирус или инфекција добив само да да тоа е најверојатно од допир со друга мачка. Ве молам за помош доколку некој се има сретнато со ваков случај како би можела да и помогнам во оба ситуација со корона. Ви благодарам од срце ♥️
Здраво женски. На мачоров во последно време му горат ушите..му се лупат и се црвени.. Дали некоја има искуство со тоа?
Пробај да го мачкаш со памук натопен во чај од камилица, би требало да помогне. Ако можеш однеси го на ветеринар, ќе даде соодветен лек.
Го ѕирнав сега пак, почнало само од себе да му паѓа тоа и малку му се отворило окцето, ќе чекам да видам до утре.
Габична инфекција е, типична за мачки. Ама е заразна, ако има и други мачиња најверојатно и тие ќе се заразат. Најдобро е да консултираш ветеринар за понатамошен третман и по можност ова да се изолира некое време од други мачиња дур се третира. Ако е инфекција нема да помине сама од себе.
дали некој знај со што можам да го намачкам? Постојано се чеша и му се проширува. Многу е див и не седи многу дома.
Сакаме да вдомиме маче, ама сме во стан. Синчето е 4 и пол години, сакам пред да го донесам да одиме на ветеринар за да е безбедно, да не се плашам ако го изгребе или гризне. Што треба да му стават и што треба да купиме за него, мислам на песок, храна и слично? Дали и на мачињата им ставаат вакцини, и колку коштаат?