Ќе земете мало маче и ќе си го дресирате, малите се лесни за дресура. Им ставаат вакцини околу 400 денари коштаат. Храна си има посебна, песок исто. Би ти препорачала кученце мало по пријателски се со деца.
Кога ќе земаш мачка треба да се помириш дека и ќе те изгребе и ќе те касне. На вет ќе му дадат против глисти, вакцина па имаш ревакцина, па вакцина за беснило 1 годишно, храна ние за нашата користиме сува, од маркет или пет шоп ќе си земате, некои не јадат сува па можеш да му земаш конзерви, песок користиме силиконска кога ќе се измочка не мириса силиконската песок воопшто, една кутија за тоалет има посебни со врата околу 1500 ја зедовме нашата, ако фати болви ампула, досега на нашето не сме му ставиле ампула, само дома е и не фатило болви. Не земајте маче ако ви е намерата детето да си игра цело време со него и да го гњави, не е исто како куче. Мораш да му го почитуваш просторот на мачето инаку ќе те гребне и касне. Не здивувајте го од мало и не го играјте многу со дланките во уста пошо ќе си мисли дека рацете ви се играчка како мојава што мисли дека рацете мои се нејзина играчка и шетам со 415 гребанки секој ден За дресура за мочкање и какање може за 1 ден да научи, само да го оставиш до кутијата за песок одма ќе влезе во неа, барем нашето така направи. Што постари тоа повеќе спијат, дремки прават на секои 10 минути, има неколку моменти во денот кога се растрчуваат низ соба спринт не знаат кај тераат и може ќе си мислиш дека нема да застане, ама ќе се истрча 1 мин и ќе застане Капење не е потребно ако го чуваш само дома, се лижат по цел ден, капењето многу им е стресно освен ако се погоди мачка која сака да плива. Ако го шеткаш надвор капење внимателно да му направиш да му е најудобно. Прочитајте како да се справувате со мјаукање за да го научите на ред да не ви станува во 4 саат сабајле и да ви мјаука. Лесно се учат само со правилен пристап, никогаш ќотег, мачката е такво животно на кое мораш да му почитуваш граница и убаво размисли дали навистина сте спремни за мачка.
@Mantub фала ти, супер совети. Јас сум спремна цел живот, обожавам мачки, ама моите не сакаа баш. Сега на двајцата ќе ни се исполни желбата, нема да ја малтретира тоа сигурно, многу е жалостив, на телевизија да види нешто такво одма се расплакува. Нема и да го оставам да го игра цело време штом е така, не знаев за ова со рацете. Ќе пишам што ќе направиме.
Да се надополнам. Ќе треба да му купите не знам како се вика и дали има име, за гребење на ноктињата, си ги гребат ноктињата секој ден по неколку пати, во пет шоп се наоѓа такво, со коноп, подолу слика како изгледа. Може и сами да направите. За храната ти препорачувам да барате храна на која пишува дека превенира hair balls. Ушите редовно чистење на вет, само маче не може внатре да си ги исчисти, кога се две или повеќе се лижат меѓусебно, само не може, мора на вет, еднаш месечно, некои земаат само 100 ден за тоа, а ако си редовна може и ич да не ти земат, 5 мин работа е. еве вака си ги гребаат ноктињата, мора вакво за да не ви се гребе по кревети, кога ќе застане да се гребе на ова дајте му едно зрно храна како награда за тука да се научи.
Значи помош, не знам што да правам со мацава моја. Изгледа период за парење и е, лом прави по дома. Цел ден мјаука, испушта секакви звуци и стварно е напорна, ми иде да ја задавам. Вака се однесуваше и пред два месеци ама повеќе се трпеше. И други мачки сум имала ама ниту една не била ваква. Не ми се стерилизира сега а и не сакам да ја пуштам да се пари. Решение некое? Ќе ме полуди, по цела ноќ урла веќе 4-5 дена.
Денес го гледам мислењево, извини, вчера не видов известување. Малечко ќе е, ќе вдомиме преку здружение, за една недела ќе ни го донесат. Крајот на април е родено, така што мислам лесно ќе се прилагоди со нас. Сакаме и кучиња, ама мислам за во станов полесно ќе е со маче, а и повеќе сме по мачињата со малиот. И име смисливме, од вторник ќе купиме се што е потребно, едвај чекаме.
Иако си го претпоставувам одговорот на прашањево, сакам и некое мислење да слушнам. Значи на планинско место кај што идам често сега во последно време, најдов мачка.Мачкава била чувана некое време кај некои луѓе ама не знам што и како веќе не ја хранат и таа сега слободно си шета по куќите и по селово . Е сега, мачкава е мноогу питома, значи не знам дали е тоа нормално за сите мачки пошто не сум чувала, ама постојано ми седи во двор, во скут седи, се гали, единствено навечер си оди и сабајле доаѓа. И сеа мене пошто ми е многу жал зашто веќе никој ни и дава храна ни ја чува сакам да ја присвојам ама проблемот е што сум во стан и со оглед на тоа што не е бебе туку мислам има 1-2 години, се мислам колку е ризично за нејзе да ја затворам и дали воопшто би се прилагодила.Ама еве и вас ве прашувам за мислење да ми кажете?
Може да се прилагоди ама ќе треба да бидете посветени и трпеливи. Не се сите питоми, така да претпоставувам од мала некој и посветил внимание и затоа е навикната на луѓе. Тоа што е питома е многу голем плус. Во принцип мачки не сакаат да менуваат место на живеење, ама се прилагодуваат. Обавезно прво однеси ја на ветеринар, да ја проверат и да ја вакцинираат. Кога ќе ја донесеш дома на почеток пушти ја да го прошета станот. Зависно од однесување, можеби ден- два стави ја во една соба за да се навикне за спиење. Можеби ќе биде вознемирена ама само и треба време да се навикне. Обавезно да имаш песок, храна и вода спремно, за од почеток да научи што каде е. И со оглед на тоа дека веќе те знае, јас би одвоила неколку дена на почеток да бидеш дома со неа и доколку нешто се случи одма да можеш да реагираш.
Мачките главмно се приврзуваат со местото, ама ако е питома и навикната со вас како што кажувате, не би требало да има проблем. Пред да ја внесите дома, однесете ја на ветеринар, за да ја прочистат од внатрешни и надворешни паразити. Кога ќе ја донесете во станот неколку дена додека да се прилагоди би било убаво да поминете повеќе време со не. Мачките се многу паметни, па веднаш ќе се научи дека треба да оди во песок за во wc. Само имајте веднаш спемен песок, за случајно да не посети некоја саксија. Во консултација со ветеринар, може да и дадете нешто на природна база за смирување, бидејќи може да се исплаши од возење. Се продаваат разни спрејови на природна база кои се прскаат, и со самото вдишување го опуштаат животинчето. Навистина ми е мило што се грижите за мачето.
Мачето од вчера има пролив. Што можам дома да му дадам? Ако продолжи до утре ќе одам на ветеринар. Инаку весело е, пие вода, јади сува храна не знам дали е од неа, ама не почна сега уште пред да ја земиме и давале сува. Првите дена и мешав со влажна и сега е целосно на сува. Пред една недела бевме на ветеринар, и даде една четвртинка апче против глисти, ама после тоа немаше ништо. Скоро 2 месеци е старо.
Обидетесе со вода од варен ориз. Избегнувајте млеко, тоа создава средина идеална за глистите. Јогурт може да јаде како и останати млечни производи. Сепак најдобро е да го однеситњже на ветеринар. Причини може да има многу. Поздрав и се најубаво.
Мачорот е тазе едно 4 саати и еве го спие на стомак мислам ќе се согласуваме добро сега кој е најлесниот начин да се научи хигиенска навика друго вакцини макцини кога што како мачево е некој месец ипол 2
После три месеци ми рече ветеринарот за вакцини да ја однесам. Пред една недела бевме за апче за глисти, по месец треба пак, толку е и моето- нема 2 месеци полни. Ми препорача и прашок за болви, ја испрскав неколку пати. За хигиенски навики мојава се научи за 2 дена. Ја ставав во песок после секое јадење, пиење и насабајле, 2-3 пати само згреши. Сега сама си оди. И покажував со шепите како да копа. Ќе се согласувате, ќе се навикни брзо. Многу е убав. Мојава ја оставам во креветчето, дури се вратам в кревет пред мене е вратена. Секоја вечер на мене спие, заљубена е во мене, по мажот ми и синчето не оди толку.
Бевме на ветеринар, никако не престануваше проливот. И ставија две инекции, и пак четвртинче апче за глисти. Јас се сомневам дека е од прејадување, сувата џуниор храна што и ја оставав во чинивчето ја јадеше цела. Од цела паника таму, што беше и таа и јас исплашени не прашав денес како да и давам храна и по колку. Инаку весела беше уште, нема други симптоми, си игеа, пие вода, се друго нормално. Како да и направам ред во храната, да нема мака повеќе? На 27ми ќе прави 2 месеци. @Mantub @Animals Lover ве тагнувам за побрз одговор ако знаете
Храна не и давај без да измериш, од храната што ја купуваш види како пишува на паковката по колку грама во денот за колкава килажа. Ако пишува на пример вкупно дневно 40 грама, тие 40 ги делиш на 3 и даваш во исти интервали во денот, пример 8 насабајле, 4 на пладне и 10 навечер. За да не се прејадува. Ама од прејадување се сомневам дека има пролив. Млеко да не и даваш? Млеко никако не, од тоа може пролив да добијат. Ако си игра, пие вода, значи изгледа скрос нормално, не верувам дека е болест туку може само да не и одговара храната. Пробај смени и ја храната, друга компанија купи. Од тоа знаат да добијат пролив. Ако и дале за глисти не се грижи. Сигурна сум дека не е ништо, ако се болни не играат, не пијат вода, не јадат воопшто. Ако е лакома и трчка, веројатно е во прашање раздразливост на храната. Уште е мало па може да не му одговара секоја храна.
@Mantub не и немам воопшто млеко давано, прво јадеше од тие во кесички за над 1 месец што се, па зедов зрнеста џуниор. Ќе и мерам од сега, фала за одговорот. Инаку да весела е и нормална, еве и сега од ко се вративме се е во ред друго. Редактирам- на храната има наведено за мачки до 3.5 кг 45 грама. Таа тежи пола килограм, значи помалку од 20 грама да и давам од прилика?
Хм, храната ако е џуниор не би требало да пишува до 3.5 кг, тоа е веќе возрасна мачка..давај и 5 гр сабајле, 10 на пладне и 10 навечер.
@Mantub фала ти, така ќе и давам. Инаку храната е whiskas junior со пилешко за 2-12 месеци, дел има како перничиња со млекце низ неа.