@kristina.k сега ги видов коментарите може се средила ситуацијата во меѓувреме, ама да ти предложам да го смениш вкусот, ако пак се случи исто. Мојата претходна мачка имаше ретка алергија на пилешко, и имаше дијаереа од таа храна. Исто со вкус на јагнешко знае да е тешка за стомак, а може и подобро ќе и одговара. Најдобро со вкус на телешко и риба.
@kristina.k мој совет додека е мало мачето, покрај храна за мачки, да му даваш и варени копанчиња, оривче, баланс јогуртче, а можеш и да му пржиш омлетче. Мојата мачка обожава омлет со јогуртче! Не му давај виршли, паштети, салами и сл. И не му давај млеко или лепче, огромен проблем им прави на мешето. Инаку, да дополнам, покрај сите совети што ти ги дале, мораш редовно да го носиш на ветеринар секој месец за апче против глисти и на два месеци за ампула. Иако ќе го чуваш само дома, ова е пред се' за ваша безбедност. Сепак си со мало дете. После некое време, најтопла препорака да си го стерилизирате и чипирате, а со тоа да придонесете да се намали бројот на животинки што (можеби) би останале на улица. п.с. Чекаме слики
@Yowannty се среди да, уште истиот ден ко се вративме од ветеринар се стабилизира. Фала за советот. @Doozy малечко не е за храна така, нема 2 месеци? Ако не е ќе и давам и така, за јогуртче ми рече и ветеринарот. И дадоја за глисти апче, нареден месец треба за вакцина, ми рече ветеринарот 3 месеци да направи. И некој прашок за болви ми дадоја, да ја прскам од време на време. Кога се стерилизираат и чипираат? Има слики во темата за миленичиња, ама ако не смета еве и овде една. Спојлер
Мојот ветеринар (на кого безрезервно му верувам) ми даде совет за повеќе домашна храна кога беше мала мојата мачка затоа што често имаше проблеми со мешето. Сега е веќе голема госпожа и јаде само сува храна, ја одјаде таа од конзервите сама, плус јас чат пат и правам мевце и јајце. Дај му јогуртче, да видиш како ќе го испие. Цуфче бе, види го какво е Јас мојата ја чипирав кога ја стерилизирав (за да не ја боли, кога беше успана) веднаш после 6тиот месец. Некои чекаат да стигне до годинка, но јас не сакав да ризикувам затоа што има ПРЕМНОГУ бездомни животни надвор. Никаква промена не забележавме оттогаш, баш напротив, уште си е истата блесава будала. (ова за сите што викаат абе не ги стерилизирајте, демек стануваат пасивни, вака така...значи, не) Чак што више, имаше и огромна циста, и ако сум чекала малку подоцна, можеби ќе имаше лош исход. Затоа сега мојата нема мачиња ама по комшии има дури 12 мали мачиња што јас ги оправам.
@Doozy фала ти за советите, ќе те послушам. За стерилизација сакав и јас, ама за чипирање не знаев. А за малечки овој период сегде има, гледам по здруженијата преполно е што се вдомуваат. И ние така си ја вдомивме.
На мачорот му е инфицирано окцето, му ставав камилица но имаше само мал ефект. Знае ли некој што би можела да му ставам???
Може ли да ми помогнете, имам мачка во населба што ја чувам во двор. Пред некое време роди мачиња и пораснаа ама од пред неколку дена ги снема мачињата и мачката доаѓа и постојано мјаучи и ги бара.Да ми каже некој што да правам незнам стварно
Не знам колкави биле и зошто ги снемало мачињата, но сепак мајка е мајка. Тагува и ги бара, и тоа е природно и не може ништо да се стори. Очекувај овие денови да почне да се пари поново. Така направи мојата мачка, откако се омачи и роди мртво маче, мјаукаше 5-6 дена, го бараше,а потоа ми ги собра сите мачори од маалото
mojata macka dosega 3 pati raga, prviot pat 2 i poedna nedela umrea, vtoriot pat edno i pak isto i umre ,sega tretiot pat 4 ednoto umre odma, 2 po nedela dena, samo edno i ostana eve do denes 3 nedeli i se nadevam ke prezivee citav po net po 3 nedeli moze i da mu se dava po malku hrana na maloto no neznam sto da mu davam, mleko ili jogurt moze li? stvarno sakam ova da prezivee
Леле колку се слатки тие Иначе да, скапи се и треба да ги нарачаш од странство ако сакаш оригинал. Ако сакаш таква сина мачка, погледни ги Russian blue cat многу се елегантни и убав карактер, а и во мк ги има.
Сакам нешто да прашам од неккои што чувале. Имав домашно маче но за жал ми почина,па би сакала во скоро да земам некое. Кое е полесно за чување и на кое помалју му паѓаат влакнататоа ми е битно, измеѓе Сијамска и Персиска?
Сијамска е одличен избор за луѓе алергични на влакна од мачка. Територијални се многу, и не искажуваат многу љубов ама се преубави. Персииско бара нега и пушта бааги влакна.
Како што пишале погоре, Сијамките пуштаат далеку помалку влакна од Персиските. Плус мора редовно да се чешлаат зашто им се утуткува брзо влакното. Заради сплесканот нос треба и на очињата да се обрнува внимание и редовно да се чистат. Сијамките имаат поише "карактер" ама ова многу зависи од мачката и како ја чувате. Имав другарка со Сијамка, во мајка и беше заљубена, само со неа се галеше ама другите знаеше и да ги загребе. Имај во предвид дека расните мачки имаат пократок животен век во споредба со мешаничиња и се склони на типични здравствени проблеми за нивната раса.
На сите мачки кои се чуваат дома паѓа влакното. Додека мачките што живеат надвор влакното им се менува и прилагодува на временските услови 2 пати годишно, мачките што се чуваат дома се митарат константно заради поквалитетниот начин на живот. Муабетот ми е дека влакна секако ќе има, па земи си мачка каква што ти е мерак. За влакната потребно е само квалитетна храна и редовно четкање.
@Yowannty ај помагај. Како да спречам мачето да не ми ги јади и растура цреповите? По 2 пати на ден собирам земја. Има ли некоја идеа да бега од нив