Само ограда. Мачки и цвеќиња никако не одат заедно. Помалецки саксии опција ти е да си ги дигнеш на повисоко, на пример на рамка од прозор без простор измеѓу за мачката да не може да скокне, или некоја нова полица на ѕид или ако имаш радијатори кои нели не се користат летно време. Ако имаш големи саксии што стојат на под, ќе стаиш по неколку поголеми камења во нив над земјата околу стеблото оти со малечки декоративни камчиња ќе сака да си игра. Ако летуваш негде летово, ќе си собереш камења од по плажи. Ма да ако цвеќињата имаат листови кои висат, тие следно ќе ги нападне. Фикусот мој беше масакар напраен. Не преживеа сиротиот.
Не ме разочарувај. Таман ми пркнаа и цели се изгрицкани лисјата Големи црепови се тоа е проблемот. Го карам и пак ми копа. А за грицкање додека не го гледам. Ќе пробам ова со камењата баш, сега ми се со кеси
И мене ми грицка на тераса кога не гледам. Ја претежно билки имам, босилек, магданос, рузмарин... Знае дека не смее ама прва прилика одма користи. Ова со камењата успеа кај свекрва ми. Таа и така си чува камења во големите саксии, па лани сплет на околности бевме 2 месеца кај нив со се мачор наравно и саксиите со камења не ги чепкаше, преташе само во тие што немаа. А за грицкање и играње со нив ништо не помага. Јас претежно кактуси чувам, сега подучена па ги чувам на високо малите, мачката што ја имав пред оваа, тие мали кактусчиња како топчиња што ми беа ми ги вадеше од саксии со заби и ги паткаше насекаде. Туку дур сум тука, не знам дали знаеш, белите мачки со сини очи не ретко имаат тенденција да се глуви, или да оглуват со тек на време, па следи и почесто реакции.
Не сум знаела за оваа последното. Немам приметено до сега,освен што 2 пати сме го барале успан и никако не реагираше ама мислам нормално е за маче Дали тоа може да се спречи или?
Нормално е да не реагира кога е успан, мрзлив, заигран или фокусиран кон нешто друго. Ама постојат шанси да се намали слухот или скроз да го изгуби, па да си знаеш што е работата ако престане воопшто да реагира на звуци. Мојата мачка беше бела и само едното око и беше сино другото зеленкасто/кафено, зголемен беше ризикот да оглуви од страната кај што беше синото око па редовно ја следев, ама немаше некоја приметлива промена. Да се спречи не може, може да не дојде до тоа, ама да си знаеш дека за жал кај овие мачки постои тој ризик.
Од мене предлог зашто го имавме истиот проблем, купете му трева за мачки. Ние од кога земавме, само таа ја јаде, други цвеќиња престана скроз да ферма. Видов на оваа страна: https://lunapetshop.com.mk/product/трева-за-мачка/ Разгледај, сигурно има опции да се нарача/купи, знам дека има различни видови, стварно е спас.
Дали ќе е проблем да ја сменам песокта? Од почеток земам силиконска (со мирис на лаванда), ама многу брзо ми се троши, а е поскапа доста. Последно ко бев видов обична исто со лаванда, па да не направам проблем да не сака да оди ако ја сменам?
Ќе ја следам баш, се надевам дека нема да оглуви. Баш слушнав дека има ваква трева ама ми беше срам да прашам Фала многу. Јас додека да најдам убав песок сите ги пробав. Немаше никаков проблем. По е проблем ако му го смениш местото на песокот. Инаку верувај само силиконскиот е рает. Секаков пробав, и ако се поевтини од тие повеќе трошев отколку од овој.
Нашиве години уназад ги јадат само хлорофитумите. Тие имаат меки ливчиња и супер им се, така да гледаме цело време да имаат по една саксија за мезење. Плус доста брзо расте и се обновува самото растение. Кога имаат хлорофитум другите цвеќиња не ги чепкаат освен под казна нели ако сме заборавиле саксија да им оставиме. Трева за мачки еднаш им земавме, ја изедоа ама не беа нешто фасцинирани. Ама затоа жито, мајка ми за Велигден секоја година става, лом го прават. Од време на време пуштаме и тоа малку да подрасне и им ставаме, пресреќни се. За саксиите, камењата се фина идеја, не ми текнало до сега. Ние им ставаме онакви гранчиња со иглички од смрека, собрани од надвор и не ги чепкаат.
Јас користам пелети, многу е поевтино и мачето ми ги прифати без проблем. Најдоброто е тоа што не смрди, напротив, мириса на дрво. Неколку видеа кои ги гледав пред да ја направам промената: (како да го направиш вц-то DIY)
Живеам сам со мачето. Од кога го земав имам едно прашање кое што ми се врти низ глава. Дали мислите дека мачето е осамено? Не сакам да ми е тажно затоа што нема со кој да се дружи. Јас сум дома повеќето време, но и кога сум и кога не сум дома(имам камера така знам што прави) спие. Земав уште едно маче пред два месеци, го имав месец дена, не приметив голема разлика, освен навечер само тогаш играа, а преку ден спиеја двете. Тоа маче го вратив од други причини и му најдов друг дом. Ве молам за совет, дали да земам второ маче пак? Би земал до сега сигурно, но планирам да се селам во странство во следната година-две, и се секирам како би можел да ги земам и двете. Никој во фамилијата не сака животни, не би имал кај кого да ги оставам дур се снајдам со смештај таму.. Ова ми ствара ненормален стрес и анксиозност, ако имате совети, добредојдени се.
Здраво дечки, имам проблем со мачето. Првиот месец кога го земав уринираше во песокта, но еве веќе една недела уринира по ќошевите. Инаку песокта секоја ден ја менувам. Дали некој имал сличен проблем?
Многу чудно. Најпрво, дали е стерилизирано? После, дали посокот му е далеку од храната? Лесно достапен и без мириси? Ако сето тоа е океј, тогаш можеби е некоја промена во околината, ново милениче, нов член во куќата, или нова локација(нов стан/куќа). Ако не е ништо ни од тоа, тогаш сигурно е некоја болест и треба да го однесеш на ветеринар.. едит: сега видов дека си го земала пред еден месец, така? Имаш дома друго милениче?
На која возраст е? И моето почна исто, па ми кажаа дека почнале да му работат хормоните и си бележи територија. 4м е моето.
Да, затоа и прашав дали е стерилизирано. Домашните мачиња треба да се стерилизираат, за нивно добро е..
Не се секирај не е осамено. Мачките по природа сакаат да бидат сами барем дел од времето, без оглед на тоа колку се поврзани со сопственикот. Дури и да се две не значи дека ќе си се погодат, ова се случува најчесто ако се растени заедно. Освен ако ти не сакаш и ти е изводливо, немаш потреба да земаш второ за друштво на првото. Ако му обрнуваш внимание додека си дома, го играш, го галиш, се по ред, супер ќе си биде. Како што спомнале, или ако има/имало друго животно бележи територија или го фаќа период на нагон за парење. За второто стерилизација/кастрирање или опарување, зависно што ти е планот за со него.
Женски, имам 4 мачиња стари 3 месеци. Си се шеткаат низ двор и низ дома. Деновиве се многу успорени па си велам ај може е ради времето. Едното од нив е како затнато, има нешто логавко околу очите и мислам дека му оди накај носето и дури свирка кога спие. Немам искуство со чување мачки. Малце сум успаничена за него.
И јас почнувам да се секирам за мачорот, многу е чуден, се надевам искрено дека е заради жештиниве. Цел ден спие под кревет а никогаш не одел таму, мене скоро и да не ме регистрира, само дм по малку (ама секогаш му бил омилен ). Не спие никогаш со нас во кревет, не седи со нас кога гледаме телевизија а секогаш се пикаше и бараше внимание константно каде и да сме. И мјаучењето му е некако сменето, пие многу малку вода. Само навечер седи во двор. Го посвоивме во декември, направи 10 години во јуни, не знам, нормално ли е однесувањево од топлово или нешто друго е во прашање? Немаме клима инаку, а седи во собата со вентилатор.