1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да чувам маче од причина што исфрлам...
     
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.395
    Допаѓања:
    38.303
    Пол:
    Женски
    Да прашам за вакцините.
    Денес ја вакцинирав со прва вакцина, 3 месеци е.
    Ветеринарот ми извади книшка, и за следна ми ја пиша наредна година да ја однесам. Рече нема потреба ревакцина за еден месец. Ја чуваме дома во стан инаку, не ја вадиме надвор. И за беснило исто ми рече нема потреба.
    Што мислите?
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.608
    Допаѓања:
    173.828
    Пол:
    Женски
    Ја искрено не знам како ти рекол следна вакцина е на 1 година, а ваму дека нема потреба од неа.
    Претходно само 1 вакцина е, заедно со ревакцина и следна е таа за беснило заедно со чипирање.
    Јас искрено би ревакцинирала регуларно, мачката ќе биде заштитена, и таа за беснило законски мора да се прими. Оти не може да чипираат без неа, а чипирањето е законски задолжително, следствено и вакцината. Понатака останува само ампула за надворешни и таблета за прочистување од внатрешни паразити да се дава.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.395
    Допаѓања:
    38.303
    Пол:
    Женски
    Ревакцина на првата сега што ја прими кога се става? На лепенката што ја залепи во картонот пишува вакцина за feline panleukopenia, caliciviral и herpesviral инфекција.
     
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.608
    Допаѓања:
    173.828
    Пол:
    Женски
    FELINE PANLEUKOPENIA Virus, FELINE CALCIVIRUS, FELINE RHINOTRACHEITIS VIRUS, CHLAMYDOPHILA FELIS.
    Една вакцина е само за мачки, со ревакцина по еден месец. Знам дека и во МКД мачката само една вакцина примаше, со ревакцина и тек следна беше за беснило. Ако грешам нека ме исправи некој, ама се си мислам така беше.
    Е сеа, може ветеринарот ваш работи поинаку со вакцините.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  6. revolution123

    revolution123 Нов член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво имам маче 3 месеци има тркалезни црвни (roundworms). Тешко дише, не јаде и понекогаш повраќа. Сега не работи ветеринарна, па може ли нешто да направам од дома?
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Најпрво животното се остава во карантин, и потребно е редовно да се чисти од изметот кој ќе го исфрла додека трае прочистувањето. Му се дава апче за прочистување од внатрешни паразити,ги има разни фирми но јас користам секогаш Biheldon. 24 часа после давањето на апчето почнува нагло исфрлање на измет можна е појава и на дијареа доколку сте претерале со дозата и би требало да ги исфрли паразитите. Проблемот настанува доколку паразитот има исфрлено јајца преку изметот, а животното (особено мачките) после нужда се чисти со уста повторно ги внесува јајцата и се инкубираат во стомакот и се создава нов циклус.Затоа е потребно да се остави во карантин или евентуално ако го чувате надвор, нека остани одреден период надвор.
     
    На revolution566 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    24.633
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам, дали имате искуство со ваква ракавица, гледам ми излегува на реклама, ама не знам дали е ефикасна, а итно ми треба нешто, дека мојов мачор има долги влакна и прееемногу му паѓаат, каде и да се свртам има влакна и други четки што ги имам користено не се ефикасни...

    [​IMG]
     
  9. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    32.502
    Пол:
    Женски
    Имам јас вакви, но не се многу ефикасни. Тргаат влакна да, но ни приближно колку на сликата. Исто и не се практични, тешки се за чистење посебно кога ќе се налепат влакната на делот со платното. Не би ти ги препорачала :)

    Исто и јас барам некој добар чешел. Доколку знае некоја членка нека пише :D
     
    На Зеленоокатаа и MandyLane им се допаѓа ова.
  10. asimoska

    asimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Јас имам ваква и многу сум задоволна
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. revolution566

    revolution566 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Да и јас и дадов бихелдон апче, поминаа 24 часа но не и помогна затоа од ветеринарот побаравме појако апче ни даде Каниверм. Денеска веќе 5 денa откако и дадов од ова апче на маченцето му стана подобро почна да јаде и да пие водичка веќе 4 ден. Сепак премногу е малаксано и изнемоштено се гледа дека сеуште му е лошо исто така и во столицата не гледам дека исфрла глисти. Дали некој има со слично искуство и ако може да ми помогне?
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    На Keri му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.395
    Допаѓања:
    38.303
    Пол:
    Женски
    Мачево не е воодушевено некако од храната зрнеста што и ја давам. Земам од ко ја вдомивме од Вискас џуниор зрнеста, со пилешко. Повремено и давам од ќесичките за 2-12 месеци, таа ја обожава, ама не е за постојано. Исто и готвено сака, риба, ориз, туна, пилешко ко ќе правам се со сласт си јади. Зрнестата сакам да ја сменам, каква да земам, предложете некоја? Скоро 5 месеци е.
     
  14. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Пробај го со ваква. Јас и мокра и сува давам од оваа. По 1 кесичка мокра храна на ден, му ја делам на 2 пати, а секогаш си има ваква за да си грицка.
     

    Прикачени фајлови:

    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Мојата госпожа на почеток не сакаше да јаде сува храна, дури и научи да ја плука едно време. :tmi: Па не и давав, кренав раце, затоа што само фрлав... не јаде стоена храна :smoke:

    После наеднаш престана да сака водена храна, па јадеше само сува, а мјаукаше тажно на таа од конзерва/пакетче.

    Сега е у некоја фаза кај што почна пак да се мршти на сува храна, па пак и давам пола-пола. Муабетов ми е, и они сакаат да сменат, бар мојава така ми кажува кога си правиме муабетче. :D

    Јас земам на Пурина една зелена со пилешко или со лосос, таа највеќе и се допаѓа. А исто и од ДМ е топ сувата храна, има со различни граноли (различна големина) и едни Џуниор граноли, пробај такви. Од ДМ се супер и конзервите, 39 денари е 400 грама конзерва, скроз солидна цена, а се без шеќери.

    А форевер омилено им е варено копанче/крилца, пробај да ја измешаш сувата храна со тоа течноста... ќе ја излиже чинијата :D

    п.с. Можеш да пробаш и сува храна во едно чиниче, јогуртче во друго чиниче. Мојава си јаде и си пие напоредно, нешто како ѓеврек и јогурт. :rofl:
     
    На SnowWhite8, BloodElf, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.395
    Допаѓања:
    38.303
    Пол:
    Женски
    @Doozy и мојава јаде јогурт така :D како деца се буквално. Ќе пробам со некоја од предлозите, ќе се погоди нешто се надевам. :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ќе треба да пробаш со различни. Некои мачки сакаат се една иста да тераат, некои сакаат да им се менува. Мојов најмлад е исто толкав, 5 месеци, една јуниор му беше мех ама сега му земав мислам Киткат јуниор, шарени се зрнцата, ја обожава, повеќе од ќесички ја сака. Само, и ова е мислам често случај кај мачки, сака свежа да биде. Јас кога ќе ја купам, зашто обично во ќеси се на мерење кога зимаш, му ја префрлам во тегла и по малку му ставам. Скоро секогаш се дојадува, само по малце си остава, да не му снема случајно :D:D:D:D

    За конзервите ако и даваш, избегнувај да ги чуваш во фрижидер, ич не сакаат ладна кога е, плус тоа сосот стврднат. Ќесичките ми се мене некако најпрактични а и он ги сака. Пробав и во оние како паштети од Кам ама ни тие ни оние од ДМ некако не го паѓаат во несвест.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет од некој поискусен.
    Пред 4 месеци најдов маче што тогаш имаше 3 недели. Од тогаш го чувам дома, буквално е затворена во станов 24/7.
    Еднаш ја однесовме до парк малку да запознае природа, се плашеше и од тревата и од луѓето.. од се.

    Е сега, маката. Мачката обожава да шета по оградата од тераса (високо е над 20 метра од земја), и кога имам отворено прозор од соба, си скока преку биро на прозор и си седи на надворешната единица од климата. Понекогаш како да се спрема да скока од таму на тераса, а далеку е скоро 2 метри..
    Еднаш комшиите дојдоа да ни кажат дека стоела на ограда и бркала мува, се исплашиле дека ќе скокне ќе падне долу..

    Ептен ме плаши, не знам дали воопшто можам да ја одучам од тоа или едноставно само да се молам да не падне ;(
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    На другар мој му падна така мачката од петти и за чудо, преживеа. Иста навика, да си седи на климата, ама се подлизнала. Од шок, се пикнала во подрум и ја најдоа дури по 3 месеци, цела коски и кожа и бајаги истрауматизирана. Оттогаш не седи веќе таму.

    Знам дека така кога чуваат мачки во стан на високо, ставаат на терасите како мрежи или како од тие едни зелени мрежи за сенка. Можеш да пробаш со такво.

    Инаку, нормално е да се плаши надвор кога ќе испадне. Мачките се територијални суштества и мнооогу се трауматизираат кога не се во сопствената територија. Особено ако никогаш не била надвор.

    Можеш да пробаш да видиш дали ќе сака да ја шетате со каивче. Смешно ама... малку да се протрча во парк одвреме-навреме.

    Штом не испаѓала никогаш, не дека и фали тоа, не знае дека и надвор има свет. :)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Какво каивче?
    Со обичен околувратник?

    Пошто такви со харнес како за кучиња, нема.