Има специјални cat harnesses, не се околу вратот туку околу цело тело. Како елече е. Побарај на Ebay, мислам дека таму сигурно има. Мојава си шетка во дворот, особено го обожава соседниот двор затоа што никој не живее и има трева колку сака. Ама да бевме во стан, ќе ја шетав (ќе ја шетам) со такво.
Има на ebay сигурно, а и од германскиот Амазон стигаат работите овде без проблем. (некои, не сите) Ѕирни успат некое видевце да видиш што, како ги учат, има прво како тренинг. Треба многу да се внимава да не се исплаши и да се заплетка уште повеќе, може да се задави.
Тоа си мислев. Прво ќе се плаши, после најверојатно ќе треба да ја влечиме и нема да сака сама да оди... Абе срцки се збунети
Мачка е толку независна што со каивче може да се удави во напорот да го скине,а и не и личи на мачка каивче,некако целата грациозност,независен дух и слобода на движење и ја усмртуваш...Е од мало да го учиш на каивче не знам како би било ама мене лично би ми било жал...
Фала ти за советите. Ситуацијата што ми ја опиша од другарот ми е кошмар.. Од тоа се плашам.. На тераса нема опција да ставам мрежа бидејќи е забрането било што освен тенда (нова зграда, правила од договорот..) Инаку, купивме такво за шетање со каивче, прво е борба дури и го облечеме (го јаде и него и нас) еднаш успеавме па легна и не мрдаше како џогер ја влечев по паркет :/ Изгледа не сака надвор а внатре и е досадно сепак е мало и сака да истражува па ќе морам да ја пазам да не падне
Види во Фауна шоп кај Буњаковец или во некои од ветеринарните ординации, Налетовски во Влае имаат100% пред некој ден ги видов. За шетање, многу зависи од мачката. Во принцип, од мала треба да се научи инаку џабе е. На мачки им е потешко да менуваат средина и територија, гледај тоа секогаш да биде во истиот предел за она да се навикне и да си го осеќа како свое. Пробај да има нешто каде што може да се качи, дали клупа или нешто сличо зашто нив им е битно да бидат од горе, посигурно се чувствуваат така. Е сега, ова со стоењето на прозор. Ние сме на високо и кај нас си седат на тераса ама не се движеле никогаш по оградата т.е. пробале и сами си се враќаат. Мачорот обожава да гледа надолу се што се движи ама јас на почетокот го пазев и бев со него. Ако имаше мува или птица обавезно го симнував. Сега е научен си гледа и си ѕирка ама не иде преку. Пробај да бидеш до неа на почетокот, да ја галиш за на некој начин да не почувствува дека било што надвор е подобро од ова дома. Во принцип како што растат се повеќе им се фиксираат навиките, обично млади мачиња знаат да се залетаат. Крај краева ако гледаш дека има тенденција за скокање, кога е она во собата прозорот затворен или на кипер, воопшто да нема шанса да оди.
@WildMk Еве ја мојата убавица на снег. Некогаш сакаше надвор, почесто не. Си беше дома навикната. Ако сакаш да пробаш, биди претпазлива. Твојата мачка е веќе возрасна и може да биде агресивна ако успеете воопшто да и ставите харнес. А многу ми недостига. Не можам да ја преболам... @Nithya со стерилизирање/кастрирање, се намалува ризикот мачката сама да проба да скокне од балкон. Кога немаат потреба да бркаат други мачки е полесно. Мојата од погоре и оваа сега што ја имам нон стоп на балкон биле и немаат гајле. Ама по прозори имам комарници, покрај тоа што за нас е добра ствар поради нели спречување инсекти да влезат внатре, исто е доста практично и за нивна безбедност.
@Yowannty мојава на месец ипол прв пат се качи, прво на столица па од столица на ограда.. Не верувам дека тогаш имаше нагон, тоа и е како игра. Помислив и јас дека со стерилизација ќе се смири. Кога бевме за вакцина прашав и за тоа. Ми рекоа уште е мала, во ноември ќе може да се оперира.. Иако не знам колку тоа ќе смени, само се надевам. Твојава лепотица била преубава, се стопив
Девојки Имав од мај 4 мачиња, си ги изгледав и си ги пораснав. Си ги чувам комбинирано пошто сме во двор. Не ми беа вакцинирани (знам, моја грешка) Бевме отсутни 4 дена, им оставив храна, комшиите ни ги хранеа. Кога се вратив едно немаше, рекоа дека слабо јадело деновите, во неделата второ почна да не јаде и повраќаше жолто. Во понеделникот и двете ги најдовме умрени. Истиот ден и останатите две престанаа да јадат, ги однесов на ветеринар. Температура 40 и со нешто на јазикот. Рече дека е вирус и дека ќе се оправат. Ги боцкаше со нешто(незнам што, прв пат чувам мачиња) и им дадовме апче за прочистување од глисти. И вчера пак ги боцкаа. Од вчера попладнето едното ептен е крш. Залегнато. Го однесов повторно на ветеринар и ми рече дека нема веќе температура и дека тоа на јазикот му е повлечено ама сега го мачеле глистите т. Е му се собрало се ама не било страшно. Јас девојки умирам. Плачам трет ден а бремена сум 7 месец. Некој искуство... Усвари некој да ми каже најискрено дали ќе го биде мачето пошто ептен ми беше тоа другарче. Фала ви многу однапред.
Оооффффф..... баш ми е жал Полека, смири се, не ти треба ич тебе нервирање. Сте ги однеле на ветеринар, тоа е најбитно. Прати ги сите совети од нив, мачките се издржливи и не клапнуваат брзо. Само прати го како се движи, што прави и се репортирај му на ветеринарот. Правилна терапија и нега е се што треба да се направи сега. Кога ќе се оправат, исконсултирај се со ветеринар за вакцини и што уште би требало. Посебно ако си трудна не ти треба и тебе нешто да ти пренесат. Ќе биде се во ред
Заприметив кај мачето топче на мешето накај левата страна повеќе, внатрешно е, на кожа не се гледа ништо. Како да мрда на допир и не ја боли. Што може да е? Ќе ја однесам на ветеринар секако, само ме интересира дали е можно да е нешто опасно. 5 месеци е.
Смири се, би требало да бидат ок. Само не им давај ништо тешко на почеток, ни храна за мачки. Веројатно веќе ти има напоменато ветеринарот. Давај им само пилешко без никакви зачини, ориз(доколку јадат), јогуртче и електролити со шприц доколку не јадат. Ќе им помине, моите скоро секоја година ова време фаќаат некој вирус. Само ова со глистите малку чудно ми падна, пошто ветеринарот каде што ги носам напоменува да не се даваат таблети за прочистување кога се болни, ни јас не знам зошто, но ете. Можно е да и е само потечено, можно е и тумурче да е.. Женско е мачето?
Епа и на мојата нешто слично и се имаше оформено на таа возраст, само што не се сеќавам на точна локација. Ја стерилизиравме, и антибиотици примаше некое време после тоа, па и се повлече.
Здраво. Имам стерилизирана убавица од 3години, бела како снег,а очите и двете плави. Гледа, слуша, ама само тоа што сака Ја чувам од 2 месеци, од улица е, па и карактерот го наследи како да не е домашна... Ама сепак најсакана. Пред 2 3 дена почна да и се собира црно на едното око. Мислам дека сама го трга, но и јас го тргнав 2 пати. Повторно се појавува. Што може да е ако знае некој да ми каже. Неможам моментално да ја носам на ветеринар, тек за некој ден. Благодарам.
Како да ја натерам да си легнува во ново креветче? Ставив играчки, топчиња што ги сака, купив како награди за маче бисквитчиња пробав неколку да ставам внатре- до пола влегува да ги извади со устата. Дали да ја оставам сама со тек на време да се навикне или ако не почна одма да спие таму нема да влегува воопшто? Како бебе спиеше во креветче што и го изработив сама со перничиња, ама и тоа не го сака, а и мало е веќе. Ноќе спие со нас, не ми смета, ама сакав да си има нејзино. Или точно е дека попрво во кутија спијат од во специјални креветчиња?
Zdravo ke ve zamolam za pomos,imam persisko mace 9 meseci staro vakcinirano i procisteno,no na noseto vele edna nedela mu izleze nekoja rana kako herpes izgleda..prv pat vakvo nesto i samo spie a se si jade e ok no so ranata neznam sto da stavam da pomine,go odnesov na veterinar stavi nekoja inekcija no nikakva promena ..ve molam za pomos