1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    Рама, велиш дека мразиш мачки ова она, а си ставила слика од мачка.
    Ахаххахахах смешки!
    Инаку Cat Lady сум, без мачки неможам да живеам. Активист за заштита на права на животни сум, али мачките ми се на прво место. Таа грациозност, темпераментност, убавина, еееех. Кој може да каже дека не постои душа зад тие жолти очи?
    Чувам мачор со посебни потреби, од мал беше најден со скршена долна вилица и мали беа шанси за негово преживување. Со прва операција му се стави жица во уста и така ја носеше три месеци, посебна кашеста храна и сл. По три месеци му ја извадија. Нема заби на горната вилица, а долната му е искривена, посебна храна и ден денес, ама си го сакам најмногу на целиот свет. Спие со мене, си игра, ко кутре му фрлаш топче тој ти го носи, се шета на поводник надвор.
    Во ноември ке наполни 2 години, јееј!

    (и вака си прибирам привремено други мачиња до нивно вдомување, имав прилики со многу расни, ама сепак мојов егејески мачор си го сакам многу!)
     
    На cooll, Lella, sunfemina и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Срцка сликата ми е убава знаеш зошто бидејки е виртуелна,тоа е разликата :lol: убава ми е црната мачка која е на оваа слика бидејќи означува моќност и има став,многу ме потсеќА на мене ахаха затоа ми е ставена одамна,инаку вашите реални мачкици не ги преферирам мислам се разбравме ај да не ја полниме темата со офтопици :worried:
     
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Rama, не се офтопици, збориме за мачки, во конкретвниот случај за врската мачка-човек. :inlove:

    Мене ми е смешно тоа што викаш ти се гади од влакна на мачки, но и кучињата имаат влакна и исто така се митарат преку лето. „Најстрашно“ од сè, и дечко ти има влакна и му испаѓаат и може да се најдат директ на трпезариската маса, не викаш за нив дека не ги сакаш, напротив, нели? :!:

    Луѓето се бричат, се шишаат, и најважно од сè се бањаат секој ден (надежно) за да ги спречат овие хигиенски непријатности кон околината. Мачките и кучињата кои сопственикот не сака да му бидат влакнести како орангутани, ги чешла со посебни специјални за нив алатки, ги бања исто како луѓето, а ако едноставно има некој фобија од влакна како влакна, општо, тогаш има прекрасни мачки наречени сијамки, без влакна. Најубавото покрај тоа што немаат влакна, е што се исклучително интелигентни.

    [​IMG]

    Или Абисинијка, ама ова потешко може да се најде кај нас.

    [​IMG]

    Поентата ми е, не е дека не сакаш мачки зашто имаат влакна или било што, туку едноставно ти се антипатични како животни, а знаеш како велат, оној кој не сака животни, не сака ни луѓе. А тоа веќе го оставам на дечко ти да се занимава. :) И извини што бев малку нападен. :x
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Ако и се антипатични мачките, не значи дека не сака животни :wasntme: Јас можам да чувам цело стадо кучиња на пример, ама не би можела да чувам мачка. Не ми одговараат карактерно и не можам да се поврзам со нив. Немам против други да ги чуваат, не ги мразам, едноставно не би чувала. Кога ќе појдам на гости кај луѓе што чуваат, ги играм, галкам, ама кога ќе се вратам дома пак такво чувство имам, дека со мачка не си одговарам и тоа е тоа. (башка што имам едно комшиско маче, ѓавол, што се појавува низ ограда само со шепите и ми ја гребе кучката ]:) лошо маче, лошо ]:) :D )
     
    На Rama и Hipster им се допаѓа ова.
  5. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Не се секогаш лоши мачките, знаеш... Тоа можеби сакало да се одбрани зошто не го поднесува кучешкиот мирис и се плаши од еден голем мокар нос. Но, мојава мачка не напаѓа кучиња туку само се кострежи и оди кај мене за да ја одбранам. :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    149
    Ги обожавам :inlove:
    Скоро два месеца чуваме маче со мм, го најдов додека одев во продавница,ме гледаше како едвај да чека некој да го земе,толку мирно маче немав видено.Одма се навикна, единствено во почетокот беше многу мрзлива па мораше да ја носиме до песокот на тераса или да ја носиме до храната, па додека ја галев знаеше и на грб да заспие од мрза и додека не дојдевме до неа не се мрдаше :D
     
  7. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    На Lella и hermosa им се допаѓа ова.
  8. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Си имам мало маченце и го бањав пред неколку дена. И сега кашла, настинато ми е :(
    А убаво го избањав со топла вода плус го исфенирав... леле :( ете го до мене сега стуткано во ќебе. Mу ставив топло шамивче околу вратот, на шпоретот имаше некаков чај му го ставив под нос за да вдишува топло. :lol:
    Што да му правам бе луѓе? :(
     
  9. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Остави го. Не се мачи тоа е мачка. Само биди сигурна дека мачето ти е дома и е на топло. Се разбира не премногу, мислам на собна температура. Мачките брзо оздравуваат.
    Јас имав мачка која беше нападната од куче и цела кожаи беше извадена од ногата. Не ја однесов на ветеринар не ја заврзав. Мачките се лижат и со тоа ги чистат нечистотиите од нивното тело.
    Сега уште е жива и ногата и е како никогаш да не била нападната.
    Иначе Пафи се вика и е ќерка на Тези. Од 3 легло и` беше.
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Времето е веќе заладено, а мачките се особено осетливи и многу лесно може да настинат ако се бањаат. Следи го мачето, ако не се подобрува, губи апетит, не е расположено и сл. не чекај да го однесеш на ветеринар.
    Не практикувај повеќе бањање во ладен период од годината, особено ако го чуваш мачето дома нема потреба од многу бањање. Мачките сами си го чистат крзното со лижењето. Инаку има и суви шампони за чистење, па може да се избегне "мокрото" бањање.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Не, не. Си јаде, си игра, ама кашла одвреме навреме.
     
  12. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Или на оваа,или на темата за грижа за домашните миленици,беше напоменато дека не смее да се бања мачка.
    Значи не сфаќам што ви е целта.
    Мачките,се најчисти животни и прородно се капат.
    Така да нема потреба од дополнително бањање.
    Друго,мало маче не само што не смее да се бања,туку кај нема имунитет уште створено,земаш и го бањаш за да го настинеш.
    Можеш да го избришеш со влажни марамици за миленици,имаш посебни во секој пет шоп,и секако,затоа се сувите шампони.
    Моето куче е бело,и нормално,од дома до парк да го прошетам се валка,и ако секој ден по двапати го бањам до каде ќе одевме?Ама затоа има марамици,затоа има шампон за суво миење за да се одржи хигиена.
    Во иднина,внимавај,никогаш,НИКОГАШ,мачките не се бањаат!!!Ако веќе мораш,направи го тоа со сув шампон.
    Свари чај од камилица,и млак со цуцла давај му го.Ако не помогне ни ова,покрај тоа што си го направила и ти(добро си направила со чаот и марамата) однеси го на ветеринар.
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    И покрај тоа што мачките природно сами се чистат не значи дека не треба воопшто да се бањат.
    Колку често зависи од самото крзно.

    Кога го носев мојот мачор на контрола пред еден месец баш паднавме на муабет со ветеринарот за целата ситуација со капењето и рече дека е препорачливо еднаш во две недели.

    for safety purposes: сечење на ноктите ПРЕД а не ПОСЛЕ капење. :D

    И уште нешто. Не знам колку сте слушнале за законот за заштита и благосостојба на животните што од скоро опфаќа задолжително чипирање на домашните миленичиња. Целта е идентификација и евиденција на вакцинираните животинчиња. Законот стапил на сила во јуни и препорачливо е доколку не сте ги чипирале вашите да го сторите тоа до крајот на оваа година.
    Глобата наводно е околу 80 евра за физички лица и 1000 евра за правни лица.
     
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Мачката воопшто не треба да се бања,или ако веќе е неопходно заради хигиената,може само со сув шампон.Не смее,ама никако да се бања,особено не на две недели,мачките не сакаат вода,и броз се разболуваат.

    Да,ноктите треба редовни да се сечат(еднаш месечно),на ветеринар или пак,ако можете сами и знаете како,со ноткарка за миленици можете и дома да го направите тоа.
    Околу чипирањето,и јас сум за тоа,пред се зошто би се намалил бројот на бездомни животни,особено кучињата,а воедно и за губење или кражба на миленикот.
     
  15. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Фала многу на советот, ќе пробам со чај од камилица.
    Но мислам дека ќе биде малку потешко со цуцла, ќе може со шприц? :$
     
  16. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Може, но да не го стискаш пребрзо.
    Почекај малку и за милиметар шприцни, потоа пак малку (секунда) и така.
    Не се согласувам со оние кои мислат дека не смее мачката да се бања. Еднаш во 6 месеци мора и не е старшно за нив ако не ги бањате на ушите. Не се секогаш мачките најчисти, мојава како се валка пред да ја внесам. :x
    Па се надевам дека советиве ти помогнаа. :hai:
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Може,секако.
    Ама мене секогаш ми одбивање со шприц,и внимавај да не и даваш пребрзо.
    Милченце,значи мачката е домашно животно,животно кое седи дома и само дома,а со тоа не се валка.
    Ако за куче се препорачува еднаш на 3-4 месеци,што секој ден по 2-3 пати најмалку се изнесува надвор,за мачка колку би било која постојано е дома?Сигурно не секоја недела.
    Сфатете веќе еднаш,мачките не се бањаат.Може еднаш годишно,во итни ситуации,ако се извалка веќе неочекувано.
     
  18. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Девојки барам мало бело маче и машко ? Има некоја од вас која сака да ми го подари ?
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Следи ги страните за миленичиња на фб, во последно време имаше и такви мачиња што ги подаруваа, па ќе можеш да вдомиш.

    Инаку околу бањањето на мачките..кој би ги бањал во природни услови? Логично сами, онака како што нивната природа налага. Е сега тоа што ние ги чуваме дома, сакаме да ни мирисаат убаво, да бидат чисти, а ако излегуваат надвор поминуваат низ ѓубриња, масла од коли, бактерии, нечистотии...па повторно ќе влезат дома и нормално не е фино да седат и лежат нечисти на кревет.
    Во такви случаи да речеме дека е оправдано бањањето ама пак треба да биде исклучиво ретко, со соодветни средства за мачки (никако со шампони за луѓе), кога е топло времето итн. Честото бањање им го пореметува природниот баланс, а може лесно да им навлечете и настинка. Сепак има начини да се чисти крзното почесто кога треба и без трауматичното бањање (неколку начини има низ погорните постови). За мачките што се чуваат само дома, навистина не е итно.
     
    На mil4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Еве едни кои мнгу ми се слатки. Ги најдов на пазар3 :)
    http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetai ... AM-MACENCA
    Мене најслатко ми е тоа последното. :)
    И еве уште:
    http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetai ... -3-macinja
    Ова ти е итно и со сигурност можеш да спасиш живот:
    http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetai ... PODARUVAAT
    И најпоследно, тие што се одлучуваат во полот на малите мачиња, најдобро им е да земат мачор и да го кастрираат за да не бега по девојки. Женките се агресивни и не се прилагодуваат многу лесно на нови работи.