1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Може ве имам прашано, пак ќе прашам. Чуствуваат кога ќе ги бакнеме, гушнеме, знаат дека ги сакаме?
     
  2. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не би требало да има проблем, но може да земете од тие што им се трга "покривот". За во секој случај.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Имам видено песокот нивен го чуваат како во отворена кутија во ќош.
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас лично не знам за случај каде што не го прифатиле. На мојот му го сменивме од отворен во затвроен гајле нема од прв ден. Дури интересен му е поише мислам зашто ѕирка одвнатре. Знам кога го купивме ми рекоа дека некои мачки не сакаат заради вратичката ама тоа може да се извади само и готово.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно затворена кутија е подобра, ако не сакаш по дома плажа.

    Не верувам да имаш проблем, многу брзо учат. Јас имам затворена. Ова ми е трето маче и имам различно искуство со сите три. Првото почна од бебе во отворена кутија, па го префрлив во затворена кога беше доста постаро. Немаше никаков проблем. Многу беше заинтересирано да види што е и веднаш влезе.

    Второто беше премало да влегува во затворена кутија. Џабе ми беа обидите, оно не можеше ни да се качи. Такво скроз бебе го најдов на улица и го вдомив. Па земав доста пониска од таа што ја имав додека пркна малку. Во затворена го ставав јас и го привлекував да излезе надвор со храна. Не биваше никако, па ја извадив вратичката. Го оставив отворот така без. По 2, 3 дена ја ставив вратичката назад. Влезе без проблем и не излегуваше. Ама дојде по храната. Направив така за 2, 3 излегувања и научи. Третово исто го имам од мало. Го ставив јас првиот пат, се помачи малку да излезе, ама успеа. Таму од кај што го земав, користело отворена кутија.

    Паметни се многу. На некои им е доволно дури и само еднаш да им покажеш. Ако има некоја фрка, извади ја вратичката на кратко, па врати ја. За надвор со храна. Јас прво би пробала без да ја извадам. Вратичките се многу лесни и одма се буткаат. Ништо посебно тешко. А на кутијата секако дека се отвара горниот дел, па можеш да ја употребуваш и без него, односно како отворена.
     
    На cresa-jagoda, hermosa, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.608
    Допаѓања:
    173.820
    Пол:
    Женски
    Скај, јас мојот мачор голем го префрлав од отворен во затворен и на почеток приметив дека се плаши и не сакаше да го користи. Еден ден му го оставив отворен, без капакот за да види дека тоа е тоалетот. Вториот ден го ставив капакот без вратичката, веќе знаеше дека песокот е таму и го користеше без проблем и третиот ден му ја ставив и вратичката. Малку се бунеше дур влезе, ама си фати ред.
    Е сега, песок секако пак ќе имаш за метење, затоа што песокот им навлегува меѓу перничињата на шепите и нормално им паѓа кога ќе излезат надвор од тоалетот. Ама ќе има значително помалку, оти кога ќе претаат во песокот за да извршат физиолошка потреба и потоа да запретаат, ако тослетот е затворен нема да лета надвор. Јас би ти препорачала покрупен песок да користите, помалку прашина и воопшто помалку песок има надвор од тоалетот. Ситниот ќе го разнесува насекаде дур испопаѓа од шепите.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    @Sky-butterfly направи како што Јованти ти пишала, а друга работа што се мислам да ја пробам е ова
    c1f0bc629a23853ed41baa6549ab4dfe.jpg

    идејата е да ги "истресе" шепите пред да излезе. Колку е ефикасно не знам, а и колку би прифатиле.
     
    На cresa-jagoda и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Фала ви девојки, јас сепак зедов една отворена посуда и тоа само поради местото каде ќе ја држиме.
    Јас првин имам едно место во глава, о за тоа само затворена беше во опција, ама мм даде идеа за ова што ми се допадна. Имено, на долниот спрат каде седиме имаме тоалет со туш кабина која никогаш не ја користиме, па внатре во кабината прво ставив подлога, за да се бришат шепи како излезе, па посуда со песок, купив лопатка и веднаш ми е тоалет шолја тука па од практични причини за мене се решив за ова. Да не отварам затварам, кога и јас да одамво тоалет, можам да си и исчистам нејзиниот :rofl:
    Понатаму може да сменам.
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Какви интересни идеи сум гледала и јас на нет Каме, и ова е интересно ептен.
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Одлична ти е идејава.
    Да имам и јас spare тоалет или слично, така би направила.

    Го зедовте ли бебето? :)
     
    На cresa-jagoda и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Би требало утре да ни го донесат. Ние чекаме :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Мачето што требаше да го добиеме вчера не го добивме, ама добивме друго, ми се чини помало од очекуваното.
    Ми рекоја дека е 2 и пол месеци, ама мене ми личи помало, можеби едвај два месеци, не знам додуша не сум баш експерт.
    Многу е мало, како поголемо глувче и не знае да јаде сува храна, гранули.
    Девојчето го хранеше со млекце и лепче, млекце и бисквити, знам дека не требало, ама тие така знаат.
    Вчера цел ден не јадеше ништо, само помирисуваше и се тргаше, а му ставив топла вода во гранули да му бидат меки.
    Дури вечерта кога ставив јогурт во гранули тоа се приближи и јадеше, ама само јогурт лизнуваше, не од гранули.
    Нели е тоа многу малку? Денес од сабајлево ништо. И ќе се научи ли да јаде и гранули?
    Го ставав во песок, мочкаше таму синоќа и сабајлево, ама не какаше, нормално ли е?

    Друга работа, мачето не е прочистено. Да ли може да биде тоа проблем бидејќи го внесов дома веќе, (глупо прашање, требаше порано да мислам знам),а планирам вечер на вет да го однесам да го прегледа и да земам апче за прочистување. И како ќе го дадам тоа, како ли ќе го изеде кога лизнува јогуртче неколку пати?
    Инаку, е много игриво, не знам од каде му енергија кога не јаде?
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Е малецко е, малце ќе јаде.
    Гранули не јаде оти не е научено, а чим има заби може да грицка.
    Ама биди упорна со јогуртот, ќе ги пројаде.
    Друга опција ти е да земеш џуниор кесички, мокра храна, ја обожаваат таа, позади има според килажа колку да јаде.

    Најважно е на вет да го однесеш, нека го прегледаат, сами тие ќе му дадат апче за прочистување и ќе те насочат најубаво.
     
    На cresa-jagoda и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Да, обавезно ќе го однесам попладнево.

    И ми текна на тие кесички мокра храна, ќе земам и од тоа , па ќе менувам, што јаде јаде, колку јаде нек јаде, нема многу пребирања.
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Ќе го научиш на сува, трпение спасение. А може и да не му се свиѓа, ептен се пребирливи мачките :)
    Ќе пробате кај вет неколку храни, ќе види која ја бендисува :)
     
    На cresa-jagoda и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Пак јас. Е ајде сега.
    Тукушто бев на вет, ја прегледа маца, вели мала била, дали 8.недела отприлика.
    И ми вели треба да пие млекце. Кравјо.
    Јас цела во прашалници, па викам какво млеко, нели не треба кравјо бла бла, тој ми вели па кој ти кажа тоа, и на луѓе треба млеко.:?:
    Ај јогурт можело, па јас мислам да продолжам вака со јогурт, малку гранули да ставам.
    Столица сигурно немало бидејќи јас му сменив исхрана, тоа не го прашав додуша, јас претпоставувам, така беше со моите деца кога беа бебиња кога им менував млеко. И тоа.
    Добро ли е да продолжам вака како мислам?
    Апче за прочистување ми даде, ама вика ако можеш стави малку во млеко(јогурт), пошто да ли ќе ја изеде, па понатаму кога ќе порасте ќе видиме.
    За вакцина за 10-14 дена.
    @CameliaMiller
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Постои бејби формула за мачиња, ама чим пие јогурт стварно не мора, тоа е обично за ептен новороденчиња да не умрат.

    Моето прво беше 4-5 неделно, од одма јогурт и гранули, а накај 10 недели само гранули и течна храна кесички му давав.

    Толку малечко веројатно четвртинче апче треба, ќе ја тагнам @LunaGrey она има подоста искуство со малечки.
     
    На cresa-jagoda, Sky-butterfly и LunaGrey им се допаѓа ова.
  18. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Ах имав совршено маче за вас
    Штета што не ми пиша.

    апчето не требале да ти го дадат на тебе
    Туку требало они да му го дадат
    На толкацко маче не се дава апче туку едно ко паста и со шприц се дава.

    Јас апчињата им ги ставам во грло и им ја држам устата ама не знам дали ќе го можеш тоа. Ќе му ставиш 1/8 во мевце и да ја изеде. Ако мачето има два месеца 1/8 прво подобро. Гранули не мора да јаде, има мачешка мека храна , таа зимај ја. Млеко не му давај ни под разно. Вода е сосем доволно за мачки.
    Бисквити и леб никако не смееш. Никако. Тесто мачки не смеат да јадат им нараснува во желудник. Ниту шеќер. И идете на подобар вет. Кажи ми во која населба ти одговара и ќе ти кажам кај да го носиш

    мн е мало , не требале да го двојат од мајката.
    Малите бараат почесто да јадат, ако не ти јаде не е тоа ок, значи не знае како...
     
    На cresa-jagoda, Sky-butterfly и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Не е од Ск. Скај, затоа и јас не знам да препорачам вет.

    Ама и мене ми падна чудно ова со млекото, јогурт да, ама кравјо тетрапак колку што знам не се дава, им смета лактозата...
     
    На cresa-jagoda, LunaGrey и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Мислам дека различен концепт за сакање од нас имаат, знаат дека се безбедни, а тоа е најбитното чувство на љубов за мачките :)
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, LunaGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.