Нека ти каже @Sky-butterfly како и пројаде мачето Копаните што ти ги зборев пред недела дена лек се за сѐ
Да, потврдувам, ете прееска на Луна и пишав, јас мислев не знае мачето ни да џвака, такво ми изгледаше, оно си го излижа чинивчето толку слатко. Абе копанче! Фала ти @LunaGrey за насоките
Здраво Чувам мачор, за некој ден ќе направи 6 месеци. Живееам во стан, неговата куќарка со песок е со местоположба во нашиот тоалет. Го вдомивме кога имаше 2 месеца и од старт си имаше стекнато хигиенски навики, односно нужда си вршеше исклучиво во песок. Но пред два дена заврши работа(онаа големата) во ходник, на плочки. Многу не изненади, па би сакала да ми кажете да не знаете што би можело да е причината за тоа
Не му бил чист песокот Ако имало друго гомце или неколку пати било мочнато извини ама нивните височества само на чисто сакаат да си ја обавуваат големата нужда
Ако вратата му е била затворена па така се десило или пак не е можело да издржи до местото ако е било итно зависи што е ручкало? Иначе штом си има веќе створено навика нема нешто зошто би се променило одеднаш.
@LunaGrey може да е тоа, педантен си е ептен, може да мочкал повеќе тој ден, па да не сум му подзачистила ко што треба. @GirlWithACat вратата му беше отворена, а и ходников е одма тоа тоалетот, ама и тоа што викаш, може итно му дошло нешто, го храниме ко royal cat само со храна за мачки. @Mantub хахаха и јас на ова помислив, се преиспитував цел ден, ама колку што мислам јас не, ми се инати нешто, не сум му напраила по кејф Фала ви на брзите одговори
Само јас имам вегетеријанци мачки значи Дај им диња, дај им кашкавал, дај им факинг грашак јадат. Од месо варено се гадат како го*но да сум им дала Иначе малово се среди со стомакот. Искака ГРАНЧЕ од елката Еве го арен е повеќе од 24 саати. Копан не, ама пластична елка може
Знаат, знаат да џвакаат, уште пред очи да отворат Ако е ситно, може таква му е манекенска градбата ај па части не' слики во темата за миленичиња, да се топиме малце
Да прашам дали кога се зима маче препорачливо е да е што помало? Сакавме да земеме мало, 2-3 месечно мислев по лесно ке биде да се привикне на нас но најдов 4 месечно маченце па се мислам да не е многу големо?
Не е препорачливо Мачето треба да е со мајката три месеца. Да цица и да има интеракција со мачки. 4-5 месечно е идеална возраст Да си го земеш
Дури и подобро е да го земеш постаро, откако мајката ќе почне да ги одбива. Во тие 3-4 месеци учат многу работи со неа, што значи ако го одделиш премногу рано потешко ќе биде да се научат некои работи. Пример, ние го земавме нашето на 2 месеци, кога го земавме само со шепичките си играше и нежно беше, не пушташе нокти. После 10тина дена почна и да гриза кога си игра и еве мака мачиме да го научиме дека не треба силно да гриза. Тој процес не го помина со мајката, ама немавме баш избор да чекаме, затоа што го земавме од место каде што се чувани надвор и не се баш пазени. Покрај гребењето и гризањето во игра, учат и како да се бранат, ловат, чистат, а во процесот кога мајката ги одбива учат и како да бидат самостојни. Нашиот ич не сака да го оставаме сам, уште урла пред врата и скока по неа, прави бељи намерно ако го оставиме подолго време. Ова не го кажувам само од еден пример, секое маче си е различно, ама ете цел живот чувам мачки и околу мене многу луѓе имале/имаат и во глобала рано одвоените мачиња или оние кои воопшто не растеле со мајка се многу потешки за воспитување. И јас ќе кажам да си го земете мачето, таман си е
Фала ви многу за одговорите. А дали знаете дали има начин да се утврди педигрето (документот) дали е вистински или е фалцификуван. Прашувам затоа што ми нагласија да бидам внимателна затоа што ваделе педигре за евтини пари.
Здраво!Веќе три дена како ми исчезна мачорот беше година и 6 месеци.Секаде го баравме ама нема ни трага од него.Дали има некој искуство слично?Дали постои шанса да се врати?Благодарам!
Мојот мачор така беше исчезнал дури 6 дена (не знам каде е бил) го тражев насекаде по маалото и подалеку и потоа сам се врати, но се врати болен настинат па стигна и до инфузии... Можеби почнал со гонење па затоа го нема овој период и мојот едвај се прибира дома доага само за јадење.
Сега е период на парење кај мачките, можеби е заминат по женски обично тогаш се случува некогаш да не доаѓаат дома по неколку дена или па го имаат затворено некаде. Мојата мачка на пр. кога ја нема ден два знам дека е кај комшијата во подрум бидејќи често ја затвора најверојатно да му лови глувци.
Добар ден, сакам да ја стерилизирам мојата мачка затоа сакам да прашам каков е процесот односно дали треба прво да се изврши преглед, треба некоја посебна храна да се дава, во посебни услови дали треба да се чува после операцијата... Како и дали е безбедно сега да се прави стерилизацијата бидејќи е почната сезоната на парење? Ако може некој да ми каже ќе бидам благодарна.
Оставајте храна надвор на некое блиско место. Не знам дали сте во стан или куќа, пред влез или некаде пристапно оставајте по малку храна. Старата мачка на времето на двапати се врати, беше пуштена на ужитак, ама после некои 6-7 дена се врати. И вртете кругчиња викајте го активно. Ако ви е чуван дома толку време и гласот ви го распознава. Зависи прво каде ја чуваш мачката. Ако е надворешна мачка обично не се гледа дали е вакцинирана. Ако ја чуваш дома треба прво сите вакцини да ги има примено па после се стерилизира. Одиш на ветеринар каде што ја носиш и таму ти закажуваат. Пред операција обично не треба да е јадена, операцијата е неколку часа и после тоа си ја зимаш. Првите денови полесна храна, да биде на нико, да не скока многу. Имаме мислам пишувано за ова на претходните страници. Ќе треба да се однесе и на контролни прегледи за да се осигураат дека раната убаво заздравува и нема инфекција. И тоа е тоа. За храна после зависи колку е стара. Мене за младиот мачор ми рекоа слободно можаам обична зашто е мал од време на време му мешам со таа за кастириани (таа е во главно помалку масна зашто имаат тенденција на здебелување) и уринарито. Сезоната на парење не игра некоја голема улога ама најдобро ќе ти каже ветеринарот.