Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Имам 2 прашања.
    Мачорко има примено само 1 вакцина, во меѓувреме го кастрирав. Сеа уште колку вакцини треба да приме? Ептен ги одолговлеков повеќе од незнаење.
    Другото прашање е зошто престана да ми јаде сува храна. Таа му беше омилена, пробав со уште 4 врсти и никако не сака. Пробав да не му давам течна за да почне таа да а јаде ама по би гладен да седе. Идеа? Не сака човечка храна :D
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Вакцини ( една на 2 месеци, за месец ревакцина, на 1 година за беснило )
    Ревакцина имаш само првиот пат.
    После тоа секоја година му даваш по еднаш од двете.
     
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Секоја година треба да ги прима двете? Првата за што е?
     
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да, секоја година по еднаш и таа за беснило и таа другата.
    Само првиот пат имаш вакцинација па ревакцинација (од оваа подолу), а беснило само еднаш после од двете само еднаш.
    Првата е против панлеукопенија, херпес вирус и калици вирус.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Фала ти :mm:
     
  6. Angel103

    Angel103 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    Дали знаете во Македонија каде би можела да најдам сина руска мачка и која цена би била?
     
  7. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Нема и јас барав :)
     
  8. Maleno

    Maleno Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2018
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Здраво женички ај помош сакам за во стан и се двоумам помеѓу ши цу и шнауцер ако има некој со шнауцер нека ми пише порака и за ши цу
     
  9. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Ова е тема за мачки, мислам дека има посебна тема за кученца па таму би добила повеќе одговори. :)
     
  10. S.kiki

    S.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Здраво, пред една недела зедов мало маче 3 месеци... го чував дома деновиве, но песокот мн мириса а веќе во овај период го сменив 3 пати. Прашањето ми е дали е проблем мачето да спие на тераса само на вечер заради хигиенски физиолошки потреби , бидејќи сум и со мало дете дома кое фаќа во кутијата. Му имам ставено покриена кутија и кебенце внатре , но не влегува внатре. :(
     
  11. Maleno

    Maleno Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2018
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Haha ne primetiv :)
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    И јас имам мало дете. Песокот стави го некаде кај што неможе така лесно да чепка малото, имаш песок со мирис и тој не мириса, плус после секое какање собирај го изметот. Греотичка е на ова време надвор.
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Планирам нжда вдомам маче. Сега е на улица, а било домашно.
    Они викаат дека има примено вакцини, а не знаат ни колку е старо.
    Што се треба за маче, јас никогаш не сум чувала до сега.
    Вакцини, ампули, песок, храна од каде да набавам, мислам од каде зимате и што зимате вие
     
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.445
    Допаѓања:
    38.461
    Пол:
    Женски
    Дали се смируваат со тек на растење мачињата?
    Мислам на скокање на предмети, качување, туркање. 8 месеци е нашево, еден куп глупости направи низ дома. Понемирна е од малиот што беше. :D Последно телевизор нов ни искрши, се качи со цела сила и го преврти. Се качуваше и претходно, ја карав, ја слегував, ама сега на успеав да го спасам. Мијалникот во купатило го пукна, истурка се од керамика што имав над него. Да не кажувам за цвеќиња, столици, итн.. Ја фаќа некогаш како лудило, трча во круг, се качува, знам дека е игра за неа, ама не знам дали е карактер и стално ќе е таква, или поминува со стареењето. Мм вели нема ништо менување дома ни ново купување дури не се смири.:D
     
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Се смируваат, ама зависи и од карактерот. Многу бе бељи ова некако.... Они имаат периоди на наплив на енергија, zoomies ги викаат. Дали има доволно играчки по дома? И дали ја играте? МОже чудно звучи ама сакаат и они да бидат играни. Дали врвче ќе и влечете или некоја поголема статична играчка за мачка, топчиња од хартија да и фрлате битно да си има достапни играчки.

    И ако треба баш скарување. Ние со овој најмногу со цвеќињата имавме проблеми, еден период се беше тргнато во посебна соба ама сега ги вративме и му помина меракот не ги ни ферма.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    И треба игра. Јас имам онакво топче со долг конец и јас или ќерката трчаме он по нас го брка тоа. Дури онака се задишува од трчање. Ако не го правиме ова такво е како полудено трча и праве бељи.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.913
    Допаѓања:
    177.274
    Пол:
    Женски
    Зависи многу од мачка до мачка. Имав мачка што скокаше по луѓе бетер од куче. Кога имавме гости на мира не ги оставаше. Ги гризеше по раце, по уши, им скокаше цело време. Напаст. :D Потоа имав една маза, права дама, мирна мирна премирна. :inlove:Овој сега, 2+ е и скроз палав. Сега плус со детево здружени, бандити прави. Ама за качување има само негови места, не смее на комоди, маса, столици и кревети. На софа само ако го викнеме ние.
    И оние мачки кои се смируваат со време, имаат луди минути во денот неколку пати, кога се истрчуваат.
     
    На hermosa и kristina.k им се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.445
    Допаѓања:
    38.461
    Пол:
    Женски
    @tigerlady @BabyT* има играчки, топчиња, глушец на конец, пердуви долги, мечиња, ја играме плус нонстоп се бркаат со малиот. Тој вози коли таа трча по нив, некогаш дури се задишува многу од трчање. Ама пак бељи прави обично дури спиеме рано насабајле или навечер од ко ќе се напие таа, неколку пати ја има така ноќе елката турнато, од памет ме има извадено. Многу е љубопитна, нема делче дома кај што се нема качено и пикнато. :drunk: Ќе посветам повеќе внимание навечер на играње, па ќе видиме.
    За карање ми се чини како да не делува многу, особено од мене нема страв воопшто.
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не може со карање, не се мачињата како кучињата и тешко скоро невозможно е да се воспитаат.
    Попрактично е да го распоредиш домот така да не може да ти чепка.
    Се смируваат после година- година и пол, ама тоа што го наброја го прават и после.
    Ги фаќаат периоди во денот кај што мораат да трчаат, туркаат работи, гребат, касаат, се качуваат.
    После година и пол спијат повеќе ама пак ги прават работите.
    Во купатило не ја пуштаме, цвеќиња не чуваме, украсите ни се високо кај што не може да ги дофати.
    Нека баш смисла да очекуваш да разбере пошто веројатно нема да разбере, само премештај на работите и тоа е.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Проблем е.
    Премало е за надвор да спие.
    Каков песок користиш?
    Силиконска песок купи, не обичен песок, силиконската не мириса и по 2 недели.
    И купи затворена кутија, имаш во секој пет шоп, со вратиче, ниту ќе мириса ниту детето ќе чепка.
     
    Последна измена: 26 декември 2020