1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Аа не збори за тоа. Од 6 прикевечер па до сабајле не спие, лудува. Трча, си тушка некоја играчка на ќерката.
    Китките некои ги заштитив со камења земјата, другите со дебела хартија. За лисјата знае да ги подгрицне ама ги видов не се отровни тие што ги имам. Црепот е голем и неможе да го турне.
    А поминам јас обавезно ме 'напаѓа' ми рипа на нога за да си игра. На тв рипа ако има некои цртани ама ни е закачен за ѕид.
    За карање, ѓабе е тоа не се замарат они пак ќе терат по свое.
     
    На Mantub и kristina.k им се допаѓа ова.
  2. S.kiki

    S.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на советите. Мачето е дома, купив баш од тој силиконски песок.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Леле ме насмеа со текстов, до сега само по интернет сум гледала бељи до степен да буткаат телевизори :lol: Нашево има 5 месеци, исто така е многу немирен и му се има увртено на телевизорот, ептен ни е страв. Гледаме почесто да го играме, правам некои играчки со ѕвончиња, пердуви, скока по нив, а со мм играат со топче, си скока као голман да го фати:lol:
    Ама колку и да го играме коа ќе дојде време за спиење, ние веќе во кревет, он се уклучува на најјако, слушаме разни звуци од дневна, кеси си вади, мјаука и после пола саат ќе си дојде со нас. А сабајлето гледаме што напраил низ дневна, најсмешно ми е што сунѓерчето за садови го зема од кујна и го остава негде, еднаш кај кондурите во ходник го најдов хаха... Блесаво, ама многу си го сакаме :inlove:
     
    На buba4e89, dayla и kristina.k им се допаѓа ова.
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.388
    Допаѓања:
    38.283
    Пол:
    Женски
    Блесави се баш :inlove: исти се значи ноќе работат. :D
     
  5. **prcla**

    **prcla** Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    644
    Пол:
    Женски
    Nz kaj da prasam pa aj tuka... Imame tigrica doma ja zemavme pred 1 nedela ama nekako kako poduvana e veke 2 dena preku den ne cim se stemni pak isto...
    Imal li nekij vakov problem so ova zivotince :)
     
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.388
    Допаѓања:
    38.283
    Пол:
    Женски
    На колку време ги капите мачињата? Минатиот пат беше неуспешно, ми се закачи на грб со ноктите, ме фаќа страв да ја искапам сега. Или да ја однесам во пет шоп да ја средат, ама да не и правам трауми поголеми. Искрено немам осетено да има потреба, не мириса, песок чистам редовно, се чисти сама таа нормално, цут е во крзното. И кажете некој трик како да е полесно капењето. :worried:
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ја капам.
    Ако седи само дома, зошто капење?
     
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.388
    Допаѓања:
    38.283
    Пол:
    Женски
    Да не има потреба мислев. :D А и дека долго влакното да не почне да се плетка, да се прават топчиња. Опашката и е огромна, ама гледам убаво си ја чисти. Ако нема потреба, ич не ја капам. ^_^
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нема потреба, а нема ни трик, капењето им е огромен стрес.
    Можеш само да ја чешлаш со чешел за крзно, кај ветеринарите можеш да купиш или од пет шоп.
    Мачките сами се капат, колку ќе е убаво крзното, зависи од тоа каква храна јаде.
    А за чистење, сами се чистат.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Само еднаш ми е бањат од кога го зедовме. 9м е ама не гледам потреба,шепи и уши му чистам со специјални марамчиња за нив.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Ние еднаш месечно го прскаме со шампон за суво бањање. Не е баш среќен кога го правиме тоа, ама успеваме некако, еден го држи, друг набрзинка прска и со пешкирче го бришеме. Не дека е прљав, во стан сме, ама така да замириса на чисто, алое вера содржи во шампонот. Околу 400 ден. од пет шоп го купивме.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.603
    Допаѓања:
    173.674
    Пол:
    Женски
    Еднаш до 2 пати годишно убаво е да се освежи. Без разлика колку и да се чистат сами, друго е кога ти ќе го избањаш со шампон и вода. Еден ќе држи за тил цврсто, не се секирај не ги боли, друг ќе шампонира.
    Ќе приметиш, како ќе се трие кога ќе поминува покрај ќош некој, најчесто рамката од врата, или било која светла површина, ѕид можеби, по некое време ќе видиш ќе остави црна трага. Тогаш ќе го бањаш. Некои места ќе и бидат помилени за триење и на тие места ќе чистиш почесто.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  13. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Хелп :whew:
    Прв пат ќе чуваме маче, ако може мала помош околу песок, храна. Гребалката дали да биде со кукарка или без? Дали ни треба креветче за маче? Кој фурминатор би ми го предложиле? И можда имате да ми препорачате некој пет шоп каде што можам да ги земам сиѕе овие работи :)
     
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Било кој петшто ќе има се што ти треба, види на гугл некој близу тебе што ти одговара. Некои зимаат креветче за маче, од мое искуство и тоа што знам ретко која мачка спие на креветче. Може ќе и се погоди ако го има од почеток ама они си спијат секаде, на кревет, фотелја, тросед, рамка од прозор, зависи како и каде планирате да ја пуштате да шета и да се качува. Гребалка нема потреба да биде со куќарка, пак зависи од тоа ти што сакаш. Ако имаш простор може ќе и биде интересно да се качува, а може и нема ни ја погледне, зависи од мачето.

    Песок исто, имаш избор. Има поефтин песок песок кој прави малку повеќе прашина, има како дрвени пелети,има и поскап силиконски. Зависи каде ви е тоалетот на мачката и повторно што вас ви одговара, и како цена и како навика за чистење. За храна за почеток јуниор, и на ветеринар каде што ќе ја носиш може да има и во било кој пет шоп да прашаш имаат.

    Фурминаторот е најчесто за мачки со долго влакно, не знам каква мачка ќе земаш. Оние со кратко, од мое искуство нема ни некоја голема потреба од чешлање. И не сите мачки сакаат чешлање, ако планираш да ја чешлаш од мала научи ја.

    Мој совет е да не изнакупиш се оддеднаш. Основно е да има тоалет и сад за исхрана (не мора ни посебен некој, од тебе зависи). За играчки, мали мачиња со се си играат. За нега и здравје на мачето се ќе ти каже ветеринарот. И во петшопови обично се фини и доста знаат, можат да ти препорачаат ако имаш потреба или желба од нешто посебно. Убаво да си живеете :):):):)
     
    На Doozy и chocolade им се допаѓа ова.
  15. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Јас мислев да си земам се пред да дојде мачето. Многу препарати има, од гледање се испобунив цела :$ Во право си, најдобро да почекам да видам што ќе каже ветеринарот. Па може и мачето кога ќе го земеме ќе ни дадат некоја корисна информација:)
    За дрвените пелети читав доста позитивни искуства, дали може да ми кажеш кај се продаваат? Силиконски песок најдов, но од овие не.
    Фала ти многу :f:
     
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Има во Кам и во ДМ.

    Мене лично ич не ми се свиѓаат дрвените пелети, најмногу ми мирисаше од нив и од кутијата и самиот мачор. И некако брзо ми се трошеа и незгодни ми беа за чистење.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.388
    Допаѓања:
    38.283
    Пол:
    Женски
    @chocolade Јас имам од отворените за песок, едно во салон пред вц, друго до шолја во вц. Оти самата таму одлучи да оди па и ставив и таму. Интересна ми е што тоа во салонот го користи само за мочкање. :D Уште вториот ден се научи да користи песок, и општо брзо учат и многу се чисти, сакаат песокта да е редовно исчистена. Од почеток земав силиконска, многу ми беше скапо и брзо ми се трошеше, а не мириса воопшто. Пробав од тие како ситни камчиња од Веро, таа ми е најлоша, многу ми се валкаше во вц од неа, како кал се прави. Најпогодена мене за чистење ми е таа што е 3кг. во Кам, како топчиња што е. Не се валка, од мокрачата се формира одма како грутче и лесно се отстранува, подолго останува чиста.
    За храна уште сме на Џуниор, сега од Пурина, повеќе ја сака од Вискас. А тие од Вискас во кесички влажните ги обожава, и такви од време на време и давам.
    За влакното јас обична четка имам за мачки, ама планирам да земам фурминатор за долго влакно деновиве.
    Сликни го бебето штом го земите. :inlove:
     
    На Doozy, chocolade, Keri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Ако си од Скопје, моја идеа за сè на едно место да земеш ти е Џамбо, има и куќичка за песок, гребалка, чинии за храна и некои играчки. Песок има различен, ние менувавме неколку додека не најдовме најпогоден и за нас и за него, моментално го користиме тој од ДМ. За храна јуниор има по маркетиве, има и во Дм.
     
    На chocolade и kristina.k им се допаѓа ова.
  19. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    @tigerlady ау не не сакам да ми мириса. Изгледа зависи и од мачето, ќе морам да менувам песок додека не го најдам соодветниот :)

    @kristina.k ова прв пат слушам со 2 тоалета. :) За песокот ми е битно само да не мириса, а храна сакам квалитетна да и дадам бар до 1 година.
    Чешлање ќе бара мачево мое, затоа мислев ако има некој да ми предложи добар чешал од искуство, да не купувам секој месец:) фурминатори се по 1500 денари. А на ФБ ми искача еден од 600 денари, има многу позитивни коментари ама се мислам да не биде работата "сиромавиот 2 пати плаќа".:D
    Ке го сликнам кога ке го земем обавезно. Малечко е уште цица, за некој ден :inlove:

    @Keri бев вчера немаше ништо освен конзерви храна. Делот за кучиња беше по опремен. Бев и во ДМ то во Џамбо, песок немаа моментално.

    А да прашам, има едно во туба како паста за заби, се дава 2-3 пати неделно спречува мачето да ги повраќа влакната што ги голта додека се чисти. Намената на оваа паста е влакната да се вадат преку измет. Има ли такво нешто кај нас, каде и како се вика?
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.388
    Допаѓања:
    38.283
    Пол:
    Женски
    @chocolade такво како паста немам сретнато, ама има храна за таква намена. И како бисквити како награди исто за спречување на топчиња од влакна, такви имам земано ама за поголеми се. Мојава знае некогаш да се закашла како за повраќање, ама се нема случено до сега иако долго е влакното.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.