1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Фала ти женска, ќе бараме бисквит тогаш и ние :) :f:
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    @kristina.k ова прв пат слушам со 2 тоалета. :) За песокот ми е битно само да не мириса, а храна сакам квалитетна да и дадам бар до 1 година.

    А да прашам, има едно во туба како паста за заби, се дава 2-3 пати неделно спречува мачето да ги повраќа влакната што ги голта додека се чисти. Намената на оваа паста е влакната да се вадат преку измет. Има ли такво нешто кај нас, каде и како се вика?[/QUOTE]

    Мислам дека од пастата имаше во ДМ ко да ја имам видено. Инаку, стариот мачор ни беше со долго влакно и доста ретко повраќаше, зборам еднаш месечно можеби. Имаше хлорофитум или пченица за грицкање достапно и тоа го јадеше за да се натера да поврати, никогаш немавме потреба од паста или бисквити.

    А за два тоалета, според некои теории на една мачка и требаат два, за две мачки се ставаат 3 и така натаму. Го имам читано ова ама искрено ние во еден момент на краток период чувавме 3 мачки и сите користеа еден тоалет. Беше поголем леген, редовно го чистевме и немаше никаков проблем. Зависи од простор и можности претпоставувам.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  3. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    @tigerlady хмм ќе проверам во ДМ тогаш. Посреќна ќе бидам ако не повраќа :) фала многу :f:
     
  4. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Мачорот од пред неколку денови окото го држи затворено. Не му е прв пат и порано му се случувало така ама после недела дена пак го отвораше. Вечерва почна премногу силно да мјаука и да ја треси главата не знам што да правам. На ветеринар не можам да го однесам зашто не стој в раце, многу е див и веднаш почнува да ме каса и гребе.
    Дали некој знае како да му помогнам?
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Немаш транспортер да го однесеш на ветеринар?
    Опиши му ситуација на ветеринар ќе ти даде веројатно некакви капки да му ставаш .
     
  6. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам утре да го измијам со камилица и да видам како му е, па ќе барам некој ветеринар да дојди дома да го види. Досега сум чувала многу мачки и мачори ама како овој не е никој. Постојано е повреден не знае да седи мирен
     
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.393
    Допаѓања:
    38.292
    Пол:
    Женски
    Дали им ги кратите ноктите? Не мислам на целосно, туку дали има потреба од скратување и одржување?
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Овој мачор ми е прв редовно што му ги кратам. Во споредба со другите има поостри нокти, сака да се качува и на рамо да ти седи и плус си играат со кучето, не сакам по грешка да ја изгребе. Од кога го земавме си го фативме редот и не се ни потресува кога го земам да му ги кратам, ко игра го сфаќа. На претходните мачки не им ги кратевме, и во ред беше и така. Оштрењето на нокти си го правеа на едно исто место и нас ни беше ок така.

    Зависи од мачката, какви навики има и каква и е околината. Здравствено нема некој бенефит, нема ни штета за домашна мачка. Само треба да пазиш како ги кратиш, прашај на ветеринар да ти покажат најубаво за да не ги фатиш крвните садови на ноктот, се сече само мртвото ткиво како и кај луѓе.
     
    На buba4e89, M&M и kristina.k им се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.393
    Допаѓања:
    38.292
    Пол:
    Женски
    Гледав видеа сега, ќе пробам ептен по малку сама. Само тие врвовите што зафаќаат на се. Мислам и неа и сметаат веќе. Се јавив и во пет шоп, ама заедно е со капење, стрижење, уши чистење и нокти средување, па ќе ја однесам така ко ќе е потопло.
     
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нее, никако, само гребалка да има достапна, во некои држави се смета и за насилство забрането со закон да им се сечат нокти на мачки :(
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.393
    Допаѓања:
    38.292
    Пол:
    Женски
    Има гребалка ама мала, треба од тие поголемите да купам, не ја користи многу. Си ги оштри најмногу на табуретките таков рапав материјал се :worried: ама многу и се зафаќаат пак во се, врвовите се оштри многу.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Купи ако можеш поголема, ќе ја користи поголемата.
    Мачиња со скратени нокти се ептен ко без нозе и без раце.
    Можеш и сама да направиш од конопен конец.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  13. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    jas neznam sto da pravam so moeto mace celo vreme e gladno , da ima kako samo ke jade i spie i da go galis .epten e lakomo od usta skoka da ti zeme jadenjeto i iako e 8 meseci uste cica od mackata i jade poveke od nea a i nejzinoto i go zema ..
    stom te vidi da ides do frizider ili hrana nosis mjau mjau ko da ne jadelo mesec dena..
    se i umiraa macinjata samo ova i prezivea i epten go razgali, epten go pazese i uste go pazi duri i vrapcinja mu lovi i mu gi nosi.. a gi ranam ne e da gladuva
    samo jade , spie i se gali , ako nema koj da go gali samo se gali , i ne bira , dali e vrata, zid, sakija , kebe bukvalno od se se gali ..ko nekoe mece e ..i neznam masko li e zenko li e
     
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.393
    Допаѓања:
    38.292
    Пол:
    Женски
    Како бе уште цица на 8 месеци? Не е возможно тоа мислам.
    Го имаш прочистено од глисти до сега? Каква храна јаде?
    Да не е 8 недели?
     
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Луѓенца на која возраст ги кастриравте вашите мачиња? Нашиов направи 7 месеци и како да почнува да му се сака, не очекував толку брзо.
    Сакавме бар еднаш да си ја оствари таа желба, ама во стан сме, не оди надвор, па затоа идејава е тешко остварлива. Знам дека не е како кај кучињата, слушнав дека повеќе време требало да си се бендисаат меѓусебно, мм вика да сме му барале партнерка :lol:
    Жал ни е да го кастрираме, ама изгледа ќе мора :(
     
  16. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    На 7 месеци го кастрирав. Многу бегаше и правеше бељи, сега е топ
     
    На Keri му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    На 6 месеци ја кастрирав мачката... колку мачиња има фрлени надвор, ќе чувствував грижа на совест да ја оставев да раѓа.

    Слободно кастрирајте си го, и вие раат и он раат. :)

    @kristina.k можеш малку да му ги потсечеш ноктињата, тоа @Mantub што го кажува е declawing, тоа е греота... скроз им ги вадат ноктите така. :(

    А на многу домашни мачки им се маалкуцка потсечени само, колку да не закачуваат. Ѕирни баш на јутјуб видеа.

    Ако добро памтам, @Yowannty сече нокти редовно. :D
     
    На kristina.k, Keri, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    И мене овоа ме интересира. Му ги имам сечено, само врвот. Незнам како со тоа може да му наштетам.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Па не би требало, само не навлегувај мноогу длабоко на ноктот да не му потфанеш некој нерв. Исто како ние што си сечеме нокти.

    А тоа declawing е буквално корнење нокти, тоа мислам не ни може дома да се направи. :(

    Мада што, највеќе зависи од мачката... мојата е ненормална, не можеш да ја допреш за рачето, не па нокти да и' сечеш :)))
     
    На kristina.k, CameliaMiller и BabyT* им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Постариот на 2г. ама дека се разболуваше и никако да начекаме здрав да е, помалиот на година рамно ќе го кастрираме, сега е 6 месеци.
    Нема потреба од партнерка, и онака премногу мачиња има улични, верувај ништо не им смета да се во целибат ако се кастрирани :)
     
    На Keri и Doozy им се допаѓа ова.