Мојот е мирен ама знае при игра да не поткачи и одма крв, за мене ај ама за малата ми е. Инаку ептен малку колку да му отапи ноктот.
А ако убаво памтам, има и некои турпиички Па малку сечеш, малку со турпиичка... Уште тоа фали да видат дома, како и' правам маникир на мачката. Мислам во весник ќе се откажат од мене
Добро памтиш. @kristina.k јас сечам нокти на околу 3 недели, сега се малку повеќе треба да го средам деновиве. Го сечам целиот нокт, кога ќе го стиснеш перничето се гледа каде завршува ткивото внатрешно во ноктот, а каде почнува чист нокт. Ама оставам сосем малку од ноктот да не е директно до живец. Мачките што се надвор поради поголемата активност самите ги одржуваат, на домашните треба малку да им се помогне. Ги сечам само предните нокти, заедно со високиот, задните ретко ги секнувам малку, оти природно се потупи. Им растат многу брзо. Мојата претходна мачка исто не сакаше да остри нокти на класичните гребалки за мачки, па јас купував стазички од овие кинеските продавници што се се за 100 и обложував даски кои ми се наоѓаа низ подрум. Прилично беа тешки даските и супер и се погодуваа за гребење. Дома имав еко кожа гарнитура немаше ниедна гребнатинка. Барав некоја стара слика да ти покажам отприлика како изгледаше тоа, па си ја изнагледав и неа, многу ми фали. Најпосебна на свет беше. Ова конкретно е парче тепих, кога ми заврши преминав на стазичиња. Вака од прилика и правев гребалки, една и стоеше до кукичка, а уште 2 низ ходник. Кога ќе ги оштетеше, им зашивав ново руво. Мене ми излезе многу практично оти класичните гребалки само за украс служеа. Со овој мачор сега немам проблем, си ги користи гребалките.
@Doozy да, за така мислев колку да не зафаќаат врвовите. Фала за советите ќе пробам по малку, а и за со турпија помислив искрено @Yowannty имам вакви делчиња од стар тепих, можам да направам, а деновиве и голема гребалка ќе прави мажот ми, најдовме лесен туторијал. Прекрасна била, лепотица @Keri и ние на 6 месеци ја стерилизиравме.
Имаш на Инстаграм кај @boychenn ветеринарка има видео убаво покажува како се сечат ноктиња.Да ве прашам ако имате и знаете дали тешко се одржава персиска мачка?Би сакала да чувам персиска
Дечки сакам да ја парам мачката па ми треба совет, искуство и сл. Минатиот пат кога беше во фаза за парење беше уште мала (година ипол) па еве конечно дочекав пак да почне да мјаука. Сега и е втор ден, но од предходно искуство околу 5ти ден и е најјакото дерење. И имам најдено и дечко, главното прашање е кој кај кого да се однесе. Јас претпоставувам дека треба на територија на мажјакот, и кој ден да ја однесам? Дали треба прво да се во различни соби да се осетат, да ја слушне итн. Плс хелп
Колку наликува на мој мачорко Овие стази се оној материјал што е крут и боцка? Да знам што да земам ептен ми ги пртали столчињата.
Во суштина секоја мачка е тешка за одржување, затоа што е обврска, како дете/дополителен член на семејство и има доста работа околу нив. Освен што треба повеќе чешлање поради повеќе влакна, персиската не се разликува од други мачки во однос на тоа дали е тешко да се одржуваат.
Да, пластичен е, крут и боцка, ама нив им е многу удобен и за лежење. Ако најдеш вакво или слично најдобра опција е. Јас имав во подрум тепих кој не го користевме па го искористив за мачката. После не можев да најдам ист, па се снајдов со стазичиња. Овој сивиов е плус најдолготраен, го усисав на 2-3 дена и стоеше топ. Стазичињата одма се разресуваат, па ги сечев ресите и така траеја некое време. Ќе бираш да е што покрут материјал. Не само за ноктите, кога ќе го поставиш долу ќе ужива да се мази и чешка од него.
Не се препорачува капење на мачките, освен ако го најдеш на улица ептен извалкано па да го избањаш, инаку вака ако си седи дома или дома-надвор нема потреба. Мачките сами си се бањаат и тоа неколку пати во денот. Исто така не поднесуваат туѓи мириси, ако го искапеш, мачето прво нешто што ќе направи откако ќе се подисуши малце - ќе почне да се лиже. Исто така самиот процес на капење е трауматичен за мачките, бидејќи тие не сакаат вода, чест на некои раси кои се исклучок пр. персиските.
Одлично време за кастрирање. Се препорачува после 6от месец да се кастрираат. Јас и двата мачори си ги кастрирав после 6от месец и сега немам никаков проблем, само внимавам на храна, има една посебна која се дава на кастрирани мачки за да не се дебелеат, ама им ја мешам, еден месец им купувам таква, друг месец wiskas, а повремено им давам и течна, стапчиња и anti-hairball snacks.
Да, најдобро кај мажјакот, оти ако е на нејзина територија ќе го нападне и нема да му даде Најубаво е да се остават сами во посебна просторија 1-2 дена, да им оставите храна, водичка и песок и да не им влегувате воопшто, за да можат да се запознаат и да си завршат работа ако се бендисаат Надвор во природни услови се викаат еден со друг и процесот природно си тече, ама и кај нив има бирање на партнер.
Или некое повисоко дрвено трупче да најдеш во некое ќоше да го ставиш најубаво ќе биде. Во природата мачките ноктите ги острат од кората на дрвото.
Ти благодарам на одговорот.Имам чувано 3 мачки, сега би сакала персиска па се мислев да не бара нешто посебно
Нека помага некој ако има женка british shorthair или било каква за парење со мажјак british shorthair бел со педигре. Како што кажав може и друга раса
Здраво, вдомив мачка од улица има некаде 7 8 месеци мачката, имам се за мачка дома купено бидејќи чував мачор во соба, но за жал истрча надвор и го згази кола.. Но сега мачкава како да ја натерам да го користи песокот од тоалетот?
Секојпат кога ќе забележиш дека сака да оди во тоалет однеси ја кај тоалетот со песок и откако ќе заврши награди ја со омилената храна прави така се додека не се навикне. Се надевам дека ќе научи да го користи тоалетот.
Здравоо, јас барам сијамски мачор за парење за мојата лепотица. Пишете ми ако имате или познавате некој што има