Од одгледувачница се максимум 100 евра со книшка, ова е многу скапо, само што во одгледувачницата немаат мали сеуште
Искуство со привикнување маче што обожува да седи надвор во двор (поточно, во трава и во трски ) на живот во стан и со тераса? Првичната идеја ми беше постепено да ја внесувам внатре ама тоа траќања, тоа плачки, тоа гризења... за инат гриза кабли ако не ја пуштам да излезе. Cat puberty at its finest Ни ладново не ја предомислува, се валка во снегот, се брка сама со себе, ги гледа врапчињата, со еден збор, живее живот... има ли надеж дека ќе се привикне некогаш да живее само внатре, евентуално до тераса?
Колку е старо? Види, за имање има, ама не со сила. Оставај и отворена врата, сама да си влезе да истражува. Буквално отвори и и седни на страна, ќе си влезе и на крај ќе си најде место за спиење. Не за џабе иде curiosity killed the cat ама ова обратно. Ја храните додека е надвор? Ако не, редовно почнете да и давате внатре ама во близина на вратата и исто сама ќе си влегува. Се е до навика. Кај вујко ми 90% од мачките се надворешно-внатрешни и со повеќето истото беше на почеток ти да ги внесеш мислиш на колење идат, остави врата подотворена први да влезат. Те прашав колку е старо зашто знаеш, колку е постаро потешко е. Не е толку дека е внатре, ако од мали не се социјализирани мачките со луѓе, после не можат или е многу тешко и си цело време на штрек зашто да не се заебаваме, скроз може да те направи лом.
Година и пол е, никој не сака освен мене... некогаш ни сама себе не се сака Цела на мајка Она влегува внатре за влегување и ќе си поседи, ама по Х време ја фаќаат будалите и почињаат траќања за надвор. Еве сега кога беше ладното, не и' давав да излезе, одвај додржа... ни 48 часа не поминаа, едноставно отиде и се плесна на снегот. Ни ладно, ни бутур, ништо... само травата да е тука. Не е ни трава, суви трски се. А навечер е неподнослива ако не е истрчана, што викам јас Ми е мисла дури дали е греота ако ја затворам само внатре... За жал ќе немам избор за брзо. Гледав видеа прееска на еден Џордан Галакси, има една стратегија што се вика hunt catch kill eat sleep, демек, да ја играш пред јадење и така ќе се измори, нема да и' е досадно, ќе спие и слично. Али ова телево ќе треба 3 часа да скока во место само за да се подизмори малце
Уф.... види, не знам колку ќе ти прави мерак ова, ама мене ми изгледа није ова госпоџица да понет кучи. Може кога ќе потпорасне ќе биде посмирена, сум го видела и ова ама мене ми изгледа е надворешна мачка. Не и ладно иначе, не ја мисли, гајле немаат они. Имаат осет кога им треба да се згреат. И посебно делот дека не е полуѓе, не знам, и ова го имав правено и три дена бркав мачка за удомување и на крај сфатив нема поента. Стварно некои мачки имаат поише ген за надворешни да бидат (посебно ако има онаква шарка како кругови на опашот, ова сум мртва озбилна, тоа е знак дека се генетски поблиску до диви мачки).
Луѓенца, имам мачорка 6 месеци палава бесна најмила....сакам да ја стерилизирам кој е најдобар вет.за тоа во скопје Налетоски во ѓорче ни е ветеринар добри ли се они за стерилизација ме фаќа страв прво милениче ми е овака дома чувано
Јас сега, наредниов петок кај нив закажав кастрирање на мачоров мој. Па ќе ти кажам како ќе помине. Договоривме да го оставам накај 11.30, па ќе ми јават во колку да си го земам. Ми рекоа од 5 сабајлето да е гладен и жеден. Многу ми страв и мене, ќе пукнам тие неколку саати дур не си го земам. Жал ми е што го кастрирам, ама ме убедија дека така е подобро.
Различно е за машко и женско, кај машките е поедноставно се надевам убаво ќе поминете што се однесува за стер.подобро едно среќно маче одколку 5 кои којзнае како ќе завршат.
Они ни се нас ветеринари речиси 20 години и сме презадоволни. 3 мачори и 1 мачка имаме средено кај нив и со сите сме поминале одлично, за ништо не би ги менувале а не ни живееме во таа населба. Ќе ти објаснат се сигурно и они, ќе ја оставиш и ќе си ја земеш разбудена, после тоа имаш контроли, првиот период дневни или барем телефонски ќе се слушнете (не знам како се сега со коронава) за проверка на раните и како заздравуваат. Не се секирај, иако постојат ризици со секоја операција, стручни се и искусни сите и многу посветени на пациентите (и на потресените сопственици, ова од искуство )
Кастрирањето на мојот Лаки бидна денес. Го оставив накај 12, си го земавме накај 16:30. Многу тажно ми изгледаше кога го видов, ама кога го донесов дома како да се израдува, на свој терен си воздивна. Омалаксано е цело, колку ми е мачно да го гледам ваков, ќе си пукнам... Накај 7 ми рекоа да му дадам нешто течно, јогурт или сосот од храните во конзерва. Јогурт не сакаше, ама сосот го излижа одма, душиче. Еве го ми спие во скут сега, цел таков беспомошен, нетипично мирен. Едвај чекам да си се врати на себе.
Јас чувам мачка веќе 10 години од 14 години ја чувам пред да се омажам ја чував кај мајка ми а сега откако се омажив ја чувам дома.Ислучиво дома ја чувам има посебна ситна бела песок за вршење биолошки потреби, исклучително и купувам и гранули и храм во конзерва со вкус на риба од Вискас.Има свој кревет и свое корито за капење.
Ќе си се врати во нормала за брзо, мислам кај машките и побрзо оди опоравувањето. Такви се првиот ден од анестезијата, после е веќе полесно.
Препорака за песок за маче? Користевме од Кам ама ми се појави алергија од него сменивме исто од КАМ што се фрла во wc школка. Но тој не се згрутчува воопшто. И да прашам дали силиконскиот од 5 литри е доволен за 1 месец? Ја храниме со ориен, јаде по 1.5кг месечно и затоа би сакала некој поекономичен песок.
И ние дома од Кам земавме, ама дека веќе не можеме да ја влечкаме 10кг вреќа си нарачуваме од Пакет и ни носат до дома и топ сме задоволни, мислам дека е од Тео и некако и помалку (да не речам ич) не мириса. Јас искрено секој ден му го чистам песокот со лопатче, го вадам само валканиот и го фрлам во канта, не му го менувам целосно така што стварно трае вреќата. Колку шо знам не е убаво за мачето постојано нов зошто не си ја осеќа миризбата негова оставена.
Јас на мачката и купувам и храна и песок и играчки креветчиња од Zoo shopMaksi и строго и земам од Вискас.