@Anita Nikoloska @awkey фала ви многу на препораките. Ке ги проверам. На пазарот има премногу избор и ми требаше конкретна препорака од лично искуство. Јас би менувала додека не најдам тоа што барам ама мачево нема дa биде баш срeќно со тоа
Препорака за добар чешел за мачка со многу густо крзно. И земав неколку до сега, ама ниеден не чешла темелно, не продира длабоко туку само површно. Можеби некој специфичен бренд, вид на четка што и да е?
Нарачај преку Инстаграм на Zoo ship maksi, имаат голем избор јас оттаде и зедов на мачката и убаво чешла длабински.
Дали и колку ви митарат мачињата овој период? Дали јадат помалку и ослабнуваат? Некако ми е ослабнат, поспан, не весел. Ама јас сум таква на се обрнувам внимание, дали е за загрижување?
Овој период кај мене мачката дека е домашна убаво јаде, весела е , не е ослабната во петокот ја однесовме на ветеринар ја прочистивме од глисти и ставивме вакцина и ампула против болви. А другата недела ќе ја парам со мачор од братучеда Двете мачки и мачката наша и мачарот од братучеда ми се ангорки. Поздрав
Некој да ми препорача добар шампон? Прв пат ќе го бањам иии ако може совет некој или тактита да ми препорачате, за да ми биде успешна мисијата?
промена на времето им влијае и на нив исто како кај луѓето... мислам дека нема простор за грижа освен ако не трае премногу долго или забележете некое нагло слабеење, повраќање и сл. тогаш може да станува збор за некакви глисти или нешто однесете го на ветеринар или дадете му апче за прочистување. мачките се чистат самите и не е препорачливо да ги бањате вие, тоа за нив е многу трауматично и стресно. Сепак доколку морате, обратете се во некој пет шоп и вработените ќе ви помогнат согласно мачето какво е и какво влакно има
Може ли да ми препорачате квалитетна ампула против болви ? И квалитетна храна за маче што ги има сите потребни витамини ? Моментално користам од Пурина со рибешко.
За ампула незнам на ветеринар и ставаат на мојава.А иначе и гранули и оние паковани во конзерви и купувам од Вискас и ја јаде и рибешката и говедската.
Здраво. Мачорот има 2 години, кастриран е и ги прима редовно вакцините, бидејќи по цели денови е надвор, постојано фаќа болви и крлежи. Му ставав каивче за да не фаќа, исто така и ампули ама не помагаат. Да ми препорачате ефикасни препарати. Не можам да го затворам дома...многу е агресивен ако не излезе. Поздрав
Купи ампула за куче, и не ја ставај цела ама стави пола и повеќе. Составотна ампулите е идентичен, разликата е во количината. Јас така ја исчистив
Здраво Се размислувам да вдомам маче, но ме интересира колку всушност чини сето тоа на годишно ниво? Храна, песок, играчи, ветеринар итн.. Знае ли некој отприлика да ми каже? Голем трошок ли е?