1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    8-|:worried:

    Супер, ако решила да скока, што да и' кажам... ќе ужива во погледот од транспортер ]:)

    Ќе ви кажам баш што сум направила, ќе има циркузи, осештам :D

    Каме за колку време се привикна големиот само внатре? И оди ли на викенд кај баба и дедо? :D

    @CameliaMiller
     
    На Anita Nikoloska, CameliaMiller и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.234
    Па со месеци беше активно разочарувањето во мене, и не можам да кажам дека заборавил се' уште, 4 години искачаше надвор, 2 е индор онли. Сега веќе не е нервозен и навикнат е, ама мислам дека да има прилика пак би си искочил.

    Иде кај баба и дедо, и во Дојран иде, ама секаде е индор онли, малце треба за да се сети колку било убаво на слобода :) :) :)

    Дали е стерилизирана? Ако е, помали се шансите да сака дечко да си најде, од тераса од шести :D
     
    На Anita Nikoloska и Doozy им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    :rofl:

    Да да, стерилизирана и у принцип сите ги мрази, и други луѓе и мачки и мене, некогаш и сама себе се мрази. :D

    Се зезам, многу се сакаме ние две, многу се израдува кога ме виде по неколку дена. :wasntme:

    Во принцип е доста разбрана, ме слуша, ме разбира, се инаети кога сака и така ]:). Ама многу сака да седи во трева, не лови, не трча, не прави ништо... ама да е пикната у џбун некој, идеално. Па после ја ќе ја требам од боцките, со долго влакно е :devil:

    Ќе правам џунгла на тераса, нема друго. 8-|
     
    На CameliaMiller и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  4. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Утре треба да ја носам мачката на стерилизација.. Уште од денес сум под стрес, како ќе биде, што ќе биде.. Ми кажаа после 18ч. денес да не и давам јадење, сигурно ќе мјаука цела вечер.. Може ли некој да ми објасни подетално за операцијата? Место не ме фаќа.. Дали бираме каква анестезија ќе добие и слично?

    Пишав и во другата тема но бидејќи никој не ми одговара ќе пишам тука..
    Женски ве тагирам бидејќи сум испаничена.. @CameliaMiller @Doozy @Yowannty
     
  5. Semirr

    Semirr Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    48
    Здраво. Ти пишувам за да те смирам :D Имам две мачки, двете стерилизирани. Не е ништо страшно. И нема да мјаука за храна, можеби ќе и биде чудно но не би требало да ти прави премногу проблеми.
    За операцијата, стварно зависи од ветот каде ја носиш. Не бираш анестезија и не си присутна (варира). Јас со двете исто искуство имав. Го носиш, го оставаш, си идеш и се враќаш после неколку часа да си го земеш. Ќе ти биде жал/чудно после операцијата бидејќи ќе биде се уште под дејство, но не се грижи бидејќи до крајот на денот ќе се врати у нормала.
    Кога ќе ја донесеш дома, високи се шансите да се измоча, затоа стави ја на пешкири и ограничи движење.
    Мачето ќе проба да се крие ради болките, остави ја нека седи. Можно е да нема да сака ни да јаде, пак, не се стресирај, нормално е.
    Моите беа различни едната не јадеше, другата буквално после операција се уште под дејство ми скокна на кујна коа слушна дека ставам храна на другава.

    Verdict: не се секирај, треба да бидеш смирена за нив. Стерилизацијата е најчест зафат што го прават и без последици.
     
    На LollySky и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  6. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Фала многу, навистина сум испаничена. А вода дали смеам да и давам? Не ми кажаа ништо за водата..
     
  7. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    2.591
    Jас цел живот чувам мачки, еве моментално имам 3, сите стерилизирани.
    Немој да се стресираш, нема потреба. Откако ќе ја оставиш, ќе почекаш 2-3 саати, мене секогаш ми се јавувале кога да ги земам.
    Убаво е дома, мачката да седи во транспортерот неколку часа после зафатот, бидејќи уште ќе биде под дејство на анестезија, а мачка како мачка ќе пробува да оди, да се качува на кревет или слично. Транспортерот нека биде на некое потемно место, поскриено за мачето да не се плаши, бидејќи нив кога не им е добро се кријат. Остави ја нека одмара, немој да ја нудиш веднаш со храна, почекај додека не биде освестена убаво - ќе си приметиш самата, па после остави и вода и храна и отвори ја вратата од транспортерот да излезе да јаде.
    Веќе утредента ќе почне да се движи полека, а за 3 дена ќе си биде пак таа старата, ко да не била на операција.
     
    На BeloMache, S.W.A.G и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.981
    Допаѓања:
    123.888
    Пол:
    Женски
    Не е страшно.
    Денес може да ѝ дадеш малку вода.
    Ќе прашаш и ќе ти кажат кога да ја земеш.После операцијата не ѝ давај храна неколку часа.И за вода почекај.
    Ако е дивтарка :D,нека седи неколку часа во транспортер за да не побегне.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.224
    Допаѓања:
    162.799
    Пол:
    Женски
    Каква песок за мачки користите? Неколку сменав од Февруари на вака, на сите нешто му фали. Една има совршен клам, ама смрди. Друга има суоер кламп на почеток на оаковање, друга полојна не ја бива ич. Трета пишеше клампинг ама сем лајно, јас една мочка не извајв. ;( Четврто мириса преубо ама клампинг non existent.

    Два пати земав Quick оти ми ја предложија во пет шоп. Првиот пат предобра, другиот пат ко скроз друга песок, неконзистентна. Ова е и та шо реков пола паковање е ок, од пола е... Чудна?

    После другарка ми ми рече за WC, клампинг с о в е ш е н. Ама не најдов со мирис ( наводно има ама не најдов) и се смрдив тие неколку недели шо користев.

    После земав Jungle и до сега најдобра ми се покажала. Совршен кламп најголем % од времето, ама ептен суптилен мирис. Некогаш се случва да не мириса иако треба, па дури и да смрди шо не е пример случај со Quick. Quick ми ја замирисва цела соба на лаванда или бебешка пудра ( зависи шо сум земала).
     
  10. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    19.195
    Пол:
    Женски
    Зошто не пробаш со кристали? Јас користев кристали, а сега користам кутија што сама се чисти, ама ја менувам подлогата секои 5 дена оти имам 5 мачки. (Исто, кристална подлога е). Не мириса толку како другите песоци. Јас пробав секаков и си останав на кристалите. Пробав и еден што е како дрвени пелети, беше најдобар досега, ама им се лепеше на нозете, а и е on the salty side.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.224
    Допаѓања:
    162.799
    Пол:
    Женски
    Ми го задржа вниманието на кутија по сама се чисти ngl ahahha. Немав сретнато, ко, личи како обична кутија?

    Баш ќе прашам за со кристали. Јас одам и барам да ми предложат и вака по луѓе собирам предлози. Маче дома немам чувано до сега целосно и се осеќам како нов свет да откривам со него. Ама најпроблематичен дел до сега ми е изборот на песок.
     
  12. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    19.195
    Пол:
    Женски
    Litter box, јас буквално кутија си ја викам, хаха. Се вика Petree automatic litter box, единствениот “проблем” или повеќе е како disadvantage, е цената. Чини нешто околу 412€. За едно маче мислам дека не ти се исплаќа, јас пред да ја купам, дека 5 се, се утепав од чистење, а и нели миризба после 3-4 дена. Среќа па у ВЦ им беше песокот. :whew:
     
    Последна измена: 22 јуни 2021
    На Anita Nikoloska и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам женски многу на советите.
    Се вративме дома, после саат време испадна од транспортер. Сакаше да се качи на креветот во дневната таму каде што спие цело време. И помогнавме и легна таму да спие. Инаку поврати два пати и два три пати проба да се лиже. Не ни дадоа заштитник рекоа ако сме сакале да сме купиле,само да сме ја пазеле да не се лиже. Се мислам сега да излезам да купам.. Не знам преку ноќта што ќе прави, ќе нема да можам да ја набљудувам..
     
    На SnowWhite8 и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    24.204
    Пол:
    Машки
    Чувам мачка, само дома.

    На моиве и избегала вчера на неколку саати, и денес забележав дека одма се наполнила болви (бела е, лесно се гледа кога има кога нема). Прашањето е, дали постои полесен начин да ја исчистам од нив а да не е вадење една по една, оти за жива глава не сака да седи мирна. :D
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Искапија со млака вода и шампон или купи ампула против болови од ветеринарна апотека.
    Јас чувам и мачка и мачор и кога имаат болви Ги капам со млака вода и шампон и Ги сушам со фен за коса и Ги бришам со бела пешкир и на крај Ги Чешлам со специјална четка за мачки.
     
  16. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    24.204
    Пол:
    Машки
    Не сака вода воопшто :( Едвај еднаш годишно ја капам. Од фенот еднаш врз фаца ми скокна...
    Ампула ќе треба најверојатно. Како се користи ампула, не сум користел до сега?
     
  17. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Ампула од пет шоп. Се става на вратот за да неможе да ја лиже и после некое време се ќе и падне.Само тоа е спасот :D
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми препорачате квалитетна сува и течна храна за маче од 3 и пол месеци?
    Моментално користиме Вискас Џуниор со пилешко, ама сакам нешто поквалитетно :)
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Женски
    Ако ја најдеш Sleepy oд Премил би било идеално, храната е во рангот на Ројал Канин по квалитет а цената е 190 ден/кг. Други добри се Фармина Матис, Cat&Co Fitness, Josera, Monge, па се до најскапите и најквалитетни Фармина НД и Оријен. Во принцип, храната по маркетите е со најлош квалитет. Ако сакаш да процениш квалитет гледај го составот, прва состојка да е месо и од првите 5, барем 3 да се месо или месни продукти, или јајца, риба. Да биде со над 30% протеини и над 15% масти. Поквалитетните имаат повеќе протеини и масти бидејќи мачките се месојади и тоа им треба на нив. Течните горе доле се исти, нема нешто што би издвоила. Гледај да има секогаш свежа вода за пиење.
     
    На Anita Nikoloska и Anna-Banana им се допаѓа ова.
  20. Persephon

    Persephon Нов член

    Се зачлени на:
    21 јули 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    Здраво на сите! :D Имам мачка и веќе подолго време разлислувам дали да ја чипирам. Си седи дома и никогаш нема да се изгуби, но ветеринарот не сака да ја вакцинира без да и стави чип. Значи, нема потреба од него, но не знам дали има некои контраиндикации. Ве молам за совет од сите кои имате чипирано милениче, дали има некакви несакани ефекти?
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.