Чувам еден преубав мачор ќе го видите на слика малку подолу,но не дојдов да се пофалам туку да побарам совет од вас.Приметив пред ден два дека многу ми се скубе мачоров.Ќе ми седи во скут и галејќи лом се правам од неговите влакна.Тоа природно е така или?Не ми е првпат да чувам мачор сум имала и други ама не ми се скубеле.До храната е или не е во врска со тоа?Треба нешто посебно да му купам или препорачивате нешто друго? Инаку еве ми го мачорот
Спојлер Не се секирај, се е во ред. Кај сите мачки е така. Ете и јас сум секој ден со блакна по панталоните Колку што знам има еден таков период. Тоа е нормално. Само не знам зошто на другите мачки кои си ги чувала не е така, би требало да биде, шо знам...
Секое маче си има различно влакно и имаат период кога се митарат. Некои мачиња си се лижат и ги собираат влакната на јазикот, а некои не се лижат и не обрнуваат внимание на тоа, па почесто се митарат. За да не се митари толку, купи фурмиратор и чешлај го 1 неделно.
Имав порано 3 мачки. Една мајка и двајца синови. Мајката сама дојде, памтам беше на Божик и така јас почнав да ја хранам и таа остана кај мене па си ја вдомив. Потоа се омачи и ги роди овие две мачиња. И тие пораснаа, ама едното еден ден го снема и останаа само мајката и едниот син. Кога следен пат се омачи мачкава мачињата ги пренесе на друго место, ама нешто и ги изело. Стана толку нервозна што почна и кучиња да напаѓа. Кога и да видеше куче му се втурнуваше за да го изгреби. Страв ич им немаше. Поради загубата на мачињата која тешко ја поднесе, почна повеќе внимание да му обрнува на единственото маче кое и остана (меѓутоа беше околу 1ипол година старо) и замислете, мачево почна да цица од неа, иако беше престаро за тоа. Стварно ми беше многу чудно. Потоа мачкава ја прегазија, а мачево исчезна еден ден како претходното и не се врати повеќе. Ех, колку ми недостигаат, никогаш нема да ги заборавам. Сега пак сакам да си вдомам едно маче, многу сакам да си имам за милениче.
Многу си се стресила.Не се секирај воопшто,краткодлаки е мачорот,мојата последна мачка што сум ја чувала беше долгодлака и немаше,ама немаше период од годината,а да не се митареше. Инаку есента,и пролетта се периоди каде си го менуваат крзното,па многу веројатно дека паѓа од тоа. Гледај да го чешлаш со поквалитетен чешел кој збира повеќе влакна за да се отсранат мртвите влакна од крзното и да се намалат влакната по дома. Квалитетната храна е многу важна за раст и развој на мачката(здравјето,крзното,забите,дигестијата и сл). Незнам со каква храна си го хранела,ама би ти ја препорачала ројал канинот за мачки. Таа е една од најквалитетните храни кај нас,ја има во пет шоп,во зависност од тоа колкав е мачорот,односно колку е стар,имаш и таков тип на храна,барај папи или џуниор за млади мачиња ако е помал од 12 месеци,а стандардната формула ако е над 12 месеци.
јас имам една мачка,црно-бела е хаха и еден син нејзин мачорот,мнооогу е сладок,сиво-бел е .....бушави се и двајцата,ама не многу мачката моја си раѓа маллиња насекое и најчесто се губат негде бог знае што им се случило ама сега 1но остана ко крушка е ....само мешето на него стрчи
Ако вашето милениче има некаков проблем тука можете да се консултирате http://www.animalmedica.mk/soveti.asp
https://www.facebook.com/NajPrekrasniMa ... akin/notes Иако страната изгледа како за рекламирање на мачиња, во белешки има еден куп информации и интересни соржини.
Брат ми сака маченце,му покажував од Анима Мунди,да си вдоми некое ама се запнал за персиско бре.Ко другиве да не се мачиња? Ама ајде,има некој инфо,некое персиско да му најдам,кога му е веќе толкав меракот?
Уф.. Најтешката работа ја избрал.. Персиските мачки не смеат на топло, мора да се чешлаат 3-5 пати неделно, треба да им се чистат гурелките, и да купи од одгледувач а не од пет шоп... Мили се како сите. И тоа. Еве едни од 45 евра: http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetai ... ki-macinja Мојата другарка чува и многу е мила и силна. Од 7 кат паднала и уште е жива само мала штета на нозете си нанесла.
Многу сакам да имам персиска мачка.Абе многу ми се слатки и убави.И другите се мачки,ама не ги сакам баш(ни јас не знам зошто). Ама тешко дека ќе чувам,живеам во стан а татко ми се буни за миленичиња.Веројатно ќе ми остане само желба во следниве 5-6 години.