Нема несакани ефекти напротив не ја вакцинираат без чипови заради тоа што тие не се само за ако се изгубат туку тоа е и еден вид на здравствена легитимација. Кај мене двете и мачорот и мачката се чипорани.
Zdravo decki, Se nadevam kje mi pomognete vcera najdov macence na ulica i si go zemav doma da go cuvam, maceto izgleda ima okolu 2 meseci pa sega me interesira sto da mu se dava da jade??
Исклучиво мека храна, препорачливо испасиран пилешки џигер, а може и друга испасирана течна храна. Доколку имате козјо млеко дадете му, но никако кравјо, мачките не се толерантни на лактоза. Инаку поздрав за хуманоста!
Во недела е точно една година од како го чуваме мачорот. А денес се случи тоа што стравувавме цела година, падна од тераса Живееме на трети спрат, преку ден обавезно беше под надзор, ама откако фати топлово терасата преку ден е затворена, му ја остававме ноќе кога си легнуваме, да си излага и мислевме внимателен си е, нема да падне, ама... Среќа го најдовме одма кога се симнавме, се уплашил и се качил на една ѕидна ограда. Куца со едното ноџе и малце кај устичката се изгребал, крваво му е. Го однесовме на ветеринар, му дале анелгетици и цел е омалаксан. Утре ќе го носиме на рентген. Душава ќе ми пукне, не можам ваков да го гледам. Се надевам дека сè ќе излезе добро и дека брзо ќе се опорави.
Само мека храна и никако риба на маче до 6 месеци не му се дава риба инаку сега може млеко доколку го пија потопло може и малку подргејано пасиран компир, морков пасиран може доколку јаде и од храна за мачки во конзерва онаа што е само да биде или пилешка или говедска само ќе си прашаш на ветеринар по колку смееш да му даваш јас од таа му давав по 4 кафени лажички дневно толку ми рече ветеринарот. Инаку имам две мачор и мачки ангорки ги земав кога имаа по 10 недели. Поздрав и убава вечер.
Мачкари здраво Дали некој има искуство со операција на раче на маче? Правевме рендген и излезе дека е скршена коската на предното лево ноџе, поради падот од трети спрат и ќе мора некаква интервенција. Исто така ме интересира дали некој од вас користел услуги во Ветеринарен центар во Капиштец, кај д-р Диме, како сте задоволни? Најверојатно таму ќе му ја прават интервенцијата.
Супер се кај Диме ама побарај си и второ мислење од друг за операцијата. Некогаш имам чувство дека сакаат малку плус да заработат...
Ти благодарам на исцениот одговор. Дали можеби знаеш во кој пет шопови во Скопје можам да ја најдам храната на Sleepy на Премил? За да не биде реклама слободно пиши ми во ДМ
Sepi Cat , не прави прашина, не прави кал, не замирисува, прави грутки. 350-400 ден се 6 литри ама многу долго трае.
На мачката моја и излезе како оток на левата страна на лицето подкожно е ама е бааги големо како топка, дали некој имал искуство и од што може да биде?
Здраво дечки, дали некој има искуство со патување со милениче мачор/мачка надвор од Мк и што се треба да поседува освен пасош, чип, какви вакцини треба да прими итн?
Дечки, никогаш во животот мачка не сум чувала. Во двор чувам маламут и до сега не се согласувал со локални мачки. Вчера дојде најупорното суштество на планетава во форма на црно маче во двор. Реши дека ќе остане кај нас, го испогреба маламутот и се избори за свое место. Е сега, како комплетен лаик барам инструкции од вас. Што да направам да го средам, избањам, против буви, паразити и се по протокол да биде цакум пакум
Најлесно е во транспортер и на ветеринар. Ќе му дозираат според килажа и за внатрешни и за надворешни паразити, ќе му стават и вакцина и може да го избањаат.
Zdravo decki, mackata sto ja imam vekje mesec ipol mnogu si e hiperaktivna i toa okej ali premnogu grize kolku igracki da i se dadat ona ne prekinuva za noze i race pa me interesira kako bi mozelo taa navika da i se trgne
Не ја играјте со раце или нозе. Ако каса, тргнете ја раката полека и игноре, станете одете на друго место, без викање, без казни. По неколку пати ќе разбере дека не е во ред такво однесување. Исто така до шест месеци им се менуваат млечните заби па гризат повеќе. Јас на мојот мачор му купував од оние глодалките за бебиња кои се мрзнат, му ги мрзнев па ги гризеше тие.
Seuste e mala dali ima i 3meseci bidejki ja zemav od ulica i so vikanje stanuva uste polosa i uste povekje grize, a igrackite kratko i se interesni potoa pak doagja na racete, a kakvi se tie sto se mrznat glodalki kade da najdam i fala vi premnn
Не викајте по мачка, им нема никакво значење, дури може и повеќе да се охрабрат па да им стане тоа игра. Глодалки што се мрзнат има во било која аптека. Гледајте да биде помала да може да ја игра.