1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Па моја проценка е месец/месец ипол.По консултација со ветринар дадов апче за глисти,дадов 4 капки парафинско масло и ништо пак исто .Ниту кака ,ниту мочка.
     
  2. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    Ако не е мочкано 24 часа итно на ветеринар носете го. Успат проверете да не мочка некаде надвор од песокот. Толку мали мачиња треба да какаат и мочкаат неколку пати на ден.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Натопи памукче со топла вода и со нежни движења масирај му го газето.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.298
    Пол:
    Машки
    Што ќе кажете за сијамска мачка?
    Како се за чување, дали се темпераментни?
     
  5. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    На око ти е ли целото време?
    Ние мислевме нашево не кака и мочка исто, еден месец имаше ко ја зедовме, а она уствари на место во песок, одеше под кујна и под маса в коше, па ја фативме на дело вечерта откако дента ја малтретиравме на вет :D
     
  6. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    После дадов уште еднаш апче за глисти и му омекна мешето .Па не бев сигурна дека не кака ама беше многу подуено.
     
    На Cherry79 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    461
    Здраво, пред скоро 2 месеца земав маче, ми плачеше цел ден под тераса и си ја собрав. Беше околу 6-7 недели тогаш според килажата. Меѓутоа испадна дека има габична инфекција. Ја третиравме со Канестен, накнадно и антибиотик и препишаа. Веќе нема видливи ранички и црвенило, па прашањето ми е дали некој имал искуство со ова? Дали се продолжува со мачкање на истите места иако веќе не се видливи и дали има можност повторно да се врати истото? Секако сме на ветеринар за некој ден, но сепак ме интересира дали имал некој искуство со ова. Да напоменам дека и јас фатив на раката и јас се третирам сега (facepalm)
     
  8. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    461
    И кога веќе пишувам овде како нов сопственик на мачка, дали имате некои совети да ми дадете како да ја научам да не ме гризе и да не се качува на маса? А да, и на завесата да не се качува, пошто ја издекорира цела :rofl:
     
    На Cherry79 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски

    Штом омекнало мешето, биле глисти најверојатно, и сигурно било да кака некаде, ограничи му го просторот едно време додека видиш баш, еден ден е доволен.
    Доколку е ептен мало мора да се масира со памукче на гениталиите, ама штом има месец/месец ипол, нема потреба од тоа.
    Јаде само нели? И цврста храна?
     
  10. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    За канестенот најдобро на вет ќе ти кажат. Секое е различно, обично продолжуваат мачкање до месец, месец и пол.
    Ако гризе не го играјте со раце никогаш. Купете играчки , или топчиња од фискални , капачиња било што за да му привлече внимание. Ако те касне, стани полека и оддалечи се од мачето. Едноставно стави му до знаење дека со тоа касање е на игноре.
    На мачка викање и казни не успева. Бидејќи готвам на плин многу ми беше страв кога се качуваше на шпорет. Единствен начин како крајна солуција ми беше да го прскам со вода со прскалка за цвеќиња (не препорачувам ама тоа е крајна опција). На маса е нонстоп, можам да се претплатам во алкалоид за глос марамици. Завеси или извади ги или како мене купувај ефтини секоја пролет .
     
    На Larea, Vanilla15 и Alanna им се допаѓа ова.
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Јадеше тврда храна ,да.Но почна да кашла и дојде ветринар да го буцне и му избега . Нит се врати,нит го најдов ;(
     
  12. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Оф, баш ми е жал.. се надевам ќе се врати :(
    Ако го боцнал, се преплашило најверојатно, можеби ќе се врати по некое време :(
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Да откако го боцна избега.Се надевам ќе биде добро ....
     
  14. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Имам посвоено маченце т.е мачор е веќе година ипол старо, и кученце пекинезер. Живеат строго дома, галени и чувани до бескрај поради претходно лошо искуство со отруен миленик, и тоа во сопствен двор.
    Мачорчето и кученцето се слагаат, премногу се сакаат и спијат едно до друго.
    Но мачоров деновиве посебно гледа предолго низ прозор и имитира птички. Му го гледам копнежот во очите...гледа дека има цел еден свет надвор. Мачките се ловци, предатори, сакам да му овозможам да се качи на дрвце како и секое друго маче, или да скока по врапчиња. Е сега, се плашам да не му стане нешто надвор. Го извадив вчера со поводник 5 минути и сам се качи по скалите за дома. Денес малце со поводник и малку без. Многу е нежно, се чуди, не знае каде попрво да гледа, го истражи дворот. Сакам ваше мислење. Ако излегува со мене надвор дали ќе движи само во дворот? Имам слушнато дека машките мачори сакаат да прошетуваат на подалеку. Мене ми е страв...сакам да биде безбеден.
     
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Јас моето само на тераса го пуштам.Таму си седе со саати.2,3 пати има паднато и го наоѓам скриен во подрум . Според мене или на тераса или на проводник .Тие си се навикнуваат според условите ,ако го пушташ сам надвор ќе се навикне таму .
     
    На La Stilla и nadenadia им се допаѓа ова.
  16. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    Моите купиле нова гарнитура а имаат две мачки дома. Има ли некој спреј што се прска на мебелот, за мачките да не се научат на него да си ги оштрат ноктите?
     
  17. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    Може ги гледа птичките си вика како да ги грицнам :D
    Ние сме на 5ти кат, прозорците секогаш на кип немало никаков проблем. Кога една вечер се враќаме дома комшиите пред врата со мачката. Искочила од прозорот летала од 5ти. Среќа, ептен голема немаше никаква скршеница, и брзо се опорави.
    Дури после неколку месеци и мачиња имаше.
    Ама затоа сега прозорите само ние кога сме дома на кип, и многу гулаби доаѓаат и пак не и доаѓа памет. Вчера се залета се слупа директно у прозорот :rofl:
    Инаку претходно мачката само дома во стан ја чуваме, кога одевме на ветеринар за каивче одеше. Еднаш беше во кризи и тргнати на ветеринар, наеднаш куче залае, малиот мој да ја земе мачката и она го испогреба баеѓи. Од тогаш дома си седи, и на вет во транспортер си оди.

    За во двор ја имам пуштено кај моите, али јас одма по неа од страв да не избега. Ама и самата со страв полека шеташе, и малце трева ќе си поткасне.

    П.С. Кастриран ти е мачорот? За тоа да не сака да оди да прошета..
     
    На La Stilla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    2.591
    Колку што знам нема. Нека им купат играчки на кои ќе може да си ги острат ноктите или трупче дрво нека стават дома за острење нокти. Не верувам дека гарнитурата ќе остане "здрава", ама со обично трупче и по некоја играчка ќе ја спасите колку-толку (fingers):D
     
  19. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.193
    Пол:
    Женски
    Има таков спреј, keep off се вика. Јас го употребував, не го сакаат мирисот, така што нема да одат кадешто е напрскано, мириса одвратно. Не знам дали има ваков спреј во Мк, би требало да се наоѓа.
     
    На nadenadia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    2.591
    Keep off спрејот е за одвикнување на вршење нужда на недозволени места низ домот, во комбинација оди со едни капки кои пак се ставаат во песокта, за тренирање на мали мачиња(барем јас така сум го користела за сите 3 мачки кои ги имам).
    Не знам колку би помогнал спрејов да не ги острат ноктите од каучот, кога-тогаш, ќе го масакрираат :Dа и некако невозможно е целиот кауч секојдневно да го прскаш со спреј насекаде, мислам, тоа е реалноста со чување на мачки, додека си дома може да правиш некаква контрола, кога не си ќе биде весело.