БејбиТ ние сме на втор кат во куќа, терасата уште не ни е заградена. Ако го пуштам на тераса одма ќе се најде вдвор, а оттаму не знам каде би отишол... Наденадја, кастриран е уште од 8 месеци. Птичките на кровот се проблем, ги слуша по цел ден и почнува да ги имитира дека нели предатор ја мами жртвата. Во првиот мој пост пишав дека сакам да си има доживеалици како секое маченце, да му биде интересен денот, но премноогу ми е страв,кучето пто го чувавме десет години ни го отруја во двор. Сакам да ги заштитам што е можно повеќе. Ете сега билките ги стваив внатре, се занимава со нив си игра. Ќе му земам уште играчки можно е и некоја поголема гребалка. Души, премногу ги сакам и обожавам. Фала девојки на советите. Да ви се живи и здрави и вашите.
Мене ми е страв да ја вадам мачката да седи со мене на балкон, па престанав и јас да седам таму. Не би ја шетала засега зашто ќе се плаши. Си ја знам дека е јака само на домашен терен, башка надвор никогаш не била и не ја влече засега. Пред некој ден се враќам од пазарење и видов едно маче си седнало на оградата на балкон, си се сонча и си ужива. Мојата вака нема шанси. Секаде ќе сака да се качи, од секаде да скока, ме фаќа паника дека нема да можам да ја фатам. Обожава да се качува на колку што може повисоко, па убедена сум дека нема да одолее и ќе скокне, а на високо сме. Лоши сценарија ми се вртат во глава, а баш би било добро да си седи со мене кога е вака сончево. Ќе почекам да ја кастрираме прво, засега ќе си остане дома со cat TV на прозор.
Не знам каков keep off спреј ти си користела, но има ваков спреј кој лично сум го користела, а имам 6 мачки во моментов. Знаат да си ги острат ноктите, но не е дека ќе направат парампарче од мебелот. Сечи им ги ноктите почесто за да не им бидат остри и да нанесат штета.
И моето додека не го стерилизирав бегаше постојано,па уличните мачки го тепаа ,се го наоѓав искубан и изгребан.Од кога го стерилизирав раат,само 2,3 пати паѓа од немарност.
Имам 3 мачиња стари 2,5-3 месеци. Мајката им ја најдов отруена и ги земав на чување. Едното маче има пролив веќе втор ден, од што може да му е? Ги хранам со конзерви за мачиња и сува храна. Пред некоја недела ги однесов на вет им дадоа апче за глисти и им ставија спреј за болви.
Zdravo dali imate iskustvo so ovoj mast za zarasnuvanje na rani kaj macka? Ili da mi preporacate nekoj
Да ти кажам барав групи ама слабо најдов, има неколку што не се активни воопшто, ако имате предлог споделете
Продажба на миленици се вика едната и Продажба на домашни миленици другата, разгледај си, внимателно размисли, договори се и избери си слатко маченце
Ѕирни и од пет шоповите продаваат. Знам во Арина во центар пет шопот дека продаваа персиски мачиња. Можеш да се јавиш и да прашаш .
Баш ќе проверам, фала ви мнг се зачленив во неколку групи на фб и гледам имаат доста мачиња и што се подаруваат и тоа ептен слатки, можно е едно да посвојам друго да купам морам таква комбинација да направам пс- имам чувано сијамка, како раса ми се совршени...се мислам дали да пробам ангорка? not sure
Девојки, Некоја да не има искуство со скршена карлица на маче. 4 месеци е. Утрово мм тргнувајќи накај работа, не забележал дека се пукнало под кола и го поткачил со едното тркало. После еден саат ја најдов, се криеше и ја однесов на ветеринар. Ја снимаа и нема внатрешно крварење, нозете не и се скршени ама карлицата на две места е скршена. Ми препорачаа две до три недели мирување и да не се секирам пошто е младо маче и ќе зарасне сама. Еве ја сега дома, јадеше последно накај 4 и од тогаш не сака ништо само спие. Вака искуствено дали стварно само со мирување може да се оправи или можеме да превземеме и други мерки? Фала ви однапред
Мачето ми се измочка на душекот на кревет на кој спијам викнав хемиско меѓутоа сеуште мириса решение?
Пробај со ова, мене кучето ми се имаше измочано на душек и од средствово ни мирис ни флека. Го има во Бриколаж
Мачето ми има проблем. Нешто многу згрешив, неможам да си простам. Некој/а што си разбира околу мали мачиња или чува повеќе години молам ако може да ми пише во лп.