Некој/а што си разбира за мачиња нека ми пише во лп. Незнам што се случи, тешко ми е, нешто многу сум згрешил.
Го бањав мачето без при тоа да проверам дали и како треба. (Имав видено и имав и бањато мало маче ама тоа беше лето). Старо е веројатно околу 4 недели, со обичен шампон за коса, без многу пена. Кога завршив и го оставив не мозеше да стое на нозе, не може да оди, го ставив до оган на топло. Се плашам да не остане со последици. Видов дека не требало да се бања мало маче, ама касно е веќе. Што може да му се случи? Ве молам кажете ми дека ќе се опорави, дека е тоа само моментално. Неможам да си простам како излегов таков идиот.
Мнг е мало 4 недели.... гледај да му е топло и завиткај го во ќебенце. Да, не требало ова да го направиш, но бидна, сега проблемот е со колку ладна вода си го бањал и шампонот.. Ако си користел човечки шампон можно е да се отруе, хемикалиите во нашите шампони мнг ги дразнат животните а особено малите кои се пречуствителни .....Сабајле сврти на ветеринрана објасни што се случило. да сум на твое место би пишала во некоја од фб групиве за миленичиња и би го кажал проблемот. Така направив за моето куче, нешто итно беше и одма ми помогнаа луѓе со совети...ти побарав на нет но не најдов решение за твојот проблем..пиши по групиве за миленичиња.
Се оправи. Се стопли, почна да се движи...само не јаде сега, пиеше вода. Ама добро е, како што беше. Ова ми е за поука, да не правам веќе работи со претпоставка, туку проверено.
Некој што се разбира ако може да ми каже, за маченцето гледам му излегува од анусот нешто жолтко се обратив кон ветеринар ми рече дека е пролив и му даде апче ама гледам не му поминува... Видов семки од тиква дека може да му ставаш во храната демек ќе му помогне па пробав тоа, друго нешто некој да знае што можам да направам?
Здраво, имам мачор стар година и три месеци кој е прилично немирен и понекогаш агресивен, прашањето ми е дали тоа може да е бидејќи не е кастриран и дали би било во ред да го кастрирам сега на оваа возраст?
Чим е домашна нема да и прават од оние тестови за заразни болести, тие коштаат многу, ако не е прочистена ќе и дадат апче за паразити 50 денари и 400 денари е вакцината прва.
Незнам како е мачето, се надевам добро. Мојот мачор што го чував пред неколку години, нешто слично беше повреден веројатно од автомобил дојде влечејќи се, најпрвин неможеше да стане, откако заздраве продолжи да функционира нормално само му остана клецањето со левата нога, која му беше некако малце измрдана кај кичмата.
Каде точно во Скопје можам да најдам апчиња што ја смируваат потребата за парење ? Маца секако ќе ја стерилизираме само во наредниот период немаме таква можност , па мораме вака