Лесно се одгледува BRI. Самостојни се, дисциплинирани и смирени. Немаат деструктивни навики и се интелигентни. Исто така и за grooming е лесно, затоа што имаат кратко влакно. Убава раса за во домашни услови.
Се збунив. А дало се митарат често? Затоа што ако чувам таква мачка, би сакал и на кревет да ја качам, да спијам со неа и тн.
Nemam takvo mace, ne znam so sigurnost no mislam deka ne, so ogled na toa sto imaat kratko vlakno, no epten se slatki, nema da zgresis najcute rasa def.
Стварно расата ви е битна за да ја чувате во домашни услови, да има комфорен и достоинствен живот ? Да не е осудено кучето на синџир, мачката на неконтролирано парење, студ, коли и улични кучиња? Браво.Се продуховив
Е па сега малце ми е нелогично тоа што сакаш мачка, а да не ти се митари и не знам уште што. Па било каква мачка би требало да има нормален живот, да спие на кревет итн. Ако не сакаш влакна, тогаш не земај мачка или земи си Sphynx.
Да, малку лошо го поставив прашањето. Едно мислев, друго прашав. Мислев на тоа колку се митари, многу/малку. За да знам како да бидам спремен. Иначе за митарење, знам дека се митари секоја мачка, но не знам колкав е интензитетот кај овој вид на мачка.
Интензитетот е кај сите исто,мора да го сменат влакното.Има периоди кај што ќе му излеваат цели топки,некогаш воопшто.Имаш летно и зимско менување на влакно и тоа мора да го минат.Со редовно чешлање се намалуваат влакната,но сепак паѓаат. И доколку ти е тоа најголем проблем не зимај маче ,тоа е не избежно.
Супер, поентата беше дека каква и раса да е, треба да добие еднаков и хуман третман. Се надевам ќе научиш дека мачка пушта влакна, дека мјаука, дека оди по нужда, сака игра, треба да има редовни ветеринарни прегледи, играчки, гребалки итн
Пред 5 дена ја стерилизиравме мачката, раната изгледа океј, се однесува супер, баш е мирна и сака да се игра како вообичаено. Не се сомневав во инфекција. АМА, вчера и солзеа очите и денес видов кај очите има грутки, жолтеникаво зелени како кај човек. Дали значи дека има некоја инфекција, дали е настинката, можно ли е да е пошто увек спие под клима пуштена на најјако па да и се суши окото? Многу многу сум исплашена да не е нешто поврзано со раната или општо каква било болест.
Ако има промена во расположение и одбива да јаде тогаш е од операцијата, оваа со очите не ми делува дека е поврзано со тоа. И на моите мачки им солзат очите понекогаш па им се создаваат грутчиња, нечистотија(ако на тие мислиш), ама не обрнувам внимание толку на тоа, од ладното е. Ако ти е страв од инфекција на очите, можеш да и ги измиеш со камилица.
Од што може да ми повраќа мачорот? Домашен е, не шета надвор за да може да изеде нешто, дома е хранет со храна за мачки количински исто како и секогаш. Настината сум периодов, имам грло и кашлам, можно ли е да е истото и кај него? И што да му дадам пред да го носам на ветеринар? 5, 6 пати ми поврати утрово
Да не имаш давано апче за глисти ? Нема ништо што да направиш носи го итно на вет. Ако даваш и од нашата храна може и од тоа да добие труење.
Во Богданци има ветеринар добар. Јас моето џеки го носев таму. Кога ќе влезеш во градот од страна на Дојран, одиш десно за нагоре (угорница) и после по патот ќе прашаш некој каде е точно.