Здраво девојки. За прв пат чувам маче во стан, па ми треба совет. Мачето го најдов на улица кога имаше околу еден месец, и го чувам 4 месеци. Беше болничко со проливи и повраќања цел месец па целиот тој месец го чував претежно во ходник. Ходникот е голем и има простор да си трчка и игра. Има еден куп кутии и играчки (што реално ако не се нови не ги ни погледнува). Сега повеќе од два месеци е здраво и со хигиенски навики па го пуштам и во другите соби меѓутоа само кога сум јас таму за да го пазам да не направи нешто, бидејќи цимерот не ми дозволува поинаку. Во дневната мачето мора да биде само на теписон и не смее да се качува на ништо. Прашањето ми е дали е ок што кога е само мачето е нон стоп во ходник (голем ходник во форма на буквата П, си има делови за јадење и друг дел за играње)? Дали мислите дека тоа не е добро место за маче за подолг временски период, пред се затоа што нема природна светлина? За сега не сум забележала дека мачето има проблем со тоа, ама кога ќе ја отворам вратата од дневна веднаш трча и се прикрадува внатре и радосно душка се наоколу. Дали друг некој има искуство со ограничување на движењето на маче низ куќа или стан? Ќе беше многу лесно да можев да го прашам дали е среќно и тогаш ќе знаев како понатаму
Ако прашуваш за привремено, тогаш подобро е отколку на улица нели. Ама ако планираш така да го чуваш цело време е греота, како да кажам... Ако веќе има стекнато хигиенски навики тоа нема да прави бељи ако го пуштите и во другите соби. Ќе душка, ќе скока, многу нормално, бебе е, се му е ново, интересно. Играчките криј му ги па давај му една, па друга, трета додека се скриени останатите, инаку да, им досадуваат. Браво за вдомувањето
Мојот мачор е стар 9 години. Вечерва почна да има напади, да ја губи рамнотежата и еднаш исплука крв. Се консултирав со ветеринар ми рече да му дадам млеко кисело и половина витамин ц. Сега лежи и одвреме навреме мјаука. Не можам вака да ги гледам. Дали некој знае како на друг начин да му помогнам. Утре ке го однесам на ветеринар
Дојде ветеринар дома му стави инекции и ми рече утре да го однесам крв да му земат. Ама мачоров уште не се смирува, како да има уште поголеми болки само мјаука
Дали некој може да ми објасни на каков начин му давате апче за прочистување на мачор и што треба да направам откако ќе му го дадам апчето. Досега немам давано вакво апче а мачорот ми е стар скоро 10 години
Му го даваш во храна, најубаво саламче некое, во средина стави му го да не го почувствува. После треба да го оставиш да си се искака да се прочисти, верувам имате песок чим го чувате дома. Тоа е се.
Ти благодарам. Малку ме исплаши докторот кога ми рече дека можело да се затруја од апчето дека досега воопшто не е прочистуван
Може да дојде до труење ако дадиш поголема доза од потребно .Оди подобро ветринарот да му одреде колку.
1/4 апче за глисти, во парче сирење ставено, на секој 6-8 месеци му давам, во сирење му го ставам затоа што сирењето е бело како апчето и нема да го познае, во салама знае да ми го плукне со се салама изџвакано.. Ништо не треба да правиш после тоа, ако има сега глисти и поради тоа му даваш, сега дај му 1/4, после 40 дена пак 1/4, па после 3 месеци, и после регурално на секој 6-8 месеци ќе му даваш по 1/4.
Според килажа се дава, ако е потежок мачор може да е малку една четвртина апче. Јас и го давам на мојава во влажна храна, сосема ситно издробено, на друг начин никако не го јаде.
Затоа прашав дали има сега глисти или превентивно ќе му дава, превентивно доста е 1/4 затоа што колкава може да биде мачка, 3-6 кила се..
@нина122 сигурно има што не е никогаш прочистен. Инаку и јас еднаш месечно и давам на мојата толку, ама од ко е земена редовно е прочистувана и немала до сега глисти.
Ако има глисти се дава на 3 дена терапија .Мојот примаше 2 недели апчиња за да се исчисте ,пак кажано од вет ,според килажа. Апчето го ставам директ во грло.
Прв пат во овие 9 години ќе му давам апче за прочистување има 4 кг и 300 грама. Ми рече ветеринарот половина апче на гладно да му дадам и после тоа да не јади два до три часа. Ми рече исто дека можи да добие и труење од апчето, па тоа ме плаши
3 дена по ред пиеше половина апче ,и после 7 дена пак една доза ,значи нема шанси да се отруе со 1 ама колку ќе го прочисти не сум сигурна.
Ветеринарот ми рече сега половина и за две недели пак половина апче додека да се прочисти и да му се направат анализи да се види дали од тоа што не е воопшто прочистен има напади или од нешто друго
Zavisi mojot macor ne se mitari do tolku , valkna kako nekoj shto im pakat na mojot ne nemam takov problem jas
Никако не можев да му дадам, го плукаше апчето. На ветеринар да го носев, имаат специјално машинче како шприц и дирек во грло. Ама многу се плашеше така и за да не го мачам почнав да му ставам ампула Адвокат на крзното. Таа ампула заштитува и од надворешни и од внатрешни паразити, не знам зошто не почнав порано, го измачив и него и себе, вака со ампулата на кожа ја истураш и нема гајле, не ме ни фаќа, додека спие му ја ставам. Ама малце се поскапи околу 600 денари.