Jas so shpric mu davam apce za glisti go krsham ke go isitnam ubavo malce vodicka i ke mu ja otvoram ustata i mu davam
Го голтна апчето за прочистување. Брат ми го држеше јас му ја отворив устата му го ставив во грлото и му ја држев устата затворена додека не го голтна. Колку делувало не знам бидејќи не седи дома, постојано е надвор.
Кога им почнува период на парење?Сега ли? И дали ако ѝ ставам маичка некоја за да не смрзава би ја истрпела?Станува збор за улична мачка.
Мислев моја маица, да ја скратам, да ја направам како за нејзе.Улично маче е, ама ја обожавам, душа моја е. Ама ми ја снемува на два дена, и од памет се вадам.. Ако им е сезона за парење супер ако затоа ја снемува.Нека тера кејфови
Знам дека мислиш на таква ама до сега не ми било успешно ништо такво. Сега почнуваат ,па ехе ќе ги држи и март,кога ќе го одбере мачорот и повеќе дена ќе ја нема
Мачката ја стеричизирав во понеделникот, пред 5 дена и сто пати се покајав, сакајќи да и направам добро мислам дека и наштетив. Ја лиже раната, околу раната и помодре, дојде ветеринар ја боцна и стави крагна околу вратот да не се лиже, ама со таа крагна не можеше да никако да функционира. Денес пак ќе се јавам на ветеринар, не ми се допаѓа раната. Сакав да и ставам завој ама го вади. Раната и е влажна, ве молам за совет.
Ја виде раната ветеринарот? Можно е да е помодрена од самиот засек, како модрици кај нас. За лижењето и мојата се лижеше ама ја имаше премачкано ветеринарот со нешто сиво (не знам што беше) и не успеваше многу, јас барав и да ја залепи со фластер ама рече може да е полошо ако почне со заби да вади и да грицка дури не се апсорбирани конците. Инстинкт им е да се чистат, само пази да не вади конци или да не е многу груба во лижењето или пробајте со друга помала крагна. Еве како и беше премачкана раната веднаш по стерилизација Спојлер
Најдобро стави и кутија и внатре некое кебенце за да и држи топло. Мајчките мн сакаат кутии пошто побезбедно се чуствуваат во нив . Јас на викендица имам мачки, мајката што е на цело потомство нон стоп е бремена ептен ни е плодна бремена е повторно оваа и е 5ти пат Инаку и да ја снема неколку дена, недела па може и две ќе си се врати. отидена е у болји живот
Не е домашна, една од уличните мачки што ги хранам еве веќе некое време фаќа глувци и ми го носи пред врата. Мјаука онака тажно и ја да видам што е работа, ја гледам со глушец во уста сака да влезе. Што е најгрозно, ми остава црева/ желудник. Може да фати болештини некои од нив?
Имаат мачките особено возрасни, многу јака заштита зошто тоа им е природен плен, ама не се исклучува можноста дека може да фати нешто. Ти носи поклон иначе на тој начин. Мене ливчиња од дрво ми носеше така
Добар ветеринар во Скопје за стерилизација на мачор стар 1 год и 5 месеци чуван дома?? И да не е Марин и ако знае некој цена секако. Фала ви однапред
Зошто да не е Марин? Јас баш планирав таму да ја носам мојата мачка, ама ако сте имале проблеми да барам друг?
Ако го изеде можно е да фати нешто ,ама обично мачките не ги јадат туку ги носат да се пофалат на газдата Мојот стар мачор ми носеше мали змиички
Нее. Госпожата ги јаде. Ако и затворам врата, а не ја гледам, таква тажно мјаука и слушам како крцкаат коскички. Абе ми се згади. Уште змиичка да ми донесе, јас така со фобии, па да се онесвестам
Lugje gledam se falat od nego, megjutoa mene odnosot voopshto ne mi se svigjashe. Mene mi lichi deka e lik koj e precenet i popularen i se prenameni za bogati familiii so milenichinjq od kaj shto ke mozhe da crpi pari za se i seshto. A se drugo svetosta, spasitelot i slichnite molitvi mu se na fejsbuk. Taka i dobiva pacienti. Ne za dzabe i bil prethodno izbrkan od tamu kaj shto rabotel. Imeni ,Od rentgen slika bez da ja pregleda machkata vo 2 ipol min me sovetuvashe deka treba da se uspie i deka ima 20-30% shansii da zhivee so dijafragmalnata hernija, megjutoa mozhel da proba da ja operira za 250 evra bez pritoa da ima aparat za opshta anestezija i bez garancija dali ke prezhivee. Od rakav mi iznakazha raboti shto na chovek od ulica ke mu bidat nelogichni ne pa na doktor kako mene Taka shto, kaj nego vishe nikogash. Megjudrugoto, machkata otposle beshe operirana na Veterinaren fakultet. Vo nieden moment ne spomnaa uspivanje, mali shansi za zhivot, naprotiv odlichno projde so predobar pristap, prekulturni, odlichen anesteziolog prekrasni profesori hirurzi i super studenti shto ja pazea machkata kako nivna da e.
Колку време им треба на женските мачиња да се опорават после стерилизација? Некако преплашена сум, дајте совети на што да внимавам. Знам дека ќе ми објаснат се што треба на вет, ми нагласија и по телефон ама паниката си го прави своето. Башка што подруго ми е кога ќе прочитам искуство од некој кој прошол низ истиов процес со мачето.
Фала на споделеното искуство, јас поима немав ни дека е познат, најблизу ми е, немам кола па затоа одам таму со мачето. Мене ми остави впечаток на неорганизираност и ми падна чудно како не водат евиденција. Мачето го најдов болно и одевме често и на секое одење морав да ја повторувам целата историја (ама си претпоставив дека најверојатно насекаде е така). Сега треба да се стерилизира па ќе побарам и други вет.
Јас од тогаш за што и да е си го носам на државно на ветеринарен факултет, си има книшка со вакцини и дати за апче за глисти, досие за се што е испитувани, правено, терапии и нема потреба да раскажувам. Ќе си прочита Сфатив дека приватниве ветеринари функционираат малтене исто како хуманите приватни болници, за пари