1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите за одговорите, добро е што не е необично нешто, ќе ви ги послушам советите па се надевам ќе има ефект.

    @Cherry79 стерилизирана е на 6-7 месеци, ама од мала си беше вака потемпераментна и подива и си остана така.
     
    На Cherry79 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    24.234
    Мачката што ја ранам веќе некој период го држи јазичето надвор доста често, што е работата?
     
  3. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Обично ништо, може малку да е подолго од вообичаено. Можеш и на вет да го однесеш за сигурно, ама мислам дека нема место за грижа.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dahliaa

    Dahliaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Каде во Скопје може да се најде Премил храната? Знам дека можеше да се нарача од некоја страна ама сакам да видам прво дали ќе ја јаде воопшто :D
     
  5. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Дали е опасно доколку мачката изеде глушец?
     
  6. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Не, нормално е ловци се и гадно е за нас, ама за нив не. Лошо е ако бил заболен од токсоплазмоза , па да пренесува мачето ама не верувам. Поголеми се шанси да фатите токсоплазмоза од марула отколку од маче кое изело глушец. И да се надеваме дека не изел отров глушецот, ќе настрада мачето ама тоа сигурно би знаеле уште по 6 часа. Во спротивно наздравје да му е на мачето.
     
    На Anod10 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу. Добро е мачето, се е во ред.
     
    На Cherry79 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    Со што чистите влакна од мебел и облека? Мојата е со долго и светло влакно и многу се познава на се, чистев со ролерите лепливи ама не чистат добро. Има некое поефикасно решение?
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    :D
    witch.JPG
    Нема спас, ако најдеш нешто поефикасно, те молам сподели.

    Со ролерите чистам и јас ама ич не ми се свиѓа како вадат влакна, два пати да свртам и не лепи повеќе. По мебелот поминувам со правосмукалка, со тој додатокот што е со потесно грло.
    Гледам колку можам да не ми се вртка околу облека по плакари зашто од неа најтешко се вадат, а како за инат ми се пика по сите такви места. :tmi:

    Инаку, баш гледав на Алиекспрес, има едни како модли, немам поим што се, се ставаат во перална и наводно собираат влакна од алишта. Се мислам да земам, па ќе пишам. И вакви од сликите, за собирање влакна од мебел се. Којзнае дали се ефикасни, не познавам никој што ги користел па ќе морам на слепо да земам.
    Ќе ги ставам во спојлер да не ме фати мислењево пола страница. :)
    ddd.JPG
    Capture.JPG
    ccc.JPG
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Оваа четка од третата слика ја имам и јас и само тоа спасува. Знае рачката да се скрши ама лепам и терам додека не стигне нова. Обично по две имам дома.
    И се разбира редовно чешлање на мацики.
     
    На Mishela и kristina.k им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    @Mishela штом ја нема знам дека во плакар е пикната :D
    Важи ако најдам нешто ќе пишам, сподели и ти искуство ако пробаш нешто од сликите. Ќе разгледам баш на Алиекспрес, не ми текна таму да побарам.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Ја чешлам редовно, со судни маки ама битно успеваме некако. Е после си го добиваме, ни мава шамарчиња со сета сила. И чешелот си го добива исто така. :D

    Ќе ја земам четкава, среќа ми текна да спомнам. Фала што сподели. :)

    @kristina.k ете сепак имало малку надеж. Ќе земам и од тие мечиња/мачиња за во машина, па можеби ќе функционираат барем малку и тие.
     
    На Cherry79 и kristina.k им се допаѓа ова.
  13. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Од мебел чистам со Шарк правосмукалка,има посебен додаток за тоа.Од алишта сушарата ги ваде сите влакна.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Terramr

    Terramr Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    21
    Luge imav negde procitaano za bespl sterilizacija na macki cuvav edna ulicna macka i stavam pod prozor jadenje primetiv deka dojdoa uste 5 macki od koj se 3 zenski pitomi se galat a ednata e diva jas nemozam site sama komsiite ne se zamaraat ako ostanat 3 trudni neznam kaj mi e krajot :/
     
  15. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Дали некој го има користено ова каивче против болви и крлежи кај маче? Супер цена е и пишува дека е ефикасен 8 месеца. Трае ли барем 3 месеца?
     

    Прикачени фајлови:

  16. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/angelcatssanctuary/

    Прашај на оваа страна дали знаат нешто, дали има некаде таква акција.
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.578
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Дали е точно дека ако човек земе во рака мали мачиња (на промер 2-3-4...дена стари) после мајката нема да ги прифати?
     
  18. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    Не. Ама препорачливо е да не се чепкаат малите.
     
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.578
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Има тука многу маалски мачки што ги хранам. И сеа гледам едната ќе се омаци.
    Ама ми е страв мачориве да не и ги изедат. Па се мислев да ја проберам некаде на сигурно ама она не сака да е затворена, сака надвор.
    Па и направивме дел каде ќе биде сигурна ама пуфлата не сака ни таму. Не знам каде ќе се омаци, но сигурно ќе биде во моја околина, па се мислев после да и ги преместам на сигурно. Или да не и ги чепкам?
     
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    Ќе полудам со мачево, пак има глисти фатено. Од кај може дома да фаќа? И давав секој месец апче во храна, во март на ветеринар и даде едвај со мака, утре пак ќе ја носам. Се сомнева ветеринарот дека ги плука. Утре рече комбинирани ќе и даде, па ќе видиме.
    Дали е можно да носиме ние дома ларви или болви од мачето што ни живее во влез кај комшиите и на врата го ранам? Преку врата се гледаат, немаат контакт. И јас не го допирам воопшто, агресивна е ако го намириса.
    На друг начин не знам како може да фаќа глисти ко не е излезена воопшто.
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.