1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.192
    Пол:
    Женски
    Ако ги преместиш, заедно премести ги, ама она може пак да ги премести…
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    За превенција е еднаш месечно да даваш апче, ама да се исчисти мислам дека имаше шема, на недела дена , на две недели итн... Ветеринарот би требало да ја знае шемата.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    За превенција се дава на 3м,на 1м е мнпгу брзо и тие се штетни.
    Ако има глисти се чисти по шема.
    И многу битно од кои даваш.Празимек кај моите не помагаше.
    Исто така глисти се фаќа доколку јаде месо и храна за луѓе и доколку оде на тераса.
    Апче нека даде ветринарот директно во грло ,а можеш и ти не е комплицирано.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    Комплицирано е кај мојата верувај, минатиот пат ни ветеринарот не можеше. Ние ја држевме со ракавици кожни, тој избега, од далеку со пинцетата пробуваше. Ко пирана ви е мачево вели. :D
    Каниверм и давав јас во храна, ама е многу итра само делчињата со апче не ги јаде. Вчера пробав дехинел се бркавме цел ден, после и ставив во храна пак го остави. Денес ќе и даел тој комбинирано две апчиња, ако успее. Ако не, не знам решение, подобро во инекција ако има нешто, за вакцини е мирна. (facepalm)
    На тараса излегува со нас, ама на високо сме на четврти, а месо не и давам освен ретко кога ручаме нешто и е многу упорна, готвено секако.
    Tapeworms се според слики што гледав, а тие од болва иделе, значи е лесно и од надвор ние да имаме донесено. Инаку редовно и ампула и ставам иако не сум заприметила некогаш да има болви, ама има долго густо крзно.
     
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    @Mantub мислам дека ти имаше пишувано за Адвокат ампула, па да те прашам. Ја однесе денес мм на вет пак за глисти, и дале каниверм внатрешно, плус ампулата на крзно. Како се прочистуваат внатрешните паразити со неа? Колку време ќе е прочистена сега, да не треба пак да ја носам за кратко?
    Му напишав список на мм што да праша, ама не знаев дека таква ќе и стават, а за апче му рекле по 2 и пол месеци пак.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Адвокат има две активни состојки, едната заштитува од внатрешни паразити (моксидектин), заштитува од цревни паразити и срцев црв, се упива во кожата и влегува во крвоток.
    Другата активна состојка заштитува од болви, не заштитува од крлеж.
    За крлеж или посебна ампула (има една ампула фронтлајн) можеш да и ја дадеш барем 7 дена пред или после адвокатот да се избегнат евентуални интеракции, или другата опција е коланче на вратот во летни и пролетни месеци.
    Но, адвокат (и ампула за крлежи) е сосема доволно, нема потреба од апче, адвокатот заштитува од внатрешни.
    Некои им даваат на 1 месец, и некои ветеринари препорачуваат на 1, според мене многу е, јас кај мојата имам приметено дека ништо не фаќа пред 3 месеци, па на 3 и давам.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    @Mantub фала :hug: Се чудам од кај фаќаат дома, ние носиме болви од надвор веројатно па од ларвите се прават глисти? Немам искуство, првата година и пол немаше воопшто, сега почна да фаќа. Апче и даде зошто има веќе такви ко ориз што изгледаат, tapeworms, изгледа недочистено е од минатиот пат.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ахам, е не знаев дека не е дочистено, јас мислев само за превентива.
    Ако веќе има, адвокатот не делува на tapeworm, само за превенција се користи.
    Инаку да, ние им носиме, и јас на мојата и донесов, а од дома не е излезена.
    Ама ако си редовна со адвокатот нема шанси да фаќа, ептен добри ампули се. Јас еднаш ќе и ставев, еднаш не, си викав дома е што ќе фати, ама 2 пати ми фати.
    Од кога сум редовна со адвокатот ништо, ни цревни паразити ни болви фаќа, а имавме земено маченце од надвор со болви, ништо не фати, а до него спиеше.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Да не живееш случајно на приземје или гулаби да имате во близина? Тие знаат болви да носат и ларви.
     
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    На четври сме, ама идат пилиња на тераса, имаат гнездо над терасата. Секоја година имаат јајца таму, ми е жал да ги бркам.
    На спратот под нас има маче, го раниме цела зграда, има креветче и си шета низ зграда слободно. Е сега јас не го фаќам, ама се гали од нас ко ќе се качуваме, а не е прочистено сигурно. Да му дадам и него апче и обична ампула да му ставам, може најпаметно. Само не знам килажа, помалечко е од мојата.
     
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Од пилињата е.И моите излеват само на тераса .Исто лечевме tapeworms ,па чистев се дома,хаос. Давав 1 апче 4 дена од тие големите за кучиња ,па после 7 дена специјално за мачки и после 10 пак,па пак после 1м. Не јаде наша храна ,само излева на тераса,плус беше зимски период.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Од пилињата е. На тераса можеш да ставиш Neopetroid прашок , безбеден е за животни и луѓе, нема да наштетиш на никој освен на бубачки. За мачето во влез можеш и апче за глисти и fypryst combo ампула таа е за крлежи и за болви само д аодредиш килажа.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Terramr

    Terramr Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    21
    Ako e pitoma i da go fakas nisto nema da napravi jas imam 3 dena malo go drzam samo treba da pazis kako go drzis posto se mnogu krevki :)
     
  14. Terramr

    Terramr Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    21
    Ako e ulicna ona sama si naoga mesto kade moze da gi sokrie bebinjata na sigurno koa ke porasnat moze ke ti gi donese kade sto i davas da jade barem kaj mene taka pravi ulicnata
     
  15. meksikanka

    meksikanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Мачката која ја чувам во двор кога и дојде време да ги пораѓа мачињата и наместив кутија, и постелив и ја оставив беше вечер, утрото одам да ја проверам и гледам дека е мокро и црвено, мислев дека уште не е породена само и пукнал водењакот, помина дента и ја гледам нема стомак, не раѓа па ми текна дека се породила вечерта или сабајлето, но ми беше чудно зошто мачиња немаше, проверив насекаде околу куќа но ги немаше,се прашувам дали се од неа изедени, или удавени од мачори, или таа ги преместила, но ако е така ќе оди кај нив а таа цело време беше во двор, инаку и другата мачка се породи пред нејзе, две недели, и оди кај нејзините да ги дои, ги нема нејзините, затоа така прави. Вие што мислите што се случило со нив?
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.578
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Една мачка тука си ги изеде своите ама не така брзо.

    Инаку маалскава ми се омаци. 3 душички има сега. Златната дојдр кај мене да се маци, па ја тешев додека се пораѓаше, не ми даваше да се мрднам од неа. Сега ги чува, на мене и мм ни дава да и приоѓаме, нема гајле со нас. Срциња
     
  17. meksikanka

    meksikanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    И ова заборавив да го пишам, потоа ги поделив, двете ги земав од другата мачка, ги ставив покрај нејзе, ги доеше лижеше, и наредната ден повторно ги вратила кај другите две но сега од 4 беа три, едно фалеше, еве втора ден го не
     
  18. ivanchos

    ivanchos Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    18.322
    Пол:
    Женски
    Helpp. Денес имавме царски рез и прв пат мачката прима анестезија, не знам што е нормално во однесувањето што не. Ставена ми е на рамно и на меко во кутија да не може да се повреди. Повторувачки се тресе како спазми да има, паузата измеѓу е кратка околу 10 сек. Од апликацијата на анестезијата имат поминато 8 часа. Нормално е? :(
     
  19. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Не е нормално, после анестезија обично се тетерават само, консултирајте се со ветеринарот.
     
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Како е сега мачката? Од анестезијата се тресе и мојата така се тресеше. Не ти објаснија ништо за можни реакции? Реакциите можат да поминат за 1 до 3 часа, но често се случува и за 12 до 24 часа од апликацијата. Нарушена и е координацијата и затоа треба да биде во простор кај што не може да се повреди. Ако веќе почнала по малку да јаде и пие, внимавај на рефлексот за голтање, поради спазмите.

    Во секој случај, не е лошо да се консултираш со вет, бидејќи се можни и нус појави. А особено ако ова треа подолго. Кога лежи, врти ја странично по одреден период, ради циркулацијата.

    Избегнувај да биде на светлина, стави ја во тивка просторија и внимавај на поспаност и летаргија кои траат долго. Исто на целосно изгубен апетит и дали пие вода.